Прилепчани доследни на верата, утрово ги исполнија светите храмови во градот по повод Христовото раѓање – Божик.
Христос се роди! Навистина се роди!
Новата премиерка на Финска повика да се воведе флексибилен работен распоред, кој ќе се состои од четири работни дена неделно и шест работни часа дневно.
Сана Марин, најмладата шефица на влада во светот, соопшти дека планира да ја проба иницијативата, за која таа тврди дека може да биде „следниот чекор“ во работниот живот.
34-годишната Марин раководи централно-левичарска коалиција од пет партии – сите предводени од жени.
Лидерката на Социјалдемократската партија изјави за Њу Јуроп: „Верувам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со најблиските, со своите хобија и со други аспекти на животот, како што е културата. Ова може да биде нашиот следен чекор во работниот живот“.
Во моментов вообичаената работна недела во Финска се состои од осум часа дневно, пет дена во неделата.
Од 1996 година финските работници имаат право да ја почнат или да ја завршат работата три часа порано или подоцна.
Во 2015 година Шведска пробно воведе шестчасовно работно време и откри дека вработените така се посреќни, побогати и попродуктивни.
Модерната технологија го промени начинот на живот, а недостатокот на слободно време доведува до тоа Божиќ се’ почесто да се честита со испраќање пораки преку мобилните телефони.
Не пропуштајте да им го честитате овој голем празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки.
1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Се’ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!
2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!
3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!
4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!
5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!
6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!
7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!
8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!
9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!
10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!
11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.
12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!
13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!
14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!
15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и к’смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!
Деновиве на социјалните мрежи можеме да видиме голем број фотографии и видеа кои сведочат за катacтрофалната состојба со пожapите во Австралија.
Eдна таква фотографија е и оваа од две коали, мајка и бебе, завршиле во одделот за коали во една австралиска Зоолошка градина. Коалите не биле жpтва на пожapите кои бecнеат, туку имале една поинаква cyдбина.
“Љубовта помеѓу мајката и нејзиното дете е најсилното нешто на Земјата. Мајките животни се приврзани за своите малечки на ист начин како и луѓето. Па, без разлика на животинскиот вид, мајката секогаш ќе биде мајка, подготвена да жртвува се’ за нејзините потомци да бидат секогаш добро.
Лизи и нејзиното малечко, Фантом, беа удрени од автомобил. После нecpeќата, тие брзо беа префрлени во австралиската “Zoo Wildlife” болница. За среќа, 6-месечната млада коала не претрпи никакви повреди, но неговата мајка мораше да оди на опepaциja.
За време на операцијата, нејзиното малечко не сакаше да ја напушти својата мајка и беше целосно приврзано до нејзе. Ветеринарот одлучи дека би било подобро доколку тие останат заедно, бидејќи доколку ги раздвоевме тоа би предизвикало дополнително трауматизирање.
Благодарение на докторите и на топлите прегратки на Фантом, операцијата помина добро”, информираат од Зоолошката градина.
На крајот од денешниот празничен ден кога го сумираме бројот на учесници во Бадниковите поворки низ сите 40 градови и населени места низ Македонија, каде од устите на децата радосно се пееше “Вечниот Бог”, со голем восхит можеме да констатираме дека сите очекувања се надминати – напишаа на крајот од вчерашниот ден од Здружението “Бадникови поворки”.
“Бројот на деца-учесници денеска надмина над 15 илјади со што Македонија и дефинитивно може да се пофали дека ја има највеличествената прослава на Бадник, не само на Балканот туку и пошироко.
Во деновите што следуваат, ќе ви ги полниме очите и душите со прекрасни фотографии и видео материјали од целата наша Татковина.
Во овој момент, само сакаме да ви се заблагодариме за сета изобилна љубов и радост!
За многу години! Христос се Роди!”.
Теодора Мицевска е осмооделенка во ОУ „Д-р Трифун Пановски“ од Битола која освојува со својот глас. Таа го сними и својот прв спот за песната „Вечниот Бог“ кој е снимен на неколку локации во Битола и Охрид – објави порталот “Setaliste.com.mk”.
Теодора е голем љубител на македонската изворна песна и има добиено неколку гранд при награди на интернационални фестивали.
Слушнете ја нејзината изведба на христијанската песна “Вечниот Бог” во продолжение:
Популаpните браќа од групата „Некст тајм“, Мартин и Стефан, споделија дел од празничната атмосфера во нивниот дом.
Со песната „Нешто ќе те питам бабо“ тие упатија честитка до своите oбожаватели за Бадник и Божик.
„Среќни празници, без разлика на верата да сте здрави живи спокојни и среќни сите!!!“, порачаа тие, а видеото само за неколку часа собра над 150.000 прегледи на Фејсбук.
Традиционалната Бадникова поворка се денеска се одржа и на Широк сокак во Битола. Стотици дечиња во еден глас ја пееја песната “Вечниот Бог”, а глетката е прекрасна.
Бадниковите поворки денеска се одржаа во речиси сите градови и поголеми населени места.
Во продолжение погледнете како изгледаше Бадниковата поворка во Битола:
Видео: Марјан Гаштаров