дома блог страница 2856

500 дечиња од целата држава присуствуваа на 14-от по ред Божиќен ручек во Прилеп: Настанот и оваа година предизвика љубов, насмевки и топлина (Фото)

По четиринаесетти пат во Прилеп се организираше манифестацијата “Божиќен ручек”, a организатор е “Детската Амбасада за сите деца во светот”.

Овој настан повторно на едно место собера 500 дечиња од целата држава, од различна вероисповед, деца со посебни потреби, деца без родители, деца на загинати бранители, како и истакнати деца- членови на Детската Амбасада.

Христовото раѓање и оваа година беше одбележано со богата програма и со искрени, топли, детски насмевки.

Со песната “Вечниот Бог” и со одлична кореографија, децата одново предизвикаа воздишки кај сите присутни и на најубав начин го доловија раѓањето на спасителот и неговото пристигнување на земјата.

Традиционално, Детската Амбасада го додели најпрестижното признание за општествена одговорност „Орден за носител на мирот“, кој оваа година му припадна на Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјали „Д-р Пановски“ од Скопје.

Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината Детска амбасада за сите деца во светот нагласува дека манифестацијата се одржува под мотото „Едно небо за сите деца“

-На овој Божиќен ручек што го организираме по 14-ти пат се околу 500 деца од повеќе градови од земјава: Од Скопје, Тетово, Битола, Струмица, од Крушево, Прилеп. Децата се од повеќе целни групи и поканети се и од сите верзски заедници под мотото „Едно небо за сите деца“. Пораката е да нема недоразбирње, насилство меѓу децата, да има толеранција, љубов и разбирање. Оваа година носител на Орденот на мирот што го доделува детската амбасада е фирмата „Доктор Пановски“, а плакета за пријател на децата му е доделена на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, изјави Северкоска Стојаноски.Владиката Петар, кој го благослови Божикниот ручек вели дека ако ги профатиме толернцијата, љубовта и разбирањето што ни ги даваат децата, ќе може да ги спасиме општеството и татковината.

-Децата се нашата иднина, нашата радост. И токму денеска чувствуваме дека, ако се угледаме на децата, на нивниот пример како образец на љубовта, на трпението, толеранцијата, на дружењето, може да се спаси човечкиот род, зашто никој од нас не може да се обединеме како што тоа го можат децата. Затоа да се угледаме на нив. децата ни ја праќаат пораката за обединување, да се чувствуваме како едно без разлика на возраста, на верската определба, на личните определби за до спасиме нашето општество, Татковината, па би рекол, и нашата света црква, порача владиката Петар.

(Видео) Вака се слави Божиќ во Витлеем, родниот град на Христос

Православните христијани денес го прославуваат еден од најголемите христијански празници, Христовото раѓање Божиќ.

Како и секоја година така и оваа сите погледи се вперени во Витлеем, градот во кој според Библијата е роден Исус Христос.

Божиќните церемонии се многу значајни за Витлеем, околу кој Израел подигна висок бетонски ѕид како би го оддвоил од Палестинците кои се наоѓаат на Западниот брег.

Божиќната литургија беше одржана синоѓа во црквата подигната на местото на Исусовото раѓање во присуство на палестински државници, а меѓу нив и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Денес илјадници Палестинци и православни христијани од целиот свет се собраа на плштадот пред црквата.

Тетовчани најоригинални: И оваа година Бадник под маски, а најјаки беа Боки 13 и Катица Јанева (Фото)

Во Тетово за Бадник веќе со години наназад луѓето под маски дефилираат по улиците.

Во речиси секое маало се палат бадникови огнови, се поставува посна трпеза. со години наназад маскенбалот е вистинска атракција. Тетовци живеат за овој ден.

Оваа традиција во Тетово опстојува со години и секоја нова генерација се помасовно ја прифаќа, иако речиси никој не знае од каде точно и зошто се овие чешитни обичаи.

Тетовските улици и маала и годинава за Бадник беа вистински празник за очите. Од годинешните маски ги издвојуваме оние на Боки 13 и Јелена Карлеуша, како и Катица Јанева.

Најубавиот подарок за празниците: Во оваа европска држава 70 проценти од граѓаните добија повисоки плати

Премиерката на Финска, Сана Марин, моментално една од најмладите шефови на влади во светот, во новогодишната порака порача дека силата на Финска лежи во “нејзините граѓани и нивното знаење”, напоменувајќи дека образованието игра клучна улога во успехот на оваа скандинавска држава.

Таа потсети дека со одлуките на Владата кои стапија на сила од први јануари се зголемени платите на речиси 70 проценти од Финците.

“Силата на општеството и државата не се мери со богатството на нејзините најбогати членови, туку колку најзагрозените граѓани се во состојба да се носат со предизвиците и проблемите”, вели Марин.

“Затоа секогаш треба да си го поставуваме прашањето дали секој во општеството има можност да води достоинствен живот”, додаде 34-годишната финска премиерка.

Храмот Св. Петка во Прилеп прекрасно украсен и претесен да ги собере сите верници за Божик (Фото галерија)

Празнично украсениот храм, посветен на св.преп.мчца. Параскева (Петка) Римјанка во населбата Точила во Прилеп, беше претесен да ги собере сите верници кои сакаа да присуствуваат на торжествената Божествена Литургија, на која учество зедоа членови на хоровите „Св. Петка“ и „Св. Благовештение“, како и членовите на единствениот детски црковен хор во Македонија, „Св. Петка“.

Тие придонесоа за торжественоста богослужението по повод денешниот голем христијански празник Рождество Христово – Божик.

На крајот од Светата Литургија, повеќе од стотина верници и мноштво деца, се причестија со телото и крвта Христови!

За многу години! Христос се роди!

Чаша топла вода на празен желудник прави чуда: Ги решава овие здравствени проблеми!

Уште древните Кинези знаеле дека конзумирањето на чаша топла вода на празен желудник решава многу здравствени проблеми. Пиењето на топла вода секое утро може многу да помогне, но треба да се внимава температурата да не биде поголема од 50 степени.

Во спротивно резултатите може да бидат: изгopeници во устата и грлото, пишува “Reader’s Digest”.

Резултати:

-Топлата вода помага при слабеењето: Иако поради водата не можете да ослабите, но топлата вода може да го забрза процесот на слабеење.

Нутриционистот Кара Валш тврди дека чаша топла вода со лимон го забрзува метаболизмот, а поради тоа телото ќе троши повеќе калории.

Кои се другите погодности на организмот: Toплата вода ги чисти синусите, им помага на забите, одлична е за варење на храната, го чисти организмот од токсини, ја подобрува циркулацијата, ги намалува болkиTe…

Протоереј Љупче Петрески: “Рождеството Христово го претставува Божјото обраќање кон човекот”

(Пишува Протоереј Љупче Петрески)

“РАЃАЊЕТО НА БЕЗДОМНИКОТ ВО НАШИТЕ ДОМОВИ

Браќа и сестри во Христа!

Верни Македонци и мои прилепчани,

драги иселеници, физички распрснати по целиот свет а духовно присутни во своите огништа во родната грутка, Божик е вториот најрадосен христијански празник. Рождеството Христово донесува радост, каква што на овој свет му недостасува. И не само радост! Кога се родил Богомладенецот, ангелите пееле:„На земјата мир, а меѓу луѓето добра волја“!

Божик, драги мои Македонци, го претставува Божјото обраќање кон човекот. Преку рождеството на Синот, Бог иницирал дијалог со човекот. Која била причината за таквиот Божји чин? Одговорот е едноставен: ЉУБОВ, ЉУБОВ и само ЉУБОВ према секој човек!

Драги мои, Рождеството Христово, покрај радосниот белег, го носи и белегот на семеен празник. Македонскиот народ вели: Каде и да си, за Бадник и Божик, дома да си! И тоа што семејствата го прославуваат Божик како семеен празник има свој темел во суштината на самиот празник, во суштината на Раѓањето Христово: Бог дојде во големото човечко семејство и во малото, Свето семејство. Раѓањето на Бездомникот се слави во секој дом!

Божикната рождествена светлина да Ви исплете благослов и дар од љубов, мир и добро здравје. Во Вашите домови да влезе Богомладенецот и да ги благослови Вашите семејства. Божикната радост и светлина да ги осенат и оние кои се во болниците, старските домови, во затворите …

Со овие мисли на сите Ви посакувам среќен Божик!

ХРИСТОС СЕ РОДИ! За многу години МАКЕДОНЦИ!”.

Македонските ракометари во пресрет на ЕП во црква и на Божиќен ручек во Љубљана (ФОТО)

Денеска по повод Христовото раѓање – Божиќ, Македонската репрезентација ја посети црквата Св. Климент Охридски во Љубљана каде беше пречекана од голем број Македонци, а потоа ракометарите продолжија на организиран Божиќен ручек – информираат од Ракометната Федерација на Македонија.

Три килограми за три дена: Светот полуде по диетата со мандарини!

На љубителите на мандарини би можела да им се допадне исхраната во која ова овошје го има главниот збор, а која наводна дава одлични резултати кога е во прашање губењето на вишокот килограми.

Познато е дека цитрусите добро влијаат на дигестивниот трак на човекот, а во таа група намирници особено се истакнуваат мандарините.

Во 100 грама мандарини се содржат околу 50 калории, но и импресивни 30 милиграма витамин Ц. Исто така, содржат фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамините Б1, Б2 и Б3, а богати се и со влакна.

Освен што истражувањата покажуваат дека редовната консумација на мандарини помага во превенцијата од срцев удар, дијабетес, мозочен удар, етеричните масла што се добиваат од кората на мандарините се користат за опуштање, како и за борба со несоница.

Интересно е што мандарините можат да го прочистат организмот од токсини и да ви помогнат да симнете по некој килограм.

Затоа е сè популарна диетата со мандарини, односно тридневната детоксикација при која потребно е да се придржувате на оваа мени.

Прв ден
Појадок: два децилитра сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини, 2 варени јајца кафе или чај без шеќер
Ручек: 5 мандарини, 250 грама сезонска салата со лимонов сок, кафе и чај
Вечера: 150 грама варено немасно месо, 200 грама зелена салата со сок од лимон, чај со мед

Втор ден
Појадок: два децилитра сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини, две варени јајца, кафе или чај без шеќер.
Ручек: 5 мандарини, 50 грама полномасно сирење
Вечера: 200 грама риба, зелена салата

Трет ден
Појадок: 5 цели мандарини, две лажици овесни снегулки измешани со една лажица суво грозје, кафе со засладувач
Ручек: 5 мандарини, 1 шолја бистра или супа од зеленчук, неколку крекери
Вечера: 200 грама пилешко, зелена салата

Во текот на траењето на оваа диета важно е да пиете минимум два литра вода, пишува BetterMe.

Божиќни традиции и обичаи кои децата во Прилеп во минатото со нетрпение ги очекувале, а денеска се заборавени

Прославата на Христовото раѓање пред шест децении.

Традиција беше децата да ловат врапчиња кои им се сервираа на првиот ден од Божиќ.

Долга традиција е славењето на Божиќ. Во комунистичкиот режим малку замрело одбележувањето на Христовото раѓање, но адетите се одржувале со бадникови гранки посна трпеза пред Божик и ручек од печена кокошка за Денот во свечена семејна атмосфера, покрај неофицијалното ембарго на власта.

Пензионерот Методија Николоски – Мучакот е на возраст од 74 години. Некогашниот рекордер во крводарителство јасно се сеќава дека пред шеесетина години на божиќната софра мајка му им поставувала варени врапчиња што децата сами ги ловеле на капан. Жали што младите генерации не ги одржуваат обичаите на предците.

-Ловењето беше детски ритуал. Родителите нé не спречуваа. Пред Божиќ, децата се организиравме да ловиме врапчиња. На снегот фрлавме трошки од леб, а над нив корито или сито потпрено со стапче, кое беше врзано со долг конец. Кога врапчето ќе дојдеше по лебот, го тргавме конецот оддалеку и врапчето остануваше заробено под коритото. Потоа ги кубевме со врела вода, а мајка ми ќе ги свари и ќе ги стави во сало да ги послужи на богатата трпеза на првиот ден на Божиќ – вели Николоски.

Тој додава дека Божиќ бил семеен празник кога се собирале сите членови од семејството.

-Татко ми беше арабаџија. Со коњот и колата нé одгледа и изучи шест деца. Не оставеше да не донесе кокошка или петел да се испече за Божик.

Атмосферата на славје се збогатуваше со аранжмани на дабови исушени гранки со ливчиња на влезната врата и на трпезата.

Покрај богатото разновидно јадење, мајка ми ни послужуваше врапчињата колку да пробаме нешто што сами сме го ,,спечалиле,, – памети Николоски.

Пензионерот жали по тие добри времиња следени со сета сиромаштија, зашто меѓу луѓето не владееле омраза, завист или зло. Ги красела скромност. Сите биле задоволни со малку. И благопријатно расположени со тоа што им го дал Господ. Секој ја бркал работата, главно околу пеглањето на тутунот.

-Сега луѓето се исчуручија. Се запалија по богатства и не гледаат ни семејна топлина, ни здравје, ниту роднини или пријатели. Интересите им се светост, дури и пред семејството. Сé прават, само да дојдат до пари. Не се вртат на прилепскиот намус, газат на сопствената чест и достоинство и цапаат на пријателства создавани со години. Дојде некое друго време во кое не можеме да се соземеме, туку само се вџашуваме и се чудиме. Не се почитува ниту ниту вера, ни црква… Без исав се граба туѓо, иако, додуша на малкумина, им се претура. На прсти се бројат оние кои даруваат од милосрдие. Тек-тук, понегде се негуваат традиционалните вредности. Некои кинисале само по црквите, небаре ќе се исперат од гревовите. Верата бара чисти луѓе кои си помагаат. Некогаш се делеше од сопствената уста да им се даде на сиромашите кои сол немаат да си фрлат. Се одеше на припомош на калапење тутун зиме. Сега луѓето како да си копаат гроб еден на друг. Ја превртеа поговорката. Велат – ,,да умри комшијата, да му ја земам козата,, – вели Николоски.

Како и да е, хуманиот човек што речиси стопати ја подал раката да дарува крв и за што добил многу признанија, е среќен што барем малку останало од градскиот намус, што се вели, колку за мерудија и семе да се фрли за дел од идните генерации.

Тој верува дека моралните вредности ќе извојуваат победа над алчноста, аздисаноста и безграничната амбициозност.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”