По повод Бадник денеска во Прилеп по 6-ти пат се одржа Бадниковата поворка. Дечињата носејќи ја макетата на пештерата во која се родил Исус Христос тргнаа од црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ се прошетаа низ чаршијата и прилепскиите улици.
Како и изминатите две години и оваа, коледарчињата не ја посетија општина Прилеп и не добија подароци, нешто што беше традиција во изминатите години.
Прилепчани паметат дека 200 деца од Бадниковата поворка ниту ланската година не беа примени во општината со изговор дека “Традицијата треба да се култивира, а не да се примитивизира”.
Православните христијани во Витлеем, библискиот град на Западниот брег во кој се родил Христос, се подготвуваат за утрешниот радосен ден.
“И покрај ограничувањата во Израел, Витлеем се подготвува да го слави Божиќ со радост и среќа”, изјави портпаролот на министерството за туризам Џерјес Кумсијех за агенцијата Анадолија.
Кога на една раскрсница, сообраќајот се регулира со семафори, возачите не мора да размислуваат кој има првенство на минување и кого мора да пропуштат пред да тргнат – светлосните сигнали го прават тоа наместо нив.
Меѓутоа, кога на една раскрсница се наоѓаат сообраќајни знаци, тоа може да доведе до проблеми па дури и до сообраќајни нес*еќи бидејќи возачите ретко ги познаваат правилата (или пак не ги почитуваат).
Токму една таква раскрсница доведе до расправа на социјалните мрежи.
Како што се гледа на сликата, на раскрсницата се наоѓаат камион, автомобил и автобус. Пред камионот стои знак на првенствено минување и тој треба да сврти лево. Пред автомобилот стои знак СТОП и тој треба да сврти десно, додека пред автобусот стои знак за крстосување со пат со првенство на минување и тој треба да продолжи право.
“Автобусот го задржува правецот на движење. Доколку камионот врти десно, тогаш би се движел по пат со првенствено минување. Кој стои пред СТОП знак тргнува последен”.
“Знаците за условно запирање и СТОП знаците имаат иста важност. Луѓето ги*ат поради ваквите глупави одговори”, се само дел од коментарите под сликата.
Дали вие го знаете редоследот по кој треба да се движат возилата?
Во Крушево се одржа настанот „Дева“ кој традиционално се празнува на ден пред Бадник, а овогодинешниот настан беше досега најпосетениот.
Црвените ѕвезди и традициналните песни се она што го одбележуваат овој настан, а во градскиот парк во Крушево се одржа и Божиќен базар со традиционални јадења и различни изработки на здружението „Крушевска жена“ и многу граѓани.
Настанот годинава се одржува по 7-ми пат, а е во организација на СОУ „Наум Наумоски – Борче“ и Локалниот Младински Совет со поддршка на Православната црква и Општина Крушево.
Погледнете го прекрасното видео од настанот кое е дело на Зоран Пилоски од “Фан продукција”:
Во најрадосно исчекување на утрешните Бадникови поворки и во пресрет на Празникот на светлото Христово Раѓање, време е да ви ги растрепериме душите. Време е да го исполниме ветувањето и да ви ја подариме најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” овој пат посветена на возрасните. Искрено се надеваме дека тие, гледајќи го спотот, навистина ќе посакаат да ја прифатат возобновата на древните божикни традиции со кои побожно се славело Рождеството Христово – напишаа под видеото за најновата возобновена Божиќна песна од Здружението “Бадникови поворки”.
Во оваа пригода, дозволете ни да изразиме и бескрајна благодарност до Бигорскиот манастир со чиј благослов и соработка го изработивме овој и сите претходни проекти, како и до маестро Владимир Димовски за аранжманот на музиката; до оркестарот музичари: виолина – Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли – Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; виолончело – Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; контрабас – Митко Иванов; кларинет – Петар Христов, канон – Тимко Чичаковски; харфа: Симона Богоевска. Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ.
Режијата, монтажата и продукцијата на видео записот беа во рацете на Даниел Јовески; песната е во изведба на Вера Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а е снимена во студио „Фаме’с“, микс – Игор Василев и едит – Теодора Арсовска. До сите нив неизмерна благодарност, почит и љубов.
Во севкупното остварување на овој проект учествуваа над 80 души, меѓу кои и познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски. Прекрасната костимографија ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски.
Освен на сите гореспоменати учесници, кои несебично и со многу љубов се вложија во ова дело, би сакале најтопло да им се заблагодариме и на многубројните помагатели: Владимир Анастасов, „Ноа бар“, Општина Охрид, Музеј на град Охрид, МВР Скопје, СВР Охрид, Пекарница „Жито Леб“, хотел „Нова Ривиера“ со директорот Јане Тодоровски.
Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.
Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.
Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.
Суви пиперки со грав / сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.
Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.
Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.
Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.
Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.
Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.
Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.
Во Тетово се одржа традиционалната Бадникова поворка, а и оваа година биле присутни голем број дечиња кои ја носат радосната вест за Христовото раѓање.
Од навивачката група “Војводи” зедоја активно учество на поворката и со свој штанд со колачиња ги израдуваа најмалите.
Поворката започна од црквата “Св. Кирил и Методиј” и се движеше низ улиците во градот.
Како се празнуваше Христовото раѓање минатата година во Бигорскиот манастир
Погледнете го видеото од радосниот пречек на Христовото раѓање минатата година во манастирот Св.Јован Бигорски, заедно со сестринството и естрадните уметници кои заедно ја пееја Божикната песна „Небо и Земја“.
Горивата пред Нова Година поскапеа од половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28 отсто.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за еден денар по литар и ќе изнесува 68,5 денари. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар по литар и сега ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 70,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 63, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,904 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,243 денари.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат
зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 1,68 отсто и за околу 1,01 отсто кај дизелот, како и за 0,44 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.