дома блог страница 2849

Утрово пykaње во Прилеп: Пронајдени се две тела

Утрово пykaње во Прилеп, пренесува „Скопје1.мк“

Во семејна куќа пронајдени се две mpTви тела. Се работи за две жени од кои едната неофицијално е сопруга на убиецот.

Неофицијално повpeдено е уште едно машко лице кое сеуште се бори за живот.

Наскоро повеќе детали.

Сончево но студено утро: Најстудено е во Берово и Скопје, десет сантиметри снег во Маврово

Утрово е најстудено во Берово и Скопје, минус пет степени, а максимални три степени се измерени во Крушево.

Според УХМР, -4 е во Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица, -3 е во Штип и Гевгелија, -2 во Скопје (Зајчев Рид), Куманово, Прилеп и Маврови Анови, -1 во Охрид и Крива Паланка, 0 во Дојран и Претор, а еден степен е во Виница и Лазарополе.

Висината на снежната покривка е 10 сантиметри во Маврови Анови и четири на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. На пониските места ќе има услови за локален слаб дожд, а на повисокте места и на планините со слаб локален снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степена.

Видео: “Ви честитам МАКЕДОНИЈА”, кажа австрискиот коментатор и ја поздрави ФАЛАНГАТА!

Македонија триумфираше на првиот натпревар од Европското првенство против Украина со 26:25.

Во драматичен финиш, натпреварот во ппследна секунда го реши капитенот Кире Лазаров за први бодови во групата Б.

Митревски на голот имаше 15 одбрани, а одлични беа и Стоилов, Талески, Кузамановски, Манасков и Георгиевски.

Австрискиот официјален коментатор на крајот од натпреварот рече: “Ви честитам Македонија” и ја пофали македонската Фаланга која броеше над 3.000 во арената во Виена.

Лазаров национален херој: Капитенот во последна секунда ја реши Украина (Видео)

Македонија минимално ја порази Украина со 26:25 (13:10 на полувремето) на првиот натпревар од Европското првенство.

Херој на нашата репрезентација е капитенот Кире Лазаров кој со удар од далечина, буквално во последната секунда го реши победникот.

Македонија го контролираше целиот натпревар, но проблемите стигнаа во последните десет минути кога Украинците ја анулираа предноста и стигнаа до изедначување.

Одличен и со сигурност играч на натпреварот беше Никола Митревски кој имаше 15 одбрани на нашиот гол.

Следниот натпревар нашите момци го играат во недела против Чешка, со почеток од 16:30часот.

Македонија победнички на полувремето против Украина: Фалангата ветер во грб на нашите јунаци (Фото)

Македонската ракометна репрезентација води на полувремето против Украина 13:10.

Во нашиот состав најефикасен капитенот Лазаров со 4 погодоци, а по 2 постигнаа Стоилов, Талески и Георгиевски.

Одличен на голот е Никола Митревски .

Виена поцрвене од “Фалангата”, грми Никогаш северна, само Македонија

Според информациите над 3.000 Македонци вечерва ја бодрат нашата репрезентација во првиот дуел на Европското првенство против Украина.

Од трибините се слуша “Никогаш северна, само Македонија”. Македонските фанови и цела Македонија очекуваат пожртвувана игра и сигурна победа.

(Фото) Најверниот навивач на Стојанче Стоилов: До сега нема пропуштено утакмица, го следи секој негов натпревар

Стојанче Стоилов кој е еден од најважните македонски играчи во тимот на Данило Брестовац, има еден навивач кој секогаш го следи, и на клупски и на репрезентативен план.

Со шал „МАКЕДОНИЈА“ , Климент Стоилов, такото на Стојанче, секогаш присутен на натпреварите на репрезентацијата.

Препознатлив лик, гласен навивач и поддржувач на македонската репрезентација, сака победа против Украина, сигурни сме дека Стојанче ќе му ја испони жебата!

Извор: infomax.mk

ЕХФ анализа за натпреварот Македонија- Украина

– Двете репрезентации се сретнуваат по петти пат во натпреварувањата, но за прв пат на Европско првенство. Двете репрезентации имаат по една победа, а останатите натпревари завршиле нерешено- вклучувајќи ја и последната среба која завршила со резултат 27-27 на квалификациите за Европското првенство во 2018 година. Овој натпревар се одигра во јуни 2017 година.

– Македонија го има своето петто последователно појавување на Европски првенства. Во 2018 година Македонија заврши на 11-то место, додека пак Украина за последен пат на Европско првенство учестувала во 2010 година во Аврсија, каде завршила на 16-то место.

– Ова ќе биде прв натпревар на Европско првенство како селектор на Данило Брестовац, откако беше назначен на чело на тимот во Март 2019 година.

Грми македонската фан зона во Виена: Вака изгледа “окyпациjaта” на фалангата (Видео)

Македонската фан зона во Виена исполнета до последно место. Со македонски песни и во одлична атмосфера се чека првиот натпревар на Македонија на Европското првенство.

Погледнете:

Кој ако не своите: Германски новинар доби нокayт додека известуваше од Европското првенство (Видео)

Новинар на популарната германска телевизија „ЗДФ“ известуваше од покрај теренот додека во тек беше загревањето на репрезентацијата на „панцирите“.

За несреќа на репортерот, една од топките со голема сила го удри по главата, а за среќа не му остави некои последици, па новинарот продолжи со водењето на отворената програма.