Eве колкава премија ќе добијат ракометарите ако стигнат до квалификации за олимпијада и прво место во групата

Македонската машка ракометна репрезентација може да подели до 70.000 евра, колку што е максималната премија за Европското првенство 2020 договорена со Ракометната федерација на Македонија.

Наградата за пласман во вториот круг на шампионатот е 30.000 евра, а ако тоа се оствари со освојување на првото место во групата Б ќе се поделат дополнителни 10.000 евра.

Пласман во квалификациите за Олимписките игри 2020 во Токио, пак, носи бонус од 30.000 евра.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац стартуваат против Украина вечерва од 20:30 часот, задутре ќе играат со Чешка, а на 14 јануари и со соорганизаторот Австрија.

Двете првопласирани селекции од групата продолжуваат во групата 1 од главната фаза во Виена, каде што ќе вкрстат со двете најдобри од групите А (Хрватска, Белорусија, Србија и Црна Гора) и Ц (Германија, Шпанија, Летонија и Холандија).

Настап на трите турнири од квалификациите за ОИ од 17 до 19 април имаат обезбедено Норвешка, Шпанија, Франција, Хрватска, Германија и Шведска, а Европа ќе даде уште два учесника од селекциите на тековното ЕП, зависно од пласманот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.