дома блог страница 2842

Голем протест на увозвниците на возила пред Царинската управа

Интегрален текст од соопштението на Здружението на увозници на возила

Денес пред царинската управа се собравме со една цел, да се намали сумата за царина или Цо2 данок. Ова е неиздржливо давачките се покачени тродупло кај одредени возила. Ние како увозници со фирми не бевме ни прашани за мислење околу законот. Многуима од нас имаат вложено сериозни суми во оваа работа. Купување на плацеви, возила за транспорт, инвентари, машини и што се уште не.

Имаме по 2,па и до 10 врабоетни минимум во секоја фирма кои егзитенцијата ја вадат од оваа работа. Ако продожи овој закон може само да го распорадеме сегашиот лагер на возила и да ставиме клуч на нашите фирми. И ние како граѓани на оваа држава сакаме да дишеме чист воздух, не сакаме да увезуваме стари возила од 20 години, туку сакаме да увезуваме возила кои се стари по 10 години или во превод Евро5 и Евро6 стандардо и бараме да се укине ЦО2 данокот за нив и да се намали акцизата на овие возила за да може едно нормално македонско семејство да си дозволи возило од овој тип.

Нека не ве залажуваат дека поновите возила ке поевтинат и тие се мета на овие енормно зголемени давачки исто колку и постарите евро4 возила. Ќе земеме за пример најпопуларното возило кај на VW Golf 6 кое е Eвро5 стандард(еколошки прифатливо за цела европа) царината е покачена за цели 500-600 евра. Единствено ослободени од давачки се целосно електричните возила кои и онака чинат 100000 евра и се надвор од домет на македонскиот граѓанин. Ќе ви кажат и дека возилата над 31000 евра била намалена давачата, па добро запрашајте се колку луѓе во Македонија можат да си дозволат ваков автомобил. Државниот буџет имаше и има поголема корист да остане стариот закон бидејќи само лани се увезени 40000 возила,оваа година со овие давачки таа бројка нема да надмине 10000 возила.

Со оваа зголемена давачка едиствено нешто што ке придонесе е да се возат старите возила кои и онака загадуваат 3 пати повеќе од поновите кои ние би можеле да ги донесеме на пазарот. Ова е мерка за полнење на буџетот на царинската управа,а празнење на џебот на Македонскиот граѓанин. Нашиот предлог-решение ќе придонесе и до поголем број на еколошки возила и поголем буџет на државата.

Иџе одново го развиори македонското знаме: Од државата не добива доволно поддршка, но ја претставува со цело срце и душа (Фото)

Шампионот повторно ја направи горда Македонија.

Игор Стефановски-Иџе со своите огромни успеси го покорува светот веејќи го македонското знаме на пиедесталот.

Mинатиот месец накедонскиот натпреварувач во автомобилски трки и европски шампион на ридски патеки, ја обвини Агенцијата за млади и спорт АМС за неспортски потези, бидејќи не добил ниту денар од редовните средства од буџетот.

Kaпитенот со емотивна порака после натпреварот со Австрија: “Им се извинувам на сите присутни овде во Виена и на сите наши Македонци кои ни даваа поддршка”

„Треба со ладна глава да се изанализира мечот, сега не е време и место да се каже што било. Одигравме под ниво, со многу грешки и тоа беше пресудно. Морам да признаам и не изненадија со 5 плус 1. Лесно да се види каде беше грешката, разочарани сме, очекувавме многу повеќе. Но тоа е спортот, Австрија беше мотивирана, на домашен терен е“, рече капитенот Лазаров по мечот, заблагодарувајќи им се на сите присутни, но и за поддршката на сите.

„Останавме должни, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас, па и за македонскиот ракомет. Им се извинувам на сите присутни овде во Виена и на сите наши Македонци кои ни ја даваа поддршката“, додаде Лазаров.

Нашиот капитен првенството го заврши со 22 постигнати погодоци.

(Видео) Ова е хит: Русите споделија видео на кое Путин и Буш заедно се забавуваат

Кремљ продолжува да објавува архивски снимки по повод 20 години од доаѓањето на претседателот Владимир Путин на власт.

На една навистина феноменална снимка од 2008 година, може да се види како Путин и поранешниот американски претседател Џорџ Буш играат на традиционална музика во Сочи.

Буш го посетил Сочи откако претходно се обидувал да ги охрабри Грузија и Украина да се придружат на НАТО самитот во 2008 година.

Кога тие двајца за прв пат се запознаа во 2001 година, Буш изјави дека ја разбира “душата на Путин”. Путин потоа го посети американскиот претседател на неговиот имот во Тексас.

(ФОТО) Прекрасно! Ова е најмалиот припадник на македонската фаланга во Виена

Maкедонската фаланга се подготвува за последниот натпревар на Македонија во групната фаза на Европското првенство.

За нас дуелот против домаќинот Австрија е да се биде или не!

Потребна ни е победа од 2 гола разлика за сигурен пласман во следната фаза.

Нашиот дописник од Виена ни испрати фотографии од најмладиот припадник на фалангата кој е “вoopyжан” со реквизити за натпреварот кој започнува од 18:15 часот.

Чулев: Спасовски очајно се обидува низ некаква премиерска “величина“ која му ја додели Заев да ги скрие xaoсот и безpeдието кои ги остави зад себе

Целата работа околу начинот и условите на користење на службените возила на МВР се сведува на фактот што истите беа несоодветно и непрофесионално користени. Тоа е имот кој им припаѓа на граѓаните и треба да им служи на граѓаните, а не за приватни и било какви партиски потреби. Зад целата прашина околу овој случај се надзира потребата да се проблематизираат изборите, и нивното оддржување, нешто што јас нема да го дозволам со сиот мој капацитет и капацитетот на институцијата со која раководам, порачува Наќе Чулев, министер за внатрешни работи во техничката Влада.

Паричката од Василица треба да се чува на посебно место за да донесе среќа и бериќет

На Василица се кpши леб или пита со паричка, која се верува дека носи среќа и бериќет.

Важно е ако ви се падне паричката каде ќе ја чувате. Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака.

Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година.

Иако многумина ја чуваат во паричник или некој предмет, таа треба да стои до икона.

Стоилов пред денешниот натпревар: Со победа да ја израдуваме целата нација

Во пресрет на денешниот натпревар со ко-домаќинот на Европското првенство, во таборот на македонската ракометна репрезентација владее оптимизам дека може да се постигне позитивен резултат. Пивотменот Стојанче Стоилов верува во победа и пласман во втората фаза на шампионатот.

–Посакувам со победа да ја израдуваме целата нација. Освен што се домаќини, Австријците со ништо друго не ме плашат. Секако дека имаат квалитетни играчи, но ние можеме да ги сопреме нивните шутери. Посакувам помладите да бидат похрабри и да се прикажат во вистинско светло. Мотив не ни недостасува и верувам во успех на крајот, изјави Стоилов на денешната прес-конференција.

На македонската репрезентација за сигурен пласман и е потребна победа. Почетокот на натпреварот во „Штадхале“ во Виена е во 18 часот и 15 минути.

(Видео) Попот рече во нашата земја, а присутните возвратија: “Maкедонија попе!”

На помен на кој за македонските бранители зборува поп на Македонската православна црква се случува интересна ситуација во која реакцијата кон свештеникот е едногласна и многу прецизна.

Откако попот во својата порака им оддава почест на бранителите и вели дека тие загинале за “нашата независна држава” присутните членови на македонски патриотски организации реагираат во еден глас.

Реакцијата во видеото:

Извор: “Експрес.мк”

Прилепските прочкари учествуваат на карневалот “Странчинарски игри” во Мокриево (Фото)

Прилепското Здружение “Прилепски прочкари” денеска учестува на карневалот “Странчинарски игри” во с. Мокриево во општина Ново Село, струмичко.

Членовите на здружението ќе се претстават со маската “Прилепски жетвари”, a како и на секој карневал прилепчаните имаат подготвено групна маска, кореографија и игра.

Секоја година за Василица во ова место се собираат стотици граѓани, но и учесници на Странчинарските игри од цела Македонија.

Странчинарите всушност биле заштитници на народот. Василица бил денот кога со звукот на “џангараците” и страшните маски се истеруваат злите духови и се собира храна за сиромашните.

Здружението “Прилепски прочкари” го претставува Прилеп и нашата држава на голем број маскембали и надвор од границите, а досега имаат освоено и голем број награди и признанија.