(Видео) Ова е хит: Русите споделија видео на кое Путин и Буш заедно се забавуваат

Кремљ продолжува да објавува архивски снимки по повод 20 години од доаѓањето на претседателот Владимир Путин на власт.

На една навистина феноменална снимка од 2008 година, може да се види како Путин и поранешниот американски претседател Џорџ Буш играат на традиционална музика во Сочи.

Буш го посетил Сочи откако претходно се обидувал да ги охрабри Грузија и Украина да се придружат на НАТО самитот во 2008 година.

Кога тие двајца за прв пат се запознаа во 2001 година, Буш изјави дека ја разбира “душата на Путин”. Путин потоа го посети американскиот претседател на неговиот имот во Тексас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.