дома блог страница 2843

“Нема да бидам крал, можам да правам што сакам”: Поранешен телохранител на принцезата Дајана го откри разговорот меѓу Хари и Вилијам

Поранешниот телохранител на принцезата Дајана, Кен Варф, се присетил како го слушал 4-годишниот принц Хари кој му велел на својот брат Влијам дека може да прави што сака затоа што никогаш нема да биде крал.

Тој раскажал што всушност се случило пред 30 години додека семејството патувало на викенд. Имено, принцот Хари и неговиот брат Вилијам се расправале и препирале за време на патот.

„Се сеќавам на моментот кога Хари како 4-годишно дете патуваше секој викенд. Тој и неговиот брат имаа кавга на задното седиште од автомобилот.

И на крајот Хари рече: „Еден ден ти ќе бидеш крал, а јас нема. Така што можам да правам што сакам“. Според она што го кажал Варф, Дајана рекла: „Од каде му е сега ова по ѓаволите?“

Реченицата на Хари наговестувале сложена врска меѓу браќата, која со текот на времето станала напната.

„Морате да запаметите дека тој е еден од најпопуларните членови на кралското семејство. Сите ја гледавме свадбата во Виндзор и сите рековме дека тоа е иднината на монархијата. И сега одеднаш сето тоа се распаѓа“.

(Фото) Непознат маж одел во училиштето и ги прашувал девојчињата дали сакаат да ги носи во ресторан

Родителите на учениците во општинското училиште Обединети нации во Србија се вознемирени по дознавањето дека во училиштето се појавувал непознат маж кој им приоѓал на девојчињата и му нудел после часовите да ги води во Мекдоналдс.

– Четири девојчиња од четврто одделени седеле на клупите, кога им се приближил непознат човек и ги прашал како се викаат, а потоа се понудил да ги одведе во “Мек”?! Им рекол ако не сакаат денес, тогаш ќе дојде утре повторно да ги праша- раскажал вознемирен родител за српски Курир.

(Видео) “Една е Македонија”: Македонски капетан со целиот тим во бродот од Пацификот со поддршка за македонските ракометари

На видеото кое е снимено на брод пловејќи по Пацификот се гледа и слуша како странци извикуваат дека „Ние сме Македонија“ и дека „Една е Македонија“.

Поддршка за македонските ракометари од Пацификот. Интересно видео се појави на социјалните мрежи по повод вечерашниот меч на македонската ракометна репрезентација со домаќинот Австрија.

На видеото кое е снимено на брод пловејќи по Пацификот се гледа и слуша како странци извикуваат дека „Ние сме Македонија“ и дека „Една е Македонија“.

Инаку капетанот на бродот според нашите информации е токму Македонец кој е и иницијатор на ова интересно видео во кое се дава поддршка за Македонија.

Проверете дали сте дебели: Табела која ја покажува идеалната тежина според вашата висина

Ова е само табела која од прилика ја наведува нормалната тежина зависно од висината. Но, не заборавајте дека мускулното ткиво е потешко отколку истата количина масно ткиво.

Генерално, телесната тежина не е најдобар метод за одредување на вашето здравје.

Одредувањето на телесните маснотии (од стручно лице- лекар или тренер) ја дава вистинската слика на вашиот организам.

Како се користи оваа табела? Пронајдете ја вашата висина во сантиметри и прочитајте го распонот на идеална тежина.

Браво Македонијо! Собрани 100.000 евра за малата Анастасија

Средствата во висина од 100.000 евра потребни за лekyвaњe на малата Анастасија Ризова од Пирава се собрани, потврдија нејзините родители.

Средствата се собрани во релативно краток временски период се дополнителна надеж за успешно лekyвање на малата Анастасија во клиниката во Турција.

Нејзините родители на Фејсбук им се заблагодарија на сите хумани луѓе кои донираа и им овозможија да се борат за животот на нивното дете.

Анастасија бoлeдyва од тешка фopма на тyмop, од што еднаш беше опepиpaна во Скопје. Собраните средства од хуманитарната акција ќе се искористат за нејзино лekyвање во клиника во Турција.

Временска прогноза до крајот на зимата: Тоа што ќе го нема во јануари и февруари ќе го има во март

Оваа година веројатно нема да имаме зима, барем ако може да им се верува на долгорочните прогнози. Најавите на синоптичарите се дека температурите ќе бидат над просекот а врнежи од снег на пониските места воопшто и нема да има. Температурите, барем во Скопје, ретко ќе одат пониско од минус 5 степени а во текот на денот често ќе имаме температури околу 7 до 8 степени.

Во поглед на врнежите, она што остана од јануари ќе помине во релативно влажно време. Речи си секоја недела ќе има услови за врнежи од дожд кои можеби ќе прејдат кон снег, но тоа нема да креира никаква снежна покривка.

Вакви услови според долгорочните прогнози ќе има кон крајот на овој месец. Некои поголеми промени нема да има ни во првата половина од февруари.

Разликата е што некаде кон средината на месецот дневните температури може да достигнат и двоцифрена вредност а од време на време ќе го гледаме и сонцето.

Во поглед на врнежите во првата половина на февруари не се очекува некоја поголема влажност но во последните две недели ќе има услови за послаби врнежи од дожд кои на некои места може да преминат во слаби снежни врнежи.

Се она што не го видовме во јануари и февруари ќе има услови да го видиме во март. За овој месец долгорочните прогнози покажуваат зголемена влажност со услови за поинтензивни врнежи од снег кои нема да може да се задржат поради високите дневни температури кои во одредени денови од март ќе доаѓаат и до 15 степени.

Со тоа, врнежите од снег ќе преминуваат во дожд па се очекува да врне речи си повеќе од половина месец.

Сепак, треба да се има предвид дека долгорочните прогнози не даваат секогаш прецизни информации и треба да служат само како насока за оние кои што нешто планираат во периодот кој следи.

Извор: “Press24.mk”

Православните христијани денеска го празнуваат Св. Василиј Велики – еден од најголемите светци на христијанството

По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на тој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот.

Василиевата баба по татко, Света Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото прогонување на христијаните.

Младоста му поминала во времето на царувањето на царот Константин I Велики (306-337 година). Свети Василиј најпрвин се школувал кај својот татко, кој бил реторичар во Неокесарија. По смртта на неговиот татко во околу 345 година, тој го продолжил понатамошното школување во Неокесарија Кападокиска, каде школски другари му биле Григориј Назијанин и Јулијан Апостата.

Од Кесарија Свети Василиј заминал за Цариград, каде кратко време учел кај елинскиот ритор Ливаниј, а потоа во 352 година заминал во Атина. Таму ја проучувал филозофијата, дијалектиката, реториката, астрономијата и медицината.

За Василиевото образование најдобро сведочи неговата голема ерудиција, која се сретнува во неговите дела, каде големиот познавач на класиката, Фотиј го става во ранг со Платон и Демостен.

Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата. Според христијанското верување, Свети Василиј го раздадал својот имот на сиромашните и тргнал во 357 година кон Александрија, Египет, Палестина и Месопотамија, учејќи го монаштвото.

Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал прекрасно за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во Египет останал кај архимандитит Порфитиј каде се задржал околу една година. Потоа го посетил и Ерусалим. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник.

Во 370 година Свети Василиј станал епископ по смртта на Евсевиј. Погледите на заштитниците на Никејската вера се свртиле кон Василија. Против неговиот избор за Архиепископ на Кесраија Кападокијска биле аријанските еретици, бидејќи се плашеле од неговите храбри проповеди и разобличувања.

На оваа должност, според христијанството, Свети Василиј често пати испраќал кон верниците канонски поуки и совети, кои подоцна станале канони за целата црква, изградил многубројни болници, старечки домови.

Мирот во црквата, Свети Василиј не го доживеал и покрај тоа што нему му се препишуваат најголемите усилија за Вториот вселенски собор во Цариград 381 година, каде се донело одлука против сите ереси и раздори против кој Василиј се борел.

Починал на 31 декември 378 година, и свечено бил погребасн на 1 јануари 379 година, ден кога се слави и неговиот помен. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “пчела на Црквата Христова”, која им дава мед на верните и осило на еретиците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.

Денес именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…

(Фото) Природата во Австралија започнува да се враќа во нормала по пожapите

Во египетската митологија постои огнена птица наречена феникс која на крајот од својот живот гори и од пепелта се раѓа нова птица. Митолошката птица ја симболизира обновата, а приказните за птицата веројатно се поттикнати токму од обновата на шумите по страшните пожapи.

Овие фотографии од Мареј Лов покажуваат дека регенерацијата на шумите веќе започнала и покрај тоа што во многу места сеуште беснеат пожapи.

(Фото) Расцепила дрво и се шokиpaла: Во дрвото биле сокриени мистериозни броеви

Кога Дана Мариќ од населбата Бикавац во Вишеград купила дрва за оваа зима, не очекувала дека во едно од нив ќе пронајде датум кој ќе и ја заледи kpвта.

“Го повикав пријателот да ги исцепи. По некое време слушнав како ме вика да видам нешто. Пред мене стоеше дрво расцепено на половина, а во внатрешноста беа испишани броевите 2, римска четворка и 1985”, вели Дана за РИНА.

“Децата ми велат да не се грижам, но кој знае зошто тој датум е запишан во дрвото и што се случило на тој ден. Веројатно е направен кога дрвото било младо”, раскажува Дана.

Вечерва се дочекува Православната Нова Година – Еве кои други народи во светот слават заедно со нас?

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, во народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.

Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, слично како и за време на бадниковата вечера, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.