(Фото) “Нов проект, патapина кај Демир Капија, спpeмajте пapи, на пpaв пат сме?”

При крај е новата патарина на автопатот Демир Капија-Смоквица кај Демир Капија.Патарината кон крајот на минатата година, ја најави директорот на претпријатието за државни патишта, Зоран Китанов, кој тогаш не ја спомна цената за оваа наплатна рампа.

Сега на таа делница се плаќа само една патарина, која се наоѓа на крајот од тоа парче автопат, кога се оди кон Грција, а истата чини 100 денари. Оваа наплатна рампа беше воведена кон крајот на месец август минатата година.

Не се знае колку ќе чини новата патарина кај Демир Капија, но се очекува цената да се движи помеѓу 60 и 80 денари.

Со моменталните патарини, трошокот за граѓаните кои возат од Скопје до Гевгелија изнесува 280 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.