дома блог страница 2838

Мицкоски погодува песни кај Жаре во “Еден на Еден”: На 12-ти април ќе се случи „We will rock You“! (Видео)

Христијан Мицкоски во недела, на 19-ти јануари во 18:30 на ТВ „Канал 5“ ќе му биде специјален гостин на Жаре Димитровски во шоуто „Еден на еден“.

Во опуштена атмосфера, насмеан и расположен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ раскажува многу интресни нешта што луѓето за него до сега не ги слушнале и не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Отворено и одблизу со политичарот, лидерот, професорот, сопругот, родителот, граѓанинот…

Христијан Мицкоски во едно поинакво светло, каков што досега не сте го знаеле.

Затоа не пропуштајте да дознаете колку Мицкоски се разбира во музика, да видите кој ќе победи „1 на 1“ во фудбалче на маса, а кој на 12-ти април и која песна ќе се пее тој ден… И се тоа во „Еден на еден“ со Жаре, во недела, на 19-ти јануари во 18:30 на ТВ „Канал 5“.

Протече директива: СДСМ бара дисциплина oд функционерите – до избори да нема слики од одмори и седење по кафани

Во писмото од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски до Општинските изборни штабови и функционери, партијата на власт од своите функционери бара дисциплина и избегнување на одење во кафеани, на одмор, на патувања, во кафетерии.

Според писмото објавено на социјалните мрежи ако сепак членството замине на овие локации никако да не се слика и да објавува на социјалните мрежи, е барањето на Генсекот од партиските припадници на СДСМ.

Неговиот профил е како времеплов низ македонската историја во Егејот: Интервју со Стилиан Самарџиев, Македонец кој живее во леринско (Фото)

Стилиан Самарџиев е жител на селото Крушоради во Леринскиот регион на Егејска Македонија. Тој е еден од голем број Македонци кои живеат во овој регион и кои сеуште ги негуваат македонските традиции, обичаи и култура. Неговиот профил на Фејсбук е како времеплов низ историјата на македонските села, градови и македонската историјата од антиката до денес. Стилиан често пишува како се живее денеска во овие населени места и како живее македонското малцинство во Грција. Со него разговаравме токму за тоа, но и за тоа како е да се биде Македонец во Грција и како нашинците таму реагираат на Преспанскиот договор и на откажувањето на Македонија од малцинството во Грција.

Стилиан кажи ни на почеток за твоето место на живеење, како се живее денеска, а како било порано?

– Живеам во селото Крушоради тоа е село во Леринскиот регион. Повеќето луѓе работат во приватна компанија за јаглен која работи во близина на селото, а некои други селани работат како земјоделци. По граѓанската војна многу Македонци заминале од селото. Денес Македонците во селото се малцинство, а мнозинството го сочинуваат колонисти од Епир.

Дали Македонците во Егејскиот дел на Македонија сеуште ги негуваат традицијата, обичаите и својата култура?

– Македонците со посветеност ги следат сите традиции на свадби или разновидни христијански празници, во погреби или раѓања, оддадени од генерација на генерација, се обидуваме да ги заштитиме македонските традиции и култура.

(Кутлеш)

Колку населени места каде живеат чисто Македонци постојат денеска и каде најдобро сеуште се чувствува македонскиот дух?

– Постојат многу села кои населението се Македонци, но во тие села постојат и гркомани. Лерин, Воден, Костур, претежно се региони со најмногу македонско население, но сите региони во Егејска Македонија имаат македонски села со македонско население.

Лесно е или тешко да се биде Македонец денеска во Егејска Македонија?

– Секако не е лесно да се биде и да се изразиш како Македонец во Грција. Последните години во Егејска Македонија Mакедонците пеат и танцуваат слободно на сите македонски песни, но мислам дека тоа не е доволно. Ни треба различен стил на дејствување. Културното будење е добро преку музика и танци, но тоа нема да ги реши нашите проблеми.

Како реагираат нашинците на Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција и откажувањето на Македонија од малцинството во Грција?

– Македонскиот народ во Егејска Македонија има различни мислења за Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија. Многу од луѓето не се целосно информирани за договорот. Лично јас не се согласувам и не ми се допаѓа Преспанскиот договор и посакувам за доброто на Македонија овој договор наскоро да биде укинат.

(Русилово)

На твојот профил на Фејсбук можеме да забележиме дека често ги посетуваш македонските села и локалитети. Каде денеска е најживо, односно каде има најмногу народ?

– Македонските села денес во Егејска Македонија не се населени како во минатото, а населението во тие села е мешано. Леринскиот регион има многу села населени со етнички Македонци. Исто така и Воденскиот регион, Костурскиот и Соботско.

Знаеме дека голем број Македонци од Егејска Македонија биле протерани за време на граѓанската војна во Грција. Доаѓаат ли нашинците од дијаспората на старите огништа и дали ги помагаат македонските населени места?

– Силни емоции и сеќавања имаат Македонците за својата татковина. Кога ќе се вратат во Егејска Македонија секој пат се полни со емоции. За жал голем процент од тие луѓе не можат да дојдат во Егејска Македонија, затоа што Грција ги има во црната листа. Македонците кои живеат во странство често помагаат финансиски во различни прашања.

Пред неколку дена си го посетил и славното градче Кутлеш. Место од каде потекнува 16-кракото сонце кое беше и наше државно знаме. По што е посебно ова градче и како е таму во денешно време?

– Во Кутлеш 1977 година грчкиот археолог Манолис Андроникос најде гроб за кој се претпоставува дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски, а гробницата денес е прогласена за светско наследство на УНЕСКО. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како Македонско сонце или ѕвезда од Кутлеш. Денес селото е туристичка дестинација за оние кои сакаат да ги видат македонските кралски гробници и разни други археолошки места.

(Кралската гробница на Филип Втори Македонски во Кутлеш)

Стилиан за крај, како да се обединат Македонците во Егејска Македонија и да ги добијат своите права?

– Веќе имаме културни настани што се случуваат во Егејска Македонија. Музички фестивали и прослави со Македонци песни и ора. Но, политички немаме многу успех. Покрај музиката и ора националното будење е сè уште тешко прашање за нас. Потребен е силен шок за да можат Македонците да разберат дека постоењето на нашето наследство мора да се заштити, не само со песни и ора, туку и со силна волја да го одржуваме нашиот македонски идентитет жив и просперитетен.

Прилеп се гyши: Прекрасна глетка, но опacна по живот (Фото/Видео)

Прилепчани деновиве одново дишат екстремно загаден воздух. Мерната станица која е сместена на општинската зграда, вечерва покажува загаденост од 261 микрограми ПМ-10 честички.

Ништо подобра не беше состојбата и во изминатите денови, а граѓаните се жалат на социјалните мрежи дека загадениот воздух им предизвикува гребење на грлото, задишаност, како и непријатна миризба на облеката.

Граѓаните спас бараат на повисоките места од каде може да се забележи дека градот е покриен од облаци од магла и загаден воздух.

Колку и убаво да изгледаат овие фотографии, не е ниту малку пријатно кога се движите во нив.

(Видео снимка од кај манастирот Св. Димитрија над село Селце)

Kвалитетот на воздухот во Прилеп следете го ТУКА

(Видео) Бер Грилс сака да преживува со Џоковиќ на српските планини: Еве како помина Федерер и што мораше да јаде за да преживее

Робинсон Крусо на денешницата, познатиот автор и водител на емисијата која го носи неговото име Бер Грилс, изјави дека би сакал во еден од неговите наредни серијали да го сними баш во Србија, а гостин да му биде Новак Џоковиќ.

Британецот кој стекна светска популарност со емисијата во која преживува на најсуровите места во светот, во интервју за “Недељник” изјави дека барем една епизода сака да сними во Србија.

– Природната убавина на Србија е спектакуларна. Обично кога бираме локации за снимање, одлучуваме тоа да бидат оние кои нудат разноликост, а Србија нуди полн пакет- планини, реки, шума, богата природа и неверојатна дивина. Доколку Новак Џоковиќ се согласи да биде мој гостин, повеќе од сигурно дека би снимиле епизода во Србија- изјави Бер Грилс.

Жaлнo: Tyтyнap од прилепско го гopи poдот незадовoлeн од пpoценката и ниcките клacи (Видео)

Тутунар од прилепско објави видео на социјалните мрежи на кое го пали својот тутунарски род. Тој во видеото вели дека тутунот во прилепско не се цени според соодветната класа и за тутун кој е со квалитет за втора или трета класа, се даваа пониски класи.

“Подобро да изгоре отколку да се даде за џабе”, вели овој човек од прилепско Канатларци.

Беличани македончишта! Пред Водици село Белица се украсува со сонца од Кутлеш (ФОТО)

Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление Водици, куќите и улиците во село Белица, кичевско, се украсуваат со знамиња со 16-кракото сонце од Кутлеш.

Голем број знамиња осамнаа денеска во селото, а беличани на Фејсбук напишаа:

“Денес пред големите водичарски празници насекаде низ селото се поставија македонските знамиња, скоро во секоја населба и голем број куќи. Нека е напомош и вечно да се слават македонските православни празници. Да живее Белица и Републиката Македонска”, напишаа на Фејсбук страната “Белица”

Се сеќавате ли на ова симпатично момче: Пред дваесет години го испеа детскиот евергрин, а денеска ќе ја претставува Македонија…. (ВИДЕО)

Васил Гарванлиев, момчето познато по детскиот евергрин „Марионка“, пред две години се врати на македонската музичка сцена со песната „Ѓердан”.

Вчера официјално беше потврдено дека токму тој ќе ја претставува Македонија на овогодинешниот избор на “Евросонг” во Ротердам, Холандија. Песната со која ќе настапи Васил сеуште не е позната.

Васил минатата година беше придружен вокал на Тамара Тодевска, па ова нема да биде негово прво евровизиско искуство.

-Од сѐ срце им благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсурдни. Ве сакам! Подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна. Овој пат ветувам дека ќе дадам сè од себе за мојата татковина, за сите нас. Се гледаме во Ротердам, вели Васил

(Видео) За чудниот симбол на раката на американскиот богаташ зборува цела држава: Неговото објаснување е навистина лудо

Врие атмосферата во Америка, а претседателската кампања започна да го добива вистинското темпо. На последната дебата на демократите осрганизирана од СиЕнЕн се појави и милијардерот Том Стејер.

Освен што не е јасна неговата одлука да се кандидира за иден претседател на Америка, сега уште еден детал им остави впечаток на сите Американци.

На неговата лева рака можеше да се забележи чуден симбол. Тоа беше крст нацртан со пенкало. Во секој квадрат се наоѓаше уште по еден мал крст кој потсетува на ерусалимскиот крст од 13 век.

Не е прв пат сопственикот на инвестициски фонд да биде виден во јавност со ваков симбол. Го црташе и за време на изминатите две години, но сега за прв пат за тоа зборува цела држава.

“Крстот ја симболизира вистината која мораме да ја кажеме по секоја цена. Го цртам веќе некое време за да ме потсетува на вистината. Покасно открив дека станува збор за ерусалимскиот крст”, изјавил тој.

“Скандал го тресе прилепското образование и локалната самоуправа?” (Видео)

На неколку дена пред почетокот на второто полугодие, нови анегдоти поврзани со образованието се случуваат во нашите прилепските училишта, кои се раководени од директори назначени од градоначалникот Илија Јованоски – oва на денешната прес конференција го истакна Цветанка Јочкоска, претседател на комисијата за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Пред околу еден месец сеуште се сеќаваме како без никакво оправдување беа поништени конкурсите за избор на наставници по физичко воспитување, со некаква наводна техничка грешка, речиси во сите основни училишта во Прилеп.

Штетата за ваквите постапки е направена и истата ќе ја сносат со својата морална и кривична одговорност директорите на училиштата.

После ова, повторно се распишаа конкурси за пополнување на слободните места во училиштата на определено време, иако задоцнето, бидејќи според законот за основно образование интервентното ангажирање може да трае само 3 месеци.

Пријавените кандидати на овие конкурси се обврзани да полагаат познавање на Македонски јазик и кирилско писмо, и замислете сите полагања беа закажани во ист термин.

Прашуваме: Дали е точно дека тестот по Македонски јазик им е претходно даден на членовите на СДСМ, а кандидати за наставници, во просториите на СДСМ Прилеп?

Дали тестот бил така направен што за некои прашања и советниците по македонски јазик би се подзамислиле?

Парадоксот да биде поголем во дел од училиштата од страна на Училишните одбори се донесени и правилници за вработување, кои се законски неиздржани и според кои финалниот збор во одлучувањето го има директорот преку интервју со кандидатите?

Дали е ова образованието што ни го ветуваа Илија Јованоски и Миле Талески

Бараме кривична одговорност и оставки од сите инволвирани.
Редно време е да се разбуди обвинителството и да ги испита сите активности на директорите назначени од Илија Јованоски и локалната власт на СДСМ.

На крајот ве потсетуваме дека по 12 април, ќе одговарате сите што си поигрувате со интелектот на кандидатите за наставници,но и на граѓаните кои свесно и противзаконски ги манипулирате”.