Мицкоски погодува песни кај Жаре во “Еден на Еден”: На 12-ти април ќе се случи „We will rock You“! (Видео)

Христијан Мицкоски во недела, на 19-ти јануари во 18:30 на ТВ „Канал 5“ ќе му биде специјален гостин на Жаре Димитровски во шоуто „Еден на еден“.

Во опуштена атмосфера, насмеан и расположен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ раскажува многу интресни нешта што луѓето за него до сега не ги слушнале и не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Отворено и одблизу со политичарот, лидерот, професорот, сопругот, родителот, граѓанинот…

Христијан Мицкоски во едно поинакво светло, каков што досега не сте го знаеле.

Затоа не пропуштајте да дознаете колку Мицкоски се разбира во музика, да видите кој ќе победи „1 на 1“ во фудбалче на маса, а кој на 12-ти април и која песна ќе се пее тој ден… И се тоа во „Еден на еден“ со Жаре, во недела, на 19-ти јануари во 18:30 на ТВ „Канал 5“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.