дома блог страница 2837

Подобро од Спасовски, Царовска и Костадинов: 30 прашања и одговори со студент од “Кузман” (Видео)

Едно оригинално видео кое за жал ја отсликува жалната реалност во која живеат нашите студенти во студентските домови. Колку и да е комично и интересно, намената на видео прилогот веројатно е спротивна.

Секоја чест за екипата на “Радио МОФ” кои го снимија прилогот со Александар од студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

Од Радио МОФ велат дека секоја сличност со форматот на видеата на владините функционери е намерна.

Извор: “Радио МОФ”

Македонската пејачка му приреди изненадување на момчето на Аеродром (Видео)

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска откако ја облеодени својата ромаса со пејачот и колега Иван Јованов постојано објавува заеднички фотографии и видеа, а овој пат пејачот покажа како таа го изненадила.

Како што пишува Иван во опсот на видеото кое го објави на својот Фејсбук, Антониа го излажала дека ќе одат на патување во Истанбул, а потоа среде Аеродром го изненадила и му открила дека ќе патуваат во Рим и тоа специјално за фудбалскиот натпревар помеѓу Рома и Јувентус.

(Видео) Костадин од СДСМ ако не бил политичар ќе бил пилот

Во новото издание на „30 прашања со” гостин беше пратеникот Коста Костадинов кој призна дека доколку не би бил пратеник, сиурно ќе бил пилот.

Најдобар пријател на портпаролот на партијата е неговата девојка, омилен лик му е Атиџе, нема омилен пратеник од опозицијата, вели дека најубав струмички збор му е – бунела (вилушка)…

Интер и понатаму купува: Ново засилување од денеска во Милано

Манчестер Јунајтед и Интер се договорија за трансферот на дефанзивецот Ешли Јанг, вреден 1,5 милиони евра, пишува „Скај Спортс“.

Се очекува Јанг да пристигне на лекарски прегледи во Милано, по што ќе биде потврдена и неговата продажба.

Претходно, Јунајтед му понуди нов договор на Јанг, што ќе го задржи на „Олд Трафорд“ уште една година, но тој го отфрли.

Јанг играше на 18 натпревари оваа сезона, но започна само на 10 од нив како носител.

Тој се приклучи на тимот во 2011 година, откако забележа вкупно 261 натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед, постигнувајќи 19 голови.

Хрватска има недостиг од работници: Лани во оваа земја работеле 40 000 странци

Хрватска изгуби 500.000 луѓе во работна сила во текот на изминатите десет години од 2008 до 2018 година. Тоа го тврди Даворко Видовиќ, советник за труд и политика за вработување во Хрватската стопанска комора (ХСК).

Како што објаснува Видовиќ, од вкупно половина милион работници, дури 200.000 од работниот контингент заминале по природен пат, имено стареење или пензија, додека 300.000 ја напуштиле Хрватска во миграцискиот бран.

Приватниот сектор исто така предупредува дека состојбата е алармантна веќе некое време, а најголемиот проблем се јавува токму во текот на туристичката сезона. За ублажување на овој негативен тренд, ХСК најави укинување на квотите за странските работници. Покрај тоа, планот е да се интегрираат некои луѓе на пазарот на трудот и да се спречи емиграцијата, а хрватската служба за вработување е исто така вклучена во финансирање преку Европскиот социјален фонд.

Околу 40.000 странци работеа само во Хрватска минатата година, додека беа издадени вкупно 65.000 дозволи. Иако нема да има квота од средината на оваа година, многумина предупредуваат дека работодавците веќе морале да се подготват за летната сезона, бидејќи документацијата за увоз на странски работници може да трае повеќе од два месеца.

Свесни за состојбата од Хрватската стопанска комора, тие предупредуваат дека недостигот на работници не е проблем што е привремен и ќе исчезне, а потенцираат дека странската работна сила е она што ја чека Хрватска во иднина.

Одлично за секое утро: Рецепт за вкусно смути кое ќе ве „крене“ подобро од кафе

Сами изберете го моментот кога сакате да го пиете овој здрав и вкусен пијалок, во зависност од тоа дали ви е потребна дополнителна енергија или за закрепнување.

Ова смути е вистинска витаминска бомба и речиси веднаш ќе ја поттикне вашата енергија на повисоко ниво, благодарение на хранливото богатство на состојките од кои е направено.

Потребно е:

3 портокали, половина лажица брусница (свежи или замрзнати), половина банана, 1/4 лажица грчки јогурт, малку екстракт од ванила

Излупете ги бананите и портокалите, исечете ги на помали коцки, и заедно со сите други состојки, ставете ги во блендер. Кога сè ќе се соедини убаво и ќе стане хомогено и течно, истурете во чаша и веднаш испијте. Корисниот ефект ќе се почувствува после половина час.

Луѓето кои во хороскоп се Девица се посебни и мора да ги имате во своја близина

Не дека останатите знаци немаат добри особини, далеку од тоа, но Девицата особено се истакнува со своите карактеристики.

Ова се дел од особините кои го карактеризираат овој земјен знак:

Девиците се независни личности, способни да ја завршат секоја работа потпирајќи се исклучиво на себе, без да очекуваат помош.

Тие се високо интелигентни личности, способни за длабока анализа и барање на најдоброто решение на проблемот. Имаат одлична меморија, може да продрат во суштината на зборовите на другите и имаат неверојатен дар да ја откријат вистинската намера и мотивите на луѓето околу нив.

На секоја ситуација ѝ приоѓаат полека, ја анализираат, ги земаат сите факти во предвид и добро размислуваат пред да донесат конечна одлука. Иако понекогаш изгледа дека се бавни и неодлучни, токму ваквиот аналитички приод на нештата води до неверојатно добри резултати. Благодарение на нивата анализа, честопати им даваат многу корисни совети на пријателите.

Уредни се и не сакаат да живеат и работат во услови каде владее хаос, неуредност и неорганизираност. Верувајте, тоа многу им смета.

Чувствителни се и имаат длабоко разбирање за човековите слабости, затоа секогаш се подготвени да им помогнат на другите.

Иако дел од астролозите ги опишуваат како ограничени личности, кога Девиците ќе стекнат самодоверба, сјаат толку силно што ни еден друг хороскопски знак не може да се мери со нивната внатрешна светлина.

Девиците кои веруваат во себе се едни од најкреативните и најуспешните хороскопски знаци.

Елемент: Земја
Планета: Меркур
Симбол: Богородица
Камен : Сафир
Животна цел : Да го направат вистинското и правилното нешто
Тајна желба : Да сакаат и да бидат сакани

“Е мачна Атиџе не дочека мајка ти да види дека ти и’ се ,,омажи”, не за некого од Бекирлија, туку од Бекирлија директно за светот!”

Македонскиот филм “Медена земја” е номиниран за два Оскари. Американската академија за филмска уметност и наука го номинираше “Медена земја” во категориите: најдобар документарен филм и најдобар филм од странско потекло.

И додека целата јавност зборува за филмот и историската можност Македонија да добие оскарско признание, на Фејсбук пронајдовме еден оригинален статус посветен на хероината во филмот, Атиџе Муратова.

“Е мачна Атиџе, не дочека мајка ти да види дека ти и’ се ,,омажи”. Не за некого од Бекирлија, оти таму таков за тебе немаше, туку од Бекирлија директно за светот!

И ете, наместо некој си од Овче Поле, сега Холивуд и светот ти ја виде и куќата и љубовта и душата и маката. Ти на светот му ја испрати најголемата лекција – ,,Ако еден го прекрши Законот на природата, сите ја плаќаат цената!”

Среќно меден хероју, тебе и на екипата на твојата и наша Медена земја.

Пишувате историја!”

(Фејсбук статус на Лилјана Шаровиќ)

Данските навивачи не знаат што да прават со влезниците, ги имаат дури и за финале

Шокантната елиминација на актуелниот светски и олимписки шампион, Данска, ги стави во непријатна ситуација навивачите од оваа земја.

Верувајќи во силата на својот национален тим, голем број од нив купиле комплети на влезници за главната рунда, а многумина и влезници за полуфиналните средби и за финалето. Сега мака мачат и не знаат што да прават со влезниците.

Препродажбата е незаконска и е строго забранета, а организаторот нема ни обврска ни желба да им ги врати парите за купените влезници.

Сега навивачите се обидуваат да се ослободат од влезниците со помош на својата федерација, но засега не е воспоставен некаков механизам.

Доколку имате над 50 години овој минерал морате секојдневно да го конзумирате! Може да ви го спаси животот

Прераното стареење на организмот и развојот на многу болecти, според истражувањата, се резултат на недоволно конзумирање на магнезиум. Кога на организмот му недостасува овој минерал, се појавува ризик за срцев и мозочен удap.

Научниците откриле дека пореметувањата на здравјето во голем број од случаите се јавуваат поради недостаток на магнезиум во исхраната. Кога телото го нема во доволна количина, имунитетот слабее, а тоа е “лесна состојба” за развивање на многу заболyвања.

Од друга страна, правилната исхрана помага во одржување на доброто здравје и долговечноста.

Освен внесувањето на доволно количество на магнезиум, треба да се грижите и за “прочисување” на исхраната и да отфрлите одредени намирници. Пред се откажете се од шеќерот, производите од бело брашно, но и намалете го конзумирањео на маснотии.