дома блог страница 2832

“Вlue Band” имаат нова пecна и спот: Се paботи за cyпер музика и пepфектно изpaботен видео спот

На стартот на Новата година, од музичката група “Blue Band”, го објавија спотот за својата нова песна која е насловена “Лажи ме”.

Песната е снимана според оригиналниот текст и музика на Антонио Стојановски и Марио Јелиќ, или популарните “2 бона”. Видео спотот е сниман и едитиран од Крсте Шупев, а крајниот резултат секако ќе го погледнете во продолжение.

Во самиот спот, се појавува и моделот Тања Јанушева, под шминка на Ивана Мишевска.

Инаку музичката група “Blue Band” ја сочинуваат: Димитар Симонов (вокал), Бојан Амповски (клавиатури), Зоки Грбиќ (бас клавиатури), Дарко Трајкоски (тапани), Благоја Глигоровски ( гитара).

Мажишта! На -10 степени и 2000 метри надморска височина – момците од таеквондо репрезентацијата се искапија за Водици (Фото)

Момците од Македонската таеквондо репрезентација се искапеа на -10 степени Целзиусови и на 2000 метри надморска височина, по повод денешниот празник Водици.

Тие влегоа во езерото Белмекен на врвот на Рила планина.

Репрезентацијата под водство на тренерите Дарко и Борче Костовски е веќе 20 дена на висински подготовки во врвната олимписка база Белмекен во Бугарија.

Фокусот на македонскиот национален тим во олимписко таеквондо е квалификациониот турнир во Милано на 17-ти април, каде шро че се печалат олимписки норми за Токио 2020.

До тогаш, македонските спортисти ќе имаат неколку меѓународни турнири за проверка на својата форма.

Да потсетиме дека олимпиското таеквондо во Македонија, согласно претходните резултати има реални шанси за обезбедување на историски норми за олимписките игри во Токио.

Прилепчанката Барбара Стојкоска од БК “7-ми Мај” го освои првото место на изборното првенство за кадети

На изборното првенство во борење за кадети, членката на Боречкиот Клуб “7-ми Мај” од Прилеп, Барбара Стојкоска го освои првото место, совладувајки ја балканската вицешампионка Бојана Лазаревска од БК “Безбедност” од Скопје.

Со оваа победа Барбара си го осигура местото во кадетската репрезентација на Република Македонија, на престојните медитерански игри во Лутраки, Грција, како и учество на Европското и Светското првенство за кадети.

Ако се земе во предвид дека наредниот викенд 25.01. во Прилеп е изборниот шампионат за пионери, на кој Барби е апсолутен фаворит, тоа значи дека Барбара оваа 2020 година, ќе настапи на 2 Европски првенства, 2 Балкански првенства, медитерански игри и Светско првенство за кадети.

(Видео) Петар Грашо приреди спектакл во Охрид: Илјадници присутни ги пееја хитовите на хрватскиот романтичар

Голем број охриѓани и гости синоќа го исполнија централниот плоштад во Охрид, каде во очи празникот Богојавление – Водици, концерт одржа мега популарниот Петар Грашо.

Тие уживаа во најголемите хитови на хрватскиот романтичар, кој до максимум ја загреа празничната атмосфера и ги подготви присутните за денешните случувања.

Погледнете дел од атмосферата:

Гоце Тошески нajсреќен и прв до cветиот кpcт во Долнени (ФОТО)

27-годишниот Гоце Тошески беше најсреќен на денешниот празник Богојавление – Водици во Долнени и прв стигна до светиот крст.

Хуманоста на дело: Момчето кое го фати светиот крст во Делчево го донираше телевизорот кој го доби како поклон (Видео)

Васе Панчовски, момчето кое денеска на Богојавление-Водици, беше најсреќен и прв стигна до светиот крст во Делчево, добиениот поклон телевизор од компанијата “Зегин”, го донираше на едно семејство.

Од порталот “delcevo365.mk” го снимија овој хуман гест на нивниот сограѓанин, а потегот на Васе предизвика голем број позитивни реакции на социјалните мрежи.

Васе и неговите другари на семејството му подарија и икона со Богојавление.

ВИДЕО: “Делчево365”

(ФОТО) Унијата на жени во Пробиштип и оваа година за Водици ја организираа традиционалната “Пифтијада”

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Благица Ласовска, заедно со членката на ИК УЖ, г-ѓа Оливера Арсов, присуствуваа на манифестацијата “Пифтијада” во Пробиштип.

Овој настан, традиционално, на Водици, го организира Унијата на жени во Пробиштип.

“Убава традиција, прекрасно прифатена од граѓаните на Пробиштип. Нека е за многу години. Бог се јави!”, истакнаа од Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ.

Момчето кое го фати крстот во Прилеп: “Работам во Армијата на Република Македонија” – oд општината направија цензура? (Видео)

Од 110 учесници, помеѓу кои 6 девојки, Филип Стојаноски денеска беше најсреќен во Прилеп на Водици и по втор пат во четири години стигна прв до светиот крст.

„По осми пат скокам по светиот крст, а втор пат стигнувам најбрзо до него. На сите православни христијани им го честитам празникот Богојавление – Водици и им посакувам многу здравје и среќа. Пред 4 години исто така бев најбрз и таа година ми донесе здравје и вработување“, изјави Стојаноски.

На прашање од новинарите каде работи, Стојаноски рече: “Во Армијата на Република Македонија”.

Видео: “Инфо Компас”

Овој негов дел од изјавата пред медиумите е пресечен во видеото објавено на веб страната од Општина Прилеп, а наместо тоа таму пишува дека Филип работи во Армијата на Република Северна Македонија.

Останува нејасно дали општинските власти се обидоа да направат цензура и да ја протнат во јавноста?

Еве каде живее хероината Атиџе од номинираниот филм за Оскар, “Медена земја” (Видео)

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова која досега живееше во селото Бекирлија, ќе живее во куќа во селото Дорфулија, каде има роднини.

Куќата е купена за Атиџе, и во неа ќе има нормални услови за живот.

Новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук објави видео од кое може да се види како изгледа куќата.

„После силната порака што ја испрати до целиот свет, мислам дека барем малку не задолжи сите нас… Кој сака да донира подолу го има линкот, а ако некој сака лично да и помогне, ќе ја најдете на 60 километри од Скопје, близу Лозово. А замислете колку добро ќе беше 24 министри да донираат 20% од платата за овој месец за личност како што е Атиџе“, пишува новинарот.

„Медена земја“ е номиниран за Оскар во две категории: најдобар документарен филм и најдобар филм од странско потекло.

Скандал за Водици во Штип: 3aкани, тypкање, влечење и непpистojни зборови (ВИДЕО)

Закани, туркање,влечење и непристојни зборови за во чии раце да биде крстот. За среќа, инцидентиот што фрли дамка на Водици во Штип, не траеше долго.

„Ми го земаа крстот од раце. Таму каде што јас и останатите се наведавме да го земеме, јас го фатив крстот, но еден од кандидатите со закани кон мене, пушти го, пушти го, јас го фатив,а не ти, сакаше да ми го земе крстот, но бев упорен и не го дадов“, изјави Наумче Балевски – граѓанин за “ТВ СТАР”.

Ексклузивно видео од немилиот настан во Штип е објавено на Фејсбук страната “Штипска идила”: