дома блог страница 2831

Ова се новите цени на горивата за оваа недела

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,56 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,79 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 4,81 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 7,82 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,2594 денари за долар и е за 0,043 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Во Охрид и денеска е преубаво: Се готви вкусна рибја чорба и се пее македонска песна (Фото+Видео)

Денеска во Охрид одново е живо и со многу народ

Традиционално на празникот Св. Јован Крстител, охриѓани го одбележуваат Денот на рибарите. Голем број гости и охриѓани се присутни на манифестацијата, а за забавата се погрижи естрадната ѕвезда Миле Кузманоски.

Како и секоја година и оваа во центарот на градот е поставен и големиот котел во кој се готви превкусна рибја чорба.

Погледнете дел од атмосферата:

(Видео) Паѓаше град со големина на тениски топчиња: Еве со што се соочува сега Австралија

Само еден ден по песочната бура на југоистокот од Австралија овој предел беше погоден од град со големина на тениски топчиња, пренесуваат локалните медиуми.

Прородните аномалии и понатаму ја напаѓаат Австралија. Се започна со пожapите, потоа заврна обилен дожд, а сега и поплава.

Градот направи голема материјална штeTа.

(Видео) А каде е Путин? Меркел и Макрон “го изгубија” рускиот лидер на конференцијата во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција, Емануел Макрон, започнаа да го бараат рускиот лидер Владимир Путин кој се задржа пред церемонијата за фотографирање на конференцијата во Берлин, која се одржа вчера.

На видеото се гледа како Меркел и Макрон, заедно со другите учесници на самитот, се подготвуваа за протоколарно фотографирање, но забележаа дека рускиот лидер сеуште не е тука.

Ангела Меркел најпрво го праша генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, а по кратко време се појави и Путин. Францускиот колега потрча да се поздрави, додека Меркел го упати Путин каде треба да застани за фотографирање.

Нова цена на бензинот и дизелот во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела немаше никаква промена на цените, па така Еуросупер БС – 95 се точи за 68 денари за литар, 70 денари чини литар Еуросупер БС-98, 62,5 денари чини Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1.876 денари и се продава за 40, 424 денари по литар.

Останува утре да видиме дали ќе има намалување или зголемување на цените.

Кочан ладно утро во Македонија – УХМР со најава за неделава

Од денеска во следните неколку дена следува период на стабилно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе бидат под нулата, а во текот на денот температурите ќе достигнат до 13 степени.

За денеска, синоптичарите најавуваат стабилно време со минимални температури од -10 до -2 степена, а дневните температури ќе се искачат до 10-тиот степен.

Најстудено, според најавите, ќе биде во Маврово и Берово каде се очекува утринската температура да биде -6 степени, а најтопло во Гевгелија.

Слично време ќе има до крајот на неделата. Најтопло ќе биде во вторник кога дневната температура според најавите ќе биде до 13 степени.

Најмакедонската погача која сте ја виделе некогаш: Баба Роса од штипско Ново Село ја направи за Водици (Фото)

На социјалните мрежи се проширија фотографии од празнувањето на вчерашниот празник Богојавление – Водици, за кои откако се потрудивме малку повеќе дознавме дека доаѓаат од штипско Ново Село.

Роса Гапева ја направила најмакедонската погача која некогаш сте ја виделе. На погачата е прикажано сонцето со шеснаесет краци од Кутлеш и е испишано “Никогаш Северна, само Македонија”.

Секоја чест!

Два бели гулаби слетале на иконата Богојавление во црквата Св. Преображение (Фото)

Два бели гулаби слетале на иконата Богојавление во црквата Преображение во градот Негуш во Егејска Македонија. Настанот се случил на Бадник, 6 јануари оваа година – објави “Денешен.мк”.

За време на крштевањето на Исус во реката Јордан, кое го извршил свети Јован Крстител, небото се отворило, а Светиот Дух се појавил во вид на гулаб.

Во моментот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Извор: “Денешен.мк”

Вистински јувентино својата избраничка ја бара за жена пред полн стадион во Торино: Македонец го стори токму тоа

Синоќешниот натпревар од италијанското калчо помеѓу Јувентус и Парма на Алијанц стадионот во Торино, ќе остане во вечно сеќавање на еден пар од Македонија.

Цане Ѓошевски одлучи токму пред исполнетиот стадион на клубот чиј фан е, да ја побара својата сакана Билјана Јованова за жена.

Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи помеѓу навивачите на Јувентус во Македонија, а младиот брачен пар доби голем број честитки.

Им посакуваме долг заеднички живот и многу радост и среќа!

Еве што слушаа Шекеринска и Ангеловска среде Скопје, а медиумите не го пренесоа (ВИДЕО)

Голем верски празник е денес во Македонија.

Верниците ширум земјава се собраа во сите градови, се фаќаа свети крстови од водите, но се промовираше и сплотеност и љубов. Не само љубов кон религијата, туку и кон татковината.

Овие млади луѓе имаат порака која ја искажаа преку песна, но и преку скандирање „Никогаш Северна, само Македонија“.

На овој собир во Скопје беа присутни Радмила Шекеринска и Нина Анегловска, па се надеваме дека ја разбраа пораката од верниците.