Момчето кое го фати крстот во Прилеп: “Работам во Армијата на Република Македонија” – oд општината направија цензура? (Видео)

Од 110 учесници, помеѓу кои 6 девојки, Филип Стојаноски денеска беше најсреќен во Прилеп на Водици и по втор пат во четири години стигна прв до светиот крст.

„По осми пат скокам по светиот крст, а втор пат стигнувам најбрзо до него. На сите православни христијани им го честитам празникот Богојавление – Водици и им посакувам многу здравје и среќа. Пред 4 години исто така бев најбрз и таа година ми донесе здравје и вработување“, изјави Стојаноски.

На прашање од новинарите каде работи, Стојаноски рече: “Во Армијата на Република Македонија”.

Видео: “Инфо Компас”

Овој негов дел од изјавата пред медиумите е пресечен во видеото објавено на веб страната од Општина Прилеп, а наместо тоа таму пишува дека Филип работи во Армијата на Република Северна Македонија.

Останува нејасно дали општинските власти се обидоа да направат цензура и да ја протнат во јавноста?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.