(Видео) А каде е Путин? Меркел и Макрон “го изгубија” рускиот лидер на конференцијата во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција, Емануел Макрон, започнаа да го бараат рускиот лидер Владимир Путин кој се задржа пред церемонијата за фотографирање на конференцијата во Берлин, која се одржа вчера.

На видеото се гледа како Меркел и Макрон, заедно со другите учесници на самитот, се подготвуваа за протоколарно фотографирање, но забележаа дека рускиот лидер сеуште не е тука.

Ангела Меркел најпрво го праша генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, а по кратко време се појави и Путин. Францускиот колега потрча да се поздрави, додека Меркел го упати Путин каде треба да застани за фотографирање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.