дома блог страница 2830

(Фото) Вучиќ готвеше сарми на пауза меѓу два состаноци

Во пауза помеѓу два состанока со европските претставници и со тимот за унапредување на животната средина претседателот на Србија Александар Вучиќ објави фотографија со вработените во кујната на Претседателството на Србија.

Вучиќ им помага на готвачите и ужива, како што наведува, во мирисот на сармата која се крчка за понеделник.

– Им благодарам на прекрасните готвачки Јованка Петровиќ и на Гордана Ненадовиќ, како и на Шчепан Рељич, дека не им е тешко во сабота да работат и дека секогаш подготвуваат најдобра храна за вработените и за нашите гости, напиша Вучиќ.

Ремек дело на прилепското диџеј дуо “Cyrillic”: Слушнете го нивниот најнов сингл “Севда” (Видео)

Прилепското диџеј дуо “Cyrillic” го објавија својот најнов сингл насловен како “Севда”, а е преработка на песната “Твојте очи Лено мори”.

Песната и спотот се во продукција на “Sky Eye Entertainment”, текстот и режијата се дело на Зоран Зонде Стојановски, а вокалот го позајми Наташа Малинкова.

Спотот изобилува со прекрасни предели од Марковите Кули и прилепското поле, а девојката која се појавува во спотот е Марија Давчевска.

Уживајте во продолжение:

Прилепчанец го фати светиот крст во Кавадарци, па направи голем и хуман потег (Видео)

26-годишниот Александар Ристески од Прилеп, кој повеќе години живее во Кавадарци, вчера на празникот Богојавление-Водици, беше најсреќен и прв дојде до светиот крст во водите на реката Луда Мара.

Ристески потоа се одлучил да направи хуман потег, па наместо парите кои ги добивал од верниците што го целувале крстот да ги земе за себе, тој се одлучил да ги донира за младо момче од селото Дреново – објави “КТВ”.

Извор: “КТВ”

Малиот херој кој го преплива Охридското Езеро по номинацијата од ТВ “Алфа” ја доби „Светската награда за млад хуманист“

Го нарекуваа „Херојот на Охрид“, откако во 2018 година за 9 часа го преплива Охридкста езеро. Следната година, Марко порасна во херојот на Македонија, кога пред себе постави невообичена цел, да преплива 64 км долж Охридското езеро со цел а ја подигне свеста за лицата со ретки болести.

Иако поради болки кои се појавија како резултат на болеста, инфаркт на долните екстремитети, по препливани 12 километри, Марко мораше да го прекине остварувањето на предизвикот кој си го постави пред себе, сепак тој успеа да ја долови секојдневната битка и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести.

Токму поради исклучителната сила на неговиот карактер, Алфа телевизија, одучи да го номинира Марко Пејчиновски за „Светската награда за млад хуманист“, а членовите на интернационалното жири едногласно одлучија ова признание да му биде доделено нему.

„Исклучителната сила на неговиот карактер, неговата моќ да ја сподели љубовта со сие што страдаат, беше основната причина на нашата определба да му го доделиме ова високо меѓународно признание. Неговата воља за победа над ретките болести и хендикепот на тие што се вклучени во битката за здравје, е исклучителна чест што треба да биде признаена во македонското општество, и нашето Интернационално жири се приклучува во тој голем морален чин. Доделувајќи му го ова признание, Интернационалното жири на „Светската награда за млад хуманист“ го одбележува и со специјалната назнака дека Марко Пејчиновски е всушност интернационална млада надеж за 2020 година.“

Младиот хуманист, испрати силна порака, а не мотивира и сите нас, да се приклучиме кон неговата битка и како што вели самиот Марко: Никогаш да не се откажуваме.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

(Видео) Каде се наоѓа главата на Свети Јован Крстител: Многу држави велат дека ја имаат, но чудата насочуваат кон само една од нив

Историјата за чесната глава на Свети Јован Крстител не е потполно јасна. Италија, Франција, Сирија, Грција, Ерменија, секоја од овие држави вели дека ја има вистинската глава на светителот.

Значењето на Јован Крстител за верниците од секогаш било од голема важност. По Севтата Мајка, тој е светецот на кој му се посветени најголем број верски празници.

Моштите на Свети Јован Крстител од секогаш биле од големо значење, а неговата глава била особено важна бидејќи црквата ги прославува сите три нејзини обреди.

Постојат многу податоци за тоа дека главата се наоѓа во манастирот Свети Силвестер во Рим, во џамијата во Дамаск, во Ерменија и во Света Гора.

Меѓутоа многу луѓе сметаат дека неговата глава се наоѓа во катедралата Пресвета Богородица во градот Амиенс во Франција. Од сите наведени места, во Амиенс се вршело најисцрпно истражување за светителот.

Во Штип се “испотепаа” кој го фатил крстот, а во Србија момчињата и дозволија на девојката да биде прва до крстот (Видео)

Интересна и несекојдневна случка го одбележа вчерашното празнување на големиот христијански празник Богојавление-Водици во српскиот град Заечар.

Помеѓу дваесетте пријавени учесници имало и една девојка, а кога епископот Иларион го фрлил светиот крст во водите, момците џентлменски и дале предност на дамата, а потоа и тие скокнале во водата.

Ивана Милојковиќ е девојката која го изваде крстот, а потоа се заблагодари за ваквиот гест на момците.

Момчињата за големиот гест добија пофалби од градоначалникот на општината, како и од епископот, кои овој нивни потег го нарекоа “витешки”.

Јавен оглас за избор на спортист на годината на Прилеп

Општина Прилеп објавува јавен оглас за предлагање на кандидати за избор на најдобри спортисти и спортски клубови за 2019 година. За таа цел, се повикуваат спортските клубови од општина Прилеп да предлагаат кандидати кои во изминатата година постигнале спортски успеси и запазени резултати на домашен и меѓународен план.

Покрај најдобрите спортисти и спортски клубови, ќе биде извршен избор и во неколку други категории, меѓу кои и избор на најдобар тренер, спортски работник, млад спортист, играч кој настапува за странски клуб, спортист со телесен инвалидитет и сл. Исто така, ќе бидат наградени и лица кои дале посебен придонес во афирмацијата на спортот во градот, државата и надвор од неа.

Покрај кратката биографија и информација за постигнатите резултати во 2019 година, поднесената пријава треба да биде заверена и потпишана од овластено лице на спортскиот клуб или здружението кое го предлага спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.

Доделените награди ќе бидат во форма на дипломи и плакети, а на најдобриот спортист на општина Прилеп ќе му припадне и парична награда.

Огласот трае 12 дена, почнувајќи од понеделник 20 јануари и заклучно со петок,
31 јануари 2020 година.

Пријавите се поднесуваат на адреса: Општина Прилеп ул.„Прилепски бранители“ бб 7500 Прилеп

Или во архивата на Општина Прилеп

Со назнака: За избор на спортист на годината

На крај од овој оглас од општината само би додале, среќа што постојат индивидуалните спортови и индивидуалните спортски успеси во Прилеп, затоа што спортот целосно би го немало. Секоја им чест и на спортските клубови за карате, џудо, бокс, кик-бокс и останатите кои со минимални средства создаваат шампиони.

Состојбата пак со колективните спортови, а особено со ракометот и фудбалот како репрезенти на градот, најдобро можете да ја погледнете преку табелите во продолжение:

И РК Прилеп и ФК Победа сезонава се второлигаши, а додека младите ракометари на РК Прилеп се борат и го прават невозможното на секој натпревар, Победа се наоѓа на осмото место од табелата во Втората лига-Исток и е можно дури и да испадне уште еден ранг пониско.

Принцот Хари со емотивен говор

Меган и јас се упатуваме кон непознато, но навистина немавме друг избор, рече принцот Хари на првото појавување во јавноста, откако го објавија заминувањето од службените должности во британското кралско семејство.

-Сакам да појаснам дека Меган и јас не одиме никаде- рече принцот во говорот вчера вечерта во Лондон на добротворна вечера организирана од Сентебале, организација за помош на деца заболени од СИДА во Јужна Африка, чиј основач е Хари.

-Велика Британија е мојот дом и местото што го сакам и тоа нема да се промени- додаде тој.

Двојката на Твитер минатиот месец соопшти дека ќе се повлече од позицијата „високи членови на Кралското семејство“ и ќе се обидат да станат финансиски независни.

-Можам да замислам што слушавте и читавте во изминатите недели. Затоа, сакам да ја слушнете вистината од мене, колку што можам да споделам со вас – не како принц или војвода, туку како Хари- рече Хари.

Јас секогаш ќе имам најдлабока почит кон баба ми, мојот главен командант, истакна тој.

-Се надевавме дека сè уште ќе можеме да им служиме на кралицата, комонвелтот и моите воени здруженија, но без јавни пари. Тоа, за жал е невозможно. Се согласив со тоа, знаејќи дека тоа нема да влијае ниту врз мене како личност, ниту врз мојата лојалност- рече Хари.

Кога Меган и јас се венчавме, “бевме возбудени, надежни и подготвени да служиме. Затоа, јас сум многу тажен што вака заврши. Мојата одлука да се повлечеме со мојата сопруга не беше лесна, додаде тој.

-На ова му претходеа повеќемесечни разговори и години на предизвик и знам дека не секогаш правев сè како што треба, но во овој поглед, навистина немаше друг избор- заклучи принцот.

Текстот на говорот е објавен на Твитер профилот на парот, пренесува Би-Би-Си.

Се огласија од 1ТВ: Cите ќе бидат изненадени од вистината и позадината на „Peкет”

1ТВ по долго време откако излезе афepaта со случајот Peкет, се огласија на социјалните мрежи.

– Нашата прва објава ја посветуваме на Бојан Јовановски, човекот кој ја создаде 1ТВ и се бopeше секој вработен да има достоинствен третман, човекот кој беше другар со секој вработен во телевизијата, сведоци сме на фактите кој бил и како бил, стои во соопштението.

Велат дека целата јавност ќе биде изненадена од позадината и вистината за Peкет.

– Како беше изреката, вистината е како шило, а тоа шило ќе го дупне надуениот балон за Peкет, стои во соопштението до јавноста.

Со четворица повратници и подготовки во Прилеп, Победа се подготвува за втората полусезона во Втората лига (Фото)

Фудбалерите на Победа ги продолжуваат подготовките за пролетниот дел на првенството во Втората лига-Исток. Екипата продолжува со по два тренинзи дневно-претпладне на теренот со вештачка трева, а попладне во салата на ДГС Партизан.

На подготовките се приклучи и повратникот во црвено-белиот дрес – искусниот дефанзивец Денис Димитриоски, а во матичниот клуб се враќаат Теофан Илијески-Кисески, Михо Андреески и Петар Симоноски.

Досега договорени се 4 пријателски натпревари:на 5 февруари со Тиквеш во Прилеп, на 8-ми со Слога Виница, на 10-ти со Лабуниште во Охрид и на 12-тти февруари со Кожуф во Прилеп.

Клубот е во преговори за ангажирање на уште 2-3 засилувања – информираат од ФК Победа.