дома блог страница 2823

Kина за само 6 дена ќе изгради болница за погодените од кopoна виpycoт (Видео)

Кинескиот град Вухан, каде се појави опacниот коронавиpyc, започна амбициозна задача да изгради болница од 1.000 кревети за само шест дена за лекyвање на жpтвите од епидемиjaта.

Болницата ќе се гради со монтажни згради околу комплекс првично наменет за локалните работници, лоциран среде градини покрај езеро на периферијата на градот, објави официјалниот весник „Чанџијанг“.

Иако временската рамка е амбициозна, Кина веќе има искуство со градење болници во експресно брз рок: Во 2003 година, за време на појавата на CAPC, 7.000 работници во Пекинг изградија болница за само една недела. Capc, или силен акутен респираторен cиндpoм, уби 349 луѓе во континентална Кина и 299 во Хонг Конг во 2002-2003 година.

Во Вухан градежни машини, вклучително 35 копачи и 10 булдожери, од вчлера ја почнаа работата на болницата.

Итната потреба за болница се покажа како неопходна откако се појави недостиг на кревети во болниците за справување со зapaзените од кopoна виpycoт од кој досега се инфициpaни 830 луѓе, а починaa 26.

(Видео) Чудо во Сибир: Жена падна од 9-ти спрат, стана и замина

Неверојатна сцена во Сибир, жена падна од 9-ти спрат на зград во населбата Излучинск.

Инцидентот го снимал шokиpaн минувач, а на снимката се гледа како жената паѓа на снег, потоа станува и заминува.

Крушево е подготвено да го одбележи роденденот на Тоше – Тоше има само ден на раѓање!

За утре, со почеток од 12:00 часот, Крушево е подготвено за одбележување на роденденот на музичката мега ѕвезда, Тоше Проески, со пригодна програма во спомен куќата „Тодор Проески“.

На овој ден ќе се одржат неколку ликовни изложби во спомен куќата „Тодор Проески“, а во официјалната програма ќе настапува „Уникат бенд“ и Сара Ристеска придружена од Габриела Аврамоска.

Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и ученици од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески ќе се обратат претседателот на Советот на општина Крушево, и директорката на спомен куќата „Тодор Проески“, а ќе биде положено и свежо цвеќе на вечното почивалиште на Тоше.

Тоше Проески на утрешниот ден би славел 39 години, а овој ден 25 јануари, за неговите фанови е опишан со една реченица: „Тоше има само ден на раѓање“.

Извор: “Радио Пела”

(Видео) Илија Димовски го направи “фиран” Сугарески во Собрание

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски испрати жестоки критики на адреса на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски кој според него премалку има сработено од областа на инфраструктурата, иако програмата на СДСМ пред избори беше преполна со ветувања.

Целата дискусија на Димовски погледнете ја во продолжение:

Учителката на час по општество рекла “Северна Македонија”, а учениците во еден глас извикале: “Учителке, никогаш северна, само Македонија”

Интересен статус се прошири на социјалните мрежи

Родител на Фејсбук ја пренесе случката која и’ ја раскажала нејзината ќерка после часот по општество во едно училиште во Скопје.

“Час по општество и учителката лабаво ја спомнува Република Северна Македонија.

Едно од децата: Учителке, никогаш Северна, само Македонија!

Сите деца во еден глас пеат: Никогаш Северна, Само Македонија!

Ме расплака ова што ми го пренесе ќерка ми. Од среќа! Никогаш по горда не сум била на мојата ќерка, на нашите дечиња!”, напиша Емилија чие презиме нема да го oткриеме со цел да не и’ предизвикаме одредени непријатности.

Чудо во Австралија: 15-годишна Американка ја „нокаутираше“ шампионката (Видео)

Американската тенисерка Кори Гауф ја елиминираше актуелната шампионка на Австралијан опен, Наоми Осака со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4.

Осака во текот на мечот не личеше на себе со играта, па 15-годишната Гауф ги користеше сите шанси кои ги доби. Во првиот сет направи еден брејк со што лесно славеше со 6-3, по што вториот почна со по еден брејк на двете страни, а на крајот Американката го реши мечот во своја корист.

Од почетокот до крајот Јапонката мораше да се брани, додека од друга страна Гауф лесно ја „кршеше“ поискусната противничка и така стигна до една од најголемите победи во кариерата досега.

Жителите лежат на илјадници тони дијаманти, но немаат намера да ги откопаат за да се збогатат- еве за кој град станува збор

Жителите на гратчето Нердлинген, Германија, знаат дека живеат на, според стручните пресметки – 72.000 тона дијаманти, но немаат намера да го урнат цел град за да се збогатат.

Огромниот извор дијаманти под градот во германската покраина Баварија настанал пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на вселенското тело била еден километар, баш колку и денешен Нердлинген, а бил тежок околу три милијарди тони.

Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно колку да настане мешавина од стакло, кристали и дијаманти, наречена суевит.

Кога гратчето почнало да се гради, првите жители не знаеле за ова. Со години верувале дека потеклото на кратерот е вулканско, сè додека во 1960-тите не е утврдено дека тука паднал астероид. Суевитот околните жители го користеле како градежен материјал.

Количината на дијаманти е огромна, но не можат да постигнат добра цена, оти се помали од 0,2 милиметра. Така, не вреди да се разурне цел град за да се дојде до „богатството“.

Нердлинген, сепак, профитира на друг начин – туристи од целиот свет доаѓаат тука за да ја разгледаат светкавата архитектура, како и заради музејот Рис кратер, во кој се изложени примероци од кратерот од астероидот.

Пpилепчанката Пyлексениja Јованocка од денecка е во Пapиз: Започнyва завpшната фaзa за ОИ во Токио

Ферри Исиќ и Пуликсенија Јованоска во кати, Берат Јакупи, Виктор Крстевски, Ангела Мојсовска, Глигор Петков, Петар Спасеновски, Моника Стефановска и Петар Заборски од денеска до недела настапуваат на првиот турнир на Карате 1 Премиер лигата во Париз, Франција.

Турнирот во Париз е еден од најсилните, на кој, за жал, нема да настапи нашиот најдобар картист Емил Павлов. Според зборовите на селекторот Сашко Арсовски во еден медиум, Пазвлов е повреден и затоа нема да настапи. Исто така од Париз ќе отсуствува и тешкашот Жарко Арсовски. Нивниот настап се очекува на Премиер лигата во Дубаи, ОАЕ.

Арсовски смета на Павлов, на Жарко Арсовски и Берат Јакупи за Европското првенство во Баку, Азербејџан, во март.

На Премиер лигата во Париз ќе настпат 741 натпреварувач од 92 држави, односно 402 клуба. Во секоја категорија настапуваат 64-те најдобри каратисти во светот по ВКФ ранг листата. Овие настапи се бодуваат за олимписка норма.

Извор: “ИПОН.МК”

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Дојдарн, а еве какво време не очекува

Утрово најстудено е во Берово, -11 степени, а максимални нула се измерени во Дојран.

Според УХМР, -9 е во Скопје Петровец и Крива Паланка, -8 во Демир Капија, Маврови Анови и Куманово, -7 во Штип, Тетово, Битола, Струмица и Скопје Зајчев Рид, -6 во Прилеп, Дебар и Лазарополе, -4 Охрид, Крушево и Гевгелија, а -3 е во Претор.

Висината на снежната покривка е 11 сантиметри во Маврови Анови и четири на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде сончево, наутро студено, а преку денот со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Зарина Првасевда и понатаму ги освојува планинските височини и пее македонски песни – одново ќе ве освои! (Видео)

Девојката која ги донесе македонските песни во една специфична и многу поинаква средина, во планина, продолжува да ги освојува планинските масиви и понатаму да пее.

Зарина Првасевда објави ново видео на кое пее прекрасна песна што одново ќе ве освои.

Погледнете во продолжение:

“Повелете една родопска нумера, која ми текна на лице место додека се фотографирав… Ми се допаѓаат спонтани приказни и напливи. Ова е една длабока и лирична приказна раскажана во малку повеќе од една минута. Повелетe! Инаку ова е едно од видеата од соработката со OPIUM Film и им благодарам до небото за прекрасниве кадри и за тоа како го спакувале целото. И мислам дека може да кажиме дека ова беше само загревање, едвај ги чекам следните. Дотогаш…живели!”, напиша таа под новото видео.