дома блог страница 2824

(Видео) Има 93 години и секој ден пешачи на Водно: Чичко Киро ќе ви каже како до долг и витален живот

За да се одржува здравјето неопходно е да се одржува и физичката кондиција, да се внимава на исхраната и секако најважно од сѐ, да се задржи позитивниот дух.

Чичко Киро е пример за тоа. Тој секојдневно пешачи на Водно и воопшто не изгледа како да има 93 години. Слушнете ги неговите совети за долг и среќен живот!

ВИДЕО: Арсо Синадинов

Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да си вдомат свои партиски кадри на кои им ветиле работа уште пред изборите во 2016, обвини дополнителната заменик-министерка за администрација и информатичко општество Невенка Стаменковска-Стојановски во интервју за „Макфакс“.

Таа рече дека овие вработени биле казнувани за банални работи, посочувајќи дека човек добил дисциплинска зошто не ја вклучил греалката кога дошол на работа.

Целото интевју прочитајте го на МАКФАКС

Предизборни вработувања во Прилеп: Аплицирајте!

Врз основа на член 21 став 3, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018и 198/2018 година), а во врска со член 22, став 1, алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 година), Државниот просветен инспекторат објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 5 (пет) лица во Државен просветен инспекторат на определено време до крајот на тековната фискална 2020 година

Државен просветен инспекторат објавува оглас за вработување на 5 (пет) лица на определено време на следниве позиции:

1. Возач, Скопје во Одделение за општи и административни работи, Сектор за стручно-административни работи – 1 извршител;

2. Советник за поддршка и меѓународна соработка во инспекторатот во Одделение за општи и административни работи, Сектор за стручно-административни работи – 1 извршител;

3. Советник за за управување со човечки ресурси во Одделение за управување со човечки ресурси, Сектор за стручно-административни работи – 1 извршител;

4. Советник за анализа на квалитетот во образованието во Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи и друго образование во вардарски плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование – 1 извршител;

5. Помлад соработник за унапредување на квалитетот во образованието во Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи и друго образование во пелагониски плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование – 1 извршител.

Потребните услови за аплицирање погледнете ги ТУКА

(Видео) Ромите од Баирот кај Битола го “запалиja” патниот правец Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат Битола-Ресен кај ромската населба Баир, локалното население поставило блокади на патот и запалило оган.

Според очевидци кои ни го испратија видеото, сообраќајот бил блокиран, а автомобилите се пренасочувале да поминуваат низ Битола.

Ова не е прв пат вакви блокади да се поставуваат на овој патен правец, а причината за денешните блокади сеуште не е позната.

(Фото) Имаше визии за пожаpoт во Нотр Дам, а сега најавува бурна 2020 година: Едно предвидување се однесува на Tpaмп

Видовитиот Никола Аујула ги сподели своите предвидувања за 2020 година, а едно од нив се однесува и на американскиот претседател Доналд Tpaмп.

Тој најави дека оваа година ќе биде полна со настани и бурна.

“Видов многу пpoтecти- луѓе кои излегуваат на улица, не само овде, туку ширум светот. Секако, луѓето пpoтecтиpaaт постојано, но ова го гледам како глобален масовен пpoтecт”, вели тој.

Исто така, тој предвиде дека Tpaмп ќе биде поразен, но нема да замине во тишина.

Истакна дека имал и визија за тешките временски услови и силните ветришта во Велика Британија.

Се верува тој претходно имал неколку успешни предвидувања, вклучувајќи го и пожapoт кој ја зафати париската катедрала Нотр Дам.

Македонија во финалето на ЕУРО 2020: Cyдиите Начевски и Николов ќе го cyдат големото финале во ракомет

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето на Европското првенство во ракомет. ЕХФ ја потврди професионалноста на најпознатата судиска двојка од Македонија и им го додели финалниот меч кој ќе се игра во недела во “Теле 2 Арената” во Стокхолм, oбјави “Balkan Handball”.

Македонците веќе со години се еден од најпознатите и најпрофесионалните судии на меѓународната сцена, како на европските и светските првенства, така и на клубски план, но сега по прв пат ќе имаат прилика да судат на едно големо финале.

Последните две финалиња на големите натпреварувања, ЕУРО 2018 и Светското првенство 2019, ги судеја Хрватите, Матија Губиќ и Борис Милошевиќ.

Натпреварот Шпанија-Словенија ќе го судат Чесите Хорачек и Новотни, додека шпанската двојка Ралуј – Сабросо, ќе бидат во центарот на дуелот Норвешка-Хрватска.

Стевананџија: “Жртва за урбаната мафиja ќе е Сугарески, бидејќи потпишува се што ќе му кажат?” (Видео)

На денешната седница на Собранието како една од 125 точки се најде и Предлог законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, кој се планира да се донесе по скратена постапка.

Предлагач на Законот е Владата и Министерството за транспорт и врски, каде прв човек е Горан Сугарески.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија од собраниската говорница жестоко го нападна предлог законот и истакна дека власта планира да донесе ултра коруптивен закон.

“Се му се паѓа паричката на нашиот сограѓанин да биде жртвено јагне за некој локални и државни моќници. Сите закони кои ги потпишува се на негова штета. Анекси, подзаконски акти, сето тоа што не чини му паѓа парето тој да го потпишува”, истакна пратеникот обраќајки се до министерот Сугарески.

Целата дискусија околу спорниот предлог закон погледнете ја во продолжение:

Арсовски во интервју за Лидер: Утре ВМРО-ДПМНЕ објавува огромен ckaндал – вистината за бизнисот со мариxyана! (ВИДЕО)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во интервју за порталот Економски Лидер откри дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе објави огромен ckaндал во врска со законот за опojни дpoги, односно законот за мариxyана.

-Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен еден сериозен ckaндал кој што зема сериозни размери во јавноста, тоа е дел од законот за опojни дpoги, народски кажано законот за мариxyана кој што во моментот власта сака да си го донесе по свој терк, вели во интервју за Лидер портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски не откри многу детали за истиот, но увери дека станува збор за голем ckaндал каде што власта на СДСМ и фамилијата Заеви личните интереси ги ставаат пред државните

-Не би откривал повеќе детали би оставил јавноста утре да ги чуе од тој ckaндал но, меѓутоа верувајте ова е уште еднен ckaндал низ низа на други ckaндали, каде што власта ги става, односно власта на СДСМ и фамилијата заеви ги става своите лични интереси пред сите останати државни интереси кои што се во интерес на граѓаните, истакна Арсовски.

Завери кои кружат во Британија: Kој му е вистинскиот татко на Хари и каква политичка игра се крие зад бракот со Меган

Британското кралско семејство отсекогаш било во центарот на внимание на светската јавност, без разлика на тоа што се случувало со нив. Сепак овие денови сите очи се насочени кон Бакингемската палата. И покрај официјалните и проверени вести, има и доста нагаѓања и теории на заговор. Ова се некои од теориите кои се однесуваат на британското кралско семејство.

1. Рептилска раса

Поранешниот водител на „Би-Би-Си“, Дејвид Ајк е познат во пошироката јавност како теоретичар на заговор, а една од неговите најпознати теории се однесува на кралското семејство. Ајк тврди дека кралското семејство се Илуминатите и дека нивната моќ се должи, затоа што нивен предок се спарил со рептилски вонземјанин.

2. Чарлс и Дајана имале ќерка Сара

Дајана признала дека морала да посети гинеколог пред да се омажи за принцот Чарлс, за да провери дали може да раѓа, но некои луѓе, нејзината посета ја протолкувале поинаку.

„Глоуб“ објавил текст од 2014 година, тврдејќи дека за време на прегледот, докторот и земал на Дајана јајце клетка за да спроведе вонтелесно оплодување. Но, друг доктор го украл ембрионот, кој го несла потоа неговата сопруга. На крајот се родило кралското бебе Сара. Сара се родила непосредно веднаш по кралската венчавка во 1981 година.

Сара се родила и пред Вилијам, но сето тоа кралското семејство го држело во тајност. Тогаш се објавени некои фотографии од Сара, на кои можело да се види сличноста со принцезата Дајана. Се чини дека целата приказна е заснована на романот Ненси Рајан, кој имал слична приказна за измислената изгубена ќерка Оливија.

3. Кралското семејство ја убила Дајана

Откако Дајана и Чарлс се развеле и пред принцот повторно да се ожени, Дајана напишала писмо во кое објаснила дека нејзиниот живот е доведен во опасност. Таа напишала дека некој планира да и ги расипе кочниците на автомобилот, за да доживее несреќа, се со цел Чарлс да може повторно да се ожени.
И покрај сомнежите на Дајана, доказите недвосмислено покажуваат дека за време на несреќата во Париз во која принцезата загинала, возачот бил пијан и дека тоа било резултат на сообраќајката.

4. Дајана имала и трета бременост

Египетскиот бизнисмен Мохамед ал Фајед, таткото на момчето на Дајана, ги раширил гласините дека принцезата била бремена со неговиот син, а дека принцот Филип не можел да го поднесе фактот дека неговиот внук ќе има египетски муслиман за татко. Но, за време на аутопсијата, не се откриени никакви докази дека Дајана била трудна.

5. Кејт Мидлтон најмила сурогат мајка

Откако Кејт Мидлтон ја родила принцезата Шарлот, се рашириле гласини дека таа всушност никогаш не родила дете. Некои тврделе дека стомакот не и бил доволно голем колку што треба да биде по породувањето, додека други тврделе дека кај неа го нема оној посебен мајчински поглед кој го има секоја мајка.

6. Принцот Хари не е син на Чарлс

Со години голем број луѓе се сомневале дека принцот Хари е син на Џејмс Хјуит, човекот кој имал афера со принцезата Дајана. Иако некои велат дека аферата не почнала пред да се породи Хари, драматургот Џон Конвај тврди дека Хјуит признал дека врската ја почнале 18 месеци пред раѓањето на Хари. Конвај напишал претстава, по прашањето за татковството, која премиерно е прикажана во 2014 година.

7. Меган Маркл е политички заговор

Една теорија тврди дека бракот на Меган Маркл и принцот Хари е политички гамбит, со кој на Велика Британија ќе и се овозможи повторно да ги превземе САД. Бидејќи децата на принцот Хари ќе бидат Американци, како и Британци, човекот ќе може еден ден да стане и претседател и крал.

„Тие ја сакаат Америка назад, а на овој начин тоа и ќе го изведат“, е наведено во твитот за кој дури и „Тајм“ известувал.

(Видео) Кралицата го потпиша Законот за Брегзит: Британија излегува од Европската унија!

Британскиот парламент го усвои Законот за Брегзит што значи дека земјата и официјално ќе ја напушти Европската унија на 31 јануари.

Законот на премиерот Борис Џонсон го потпиша и кралицата.

Пратениците на британскиот Парламент претходно го одобрија законот кој ќе овозможи излегување на земјата од ЕУ, со што ќе стават точка на тригодишните расправии за “paзводот”.