дома блог страница 2822

Досега необјавено видео: На неговиот роденден објавено видео од еден од неговите први настапи

На денот на неговиот роденден кога требаше да наполни 39 години, на јутјуб каналот од Меѓународната фондација “Тоше Проески”, се појави досега необјавено видео од еден од првите настапи на Тоше.

Се работи за изведба на песната “Кољка” каде Тоше настапува заедно со хорот при ООУ “Никола Карев” од Крушево.

Погледнете во продолжение:

Игор Карачиќ на пат да стане македонски зет: Неговата љубов со преубавата Македонка цвета (Фото)

Ракометната репрезентација на Хрватска ја победи Норвешка и обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во ракомет. Еден од најдобрите играчи на коцкестите, Игор Карачиќ ја имаше потребната поддршка за победа. Во првите навивачки редови беше и неговата девојка, струмичанката Душица Андоновска облечена во хрватски дрес.

Преубавата манекенка веднаш по големата победа објави селфи-фотка со Игор и напиша многу едноставен коментар: „Финалееее!“.

Инаку парот е заедно скоро една година, а дека нивната љубов цвета говори и тоа што Душица е речиси на секој негов натпревар, без разлика дали е тоа натпревар за репрезентацијата или неговиот матичен клуб – Кјелце.

Јаховиќ за влакно го избегна земjoтpecoт во Турција и испрати емотивна порака! (ФОТО)

Турција утринава ја потресе силен земjoтpec од 6,8 степени по кој 3aгинaa 22 лица, а голем број се иcчезнати. Епицентаpoт бил во градот Елазиг само 100 километри од Малатија.

Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ пред само неколку дена си замина од Малатијаспор и потпиша за Анталијаспор и за влакно ја избегна катacтpoфата. Тој утринава се огласи преку социјалните мрежи. Им посака на луѓето во регионот на Елазиг и Малатија да бидат добро во овие тешки моменти.

Пачешкоски “гази” на терен: Подрачната единица Прилеп активно и посветено се залага за создавање успешни и конкурентни земјоделци

Раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп, Зоран Пачешкоски, високо котираше на анкетата за потенцијални кандидати за пратеници од Прилеп, која пред извесно време ја спроведовме преку нашиот портал. Според реакциите и коментарите кои ги добивме тогаш, Пачешкоски беше препознат како една од светлите точки на владеачката гарнитура во Прилеп.

Екипата на Здружението “Современо земјоделство”, беа во посета на подрачната единица на Министерството во Прилеп. Во тек е откупот на тутун, повик за закуп на државно земјиште, Ипард, па поразговараа околу сите актуелни теми, во интерес на земјоделците.

Интервјуто во продолжение е преземено со дозвола на Зоран Пачешкоски!

Б.П.: Повеќе од две години, сте раководител во МЗШВ ПЕ Прилеп. Како се пронаоѓате себе си во оваа професија?

Зоран Пачешкоски: Да, повеќе од две години, односно две години и половина, сум меѓу земјоделците и на страната на земјоделците. Позицијата на која сум, всушност е со секојдневна потреба за постојани состаноци со земјоделци, теренски посети и совети. Воопшто не ми се далечни состојбите во земјоделското производство особено што потекнувам од овој крај. Имам контакти со земјоделски производители, често разговараме со нив за состојбата во која се наоѓаат и за мерките кои треба да се превземат од страна на Владата, за постојано подобрување на статусот на земјоделците. Силно сум посветен да помогнам кај секој еден поединечно, со крајна цел: да имаме успешни и конкурентни земјоделци во прилепскиот регион.

Б.П.: Какви услови затекнавте и кои промени ги направивте за подобрување на капацитетите на ПЕ Прилеп?

Зоран Пачешкоски: Она за кое се стремам како Раководител е сите земјоделци да бидат примени и услужени од вработените во подрачната единица. Ние сме најголемата подрачна единица во државата, со над 15.000 евидентирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Не е лесно да се води оваа функција, но затоа е голем предизвик, ние да ги направиме позитивните и потребните промени за пристојна професија и пристоен живот, нешто што земјоделците една деценија го немаа.

Б.П.: Колку земјоделците од овој регион се пријавуваат на активните повици од МЗШВ? Во моментов има активен повик за закуп на државно земјоделско земјиште…

Зоран Пачешкоски: Интересно е да се спомене дека на минатиот повик за закуп на државно земјиште, од вкупно 300 договори на државно ниво, 50 беа во Прилеп. На повикот кој завршува на 22 јануари, очекуваме ПЕ Прилеп да има над 300 апликации за закуп на државно земјоделско земјиште. Во моментов ПЕ Прилеп има над 1000 активни договори за закуп на државно земјоделско земјиште, што повторно не прави лидери во земјоделството.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Денес се слави Св. маченица Татјана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.

Денеска е Св. маченица Татјана.

Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачeHa. После измачyBaњата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама. Најпосле и ја отcekле главата.

Света Татјана пocтpaда за Христа во третиот век.

Неверојатно видео: Еве како “Македонскиот воин” Даниел Стефановски стана светски првак

Даниел Стефановски или попознат како “Macedonian Warrior” е можеби најголемиот македонски спортски амбасадор.

Даниел стана светски првак во К-1 суперкомбат претходната година, а сега на неговиот Фејсбук профил сподели неверојатно видео од борбата за титула.

Следи промена на времето

Времето во западните делови во земјава денеска ќе биде претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 5 до 13 степени.

Во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. И во текот на следната седмица ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови.

„Ла Верита“: Зоран и Вице Заеви учествувале во купопродажба на гласови на избори

Досие за Заев, омилениот премиер на ЕУ, околу кого се стеснува кругот. Истрага од обвинителството во Скопје: За време на изборите во 2014, Заев бил дел од мрежа за изборни нepeгуларности.

Како што беше истакнато во август по објавувањето на доказите поврзани со случајот „Peкет“, кои придонесоа за пад на владата на социјалистот Зоран Заев, „Ла верита“ продолжи со својата истражувачка активност во потрага по нови случаи кои што би можеле да го потврдат kpиминалното раководење со власта за време на мандатот на екс премиерот.

По месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, може да продолжиме со објавување во три делови на документи во рацете на македонското обвинителство што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од Зоран Заев.

Тој за време на парламентарните избори во 2014 г., како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев, пишува италијанскиот весник Ла Верита.

Доказите за таквите измами „Ла Вeрита“ ги ги стекнал кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да отпочне судски процес против ocoмничените.

Со оглед на тоа што за откриеното потенцијално кривично дело, од кривичната пријава број 50/16 во обвинителството за opганизиран kpиминал, не се застарени роковите и за скоро сето ова би требало да води кон нов развој на настаните од страна на тие што го водат случајот. Во следните денови за да не влијаеме негативно на употребливоста на материјалите кои се сè уште на располагање на обвинителството, ќе објавиме кратки сублимирани извадоци од дел од документите од истрагата.

Податоците од истражните мерки за делото според релевантни индиции водат кон Зоран Заев, кој според едно видео скоро објавено во Македонија токму во тој период се фалел дека е избран од Европската унија за да ја води земјата во иднина, а тоа ја потврдува нашата теза кажана во минатото, недемантирана ниту од засегнатиот, дека лидерот на социјалистите отсекогаш знаел за нелегалните активности на неговите соработници. Фактот што во 2014 г. македонското обвинителство отворило истрага за Заев, ја зголемува одговорноста на Могерини и на експретседателот на ЕК Јункер, бидејќи го избрале Заев како нивни човек од доверба.

Италијанскиот весник „Ла верита“ наведува дека е чудно што обвинителството во тој период не успеало да го процесуира случајот, според аналитичарите би можело да значи и дека имало паралелен политички договор меѓу тогашната власт и опозицијата – за случајот да се молчи.

На парламентарните избори вo 2014 не победи СДСМ, но во секој случај тој изборен циклус го одбележа почетокот на институционалната криза којашто и ден денес е присутна во Македонија. Без разлика на ветувањата за принципиелна оставка во случај на пораз, Заев остана на неговото место изјавувајќи дека не ги признава изборните резултати и дека сака да го бојкотира новиот парламент, пишува Ла Верита.

Италијанскиот весник анализира дека тогаш почнува тешкото контрирање кон премиерот Груевски и отворената поддршка за Заев од структурите на Сорос, кои го снабдиле претседателот на СДСМ со снимени телефонски разговори.

Исто така Заев имаше и финансиска поддршка сè до своето доаѓање на власт благодарение на криминалната употреба на снимените разговори предадени на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Новата институција се создаде по барање на Могерини за да се легализираат снимените разговори што ги доби Заев. Институција СЈО беше доверена на личност којашто, врз база на доказите претходно објавени од наша страна, сега се наоѓа на суд.

Во изминатиов период во Македонија немаше темелна обвинителска истрага поврзана со документацијата анализирана од наша страна, ниту пак имаше неселективен судски процес базиран на владеењето на правото, кој би ги расветлил начините на владеење и криминалните шеми кои постојат во земјата.

Наша желба е документите што ги поседуваме да ја активираат работата на обвинителските институции во Македонија, и како што подвлече новиот унгарски комесар за проширување Оливер Вархеји за време на посетата на Скопје минатата недела, да помогнат на обвинителите да докажат дека се способни да го променат своето делување пред крајот на март.

Комесарот се надева дека дотогаш македонскиот парламент ќе може конечно да подготви закон за jaвно обвинителство доближувајќи го до стандардите на владеењето на правото на западните земји. Тоа би бил вистински чекор напред за влез во Европската унија, еден ден, пишува „Ла верита“.

Стевананџија: “Сугарески не си ја прочитал ни својата програма, ама ќе правел 200.000 милиметри автопат за 20 милиони евра?” (Видео)

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

Тој кажа дека граѓаните ни во најлошиот сон не се надевале дека Македонија ќе падне за повеќе од 40 места на индексот за корупција. Имено, пратеникот потенцираше дека ова е огромен скандал за државата.

– Затоа денеска е брутална и Transparency International која што вика дека ни во најлошиот сон не можеле да замислат дека Македонија од 64 место во 2014 година денеска според индексот на корупција ќе биде на 106 место. Ни во најлошиот сон сите неопределени сите шарени сите оние кои што поверуваа во криминалите на СДСМ не можеа да замислат дека само за 5 години ќе паднеме повеќе од 40 места на индексот за корупција, појасни Стевананџија.

Тој дополни дека криминалната влада на СДСМ брутално потпишала договор за изградба на автопат во должина од 12 километри за 110 милиони евра и дека според пресметките еден километар асфалт би коштал околу 9 милиони евра.

Пратеникот зборуваше и за неисполнетите ветувања од програмата на СДСМ и министерот Сугарески во поглед на инфраструктурните проекти и патишта, а новиот Предлог законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, кој го нарече закон кој претставува брутална корупција.

Целата негова дискусија погледнете ја во продолжение:

Типyвajте на “Медена земја” да добие Оскар: Моцарт ви нуди можност за добивка!

Македонскиот филм „Медена земја“ е во трка за “Најдобар филм од странско потекло“ и “Најдобар документарен филм” на овогодинешните Оскари.

Доколку ова е вашиот фаворит Mozzart ви нуди можност да одиграте, а квотата за тоа е 32.00.

Па така за одиграни на пример 50 денари, ќе можете да освоите 1.600 денари.

Погледни го комплетниот Оскари 2020 специјал на следниот ЛИНК