Зарина Првасевда и понатаму ги освојува планинските височини и пее македонски песни – одново ќе ве освои! (Видео)

Девојката која ги донесе македонските песни во една специфична и многу поинаква средина, во планина, продолжува да ги освојува планинските масиви и понатаму да пее.

Зарина Првасевда објави ново видео на кое пее прекрасна песна што одново ќе ве освои.

Погледнете во продолжение:

“Повелете една родопска нумера, која ми текна на лице место додека се фотографирав… Ми се допаѓаат спонтани приказни и напливи. Ова е една длабока и лирична приказна раскажана во малку повеќе од една минута. Повелетe! Инаку ова е едно од видеата од соработката со OPIUM Film и им благодарам до небото за прекрасниве кадри и за тоа како го спакувале целото. И мислам дека може да кажиме дека ова беше само загревање, едвај ги чекам следните. Дотогаш…живели!”, напиша таа под новото видео.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.