Стевананџија: “Сугарески не си ја прочитал ни својата програма, ама ќе правел 200.000 милиметри автопат за 20 милиони евра?” (Видео)

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

Тој кажа дека граѓаните ни во најлошиот сон не се надевале дека Македонија ќе падне за повеќе од 40 места на индексот за корупција. Имено, пратеникот потенцираше дека ова е огромен скандал за државата.

– Затоа денеска е брутална и Transparency International која што вика дека ни во најлошиот сон не можеле да замислат дека Македонија од 64 место во 2014 година денеска според индексот на корупција ќе биде на 106 место. Ни во најлошиот сон сите неопределени сите шарени сите оние кои што поверуваа во криминалите на СДСМ не можеа да замислат дека само за 5 години ќе паднеме повеќе од 40 места на индексот за корупција, појасни Стевананџија.

Тој дополни дека криминалната влада на СДСМ брутално потпишала договор за изградба на автопат во должина од 12 километри за 110 милиони евра и дека според пресметките еден километар асфалт би коштал околу 9 милиони евра.

Пратеникот зборуваше и за неисполнетите ветувања од програмата на СДСМ и министерот Сугарески во поглед на инфраструктурните проекти и патишта, а новиот Предлог законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, кој го нарече закон кој претставува брутална корупција.

Целата негова дискусија погледнете ја во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.