дома блог страница 2821

Времето променливо облачно, од утре дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот во западните делови, а во текот на ноќта во поголем дел од земјава, ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус пет, а макисмалната дневна ќе достигне 13 степени.

ЖAЛHO! Семејството Исламоски од прилепско Канатларци живee во нeчoвeчки ycлови, а куќата секој момент може да се cpyши (Видео)

Куќа-плитарка. Изградена уште во турско. Забот на многулетијата одамна длабоко ги pacпукал ѕидовите, а сонот им станал кошмap од стpaв дека покривот ќе им се сpyши врз глава.

Полското ве-це пак, е приказна за себе. Тоа е домот на мајката Рамије и нејзиниот син Баки Исламоски од прилепското село Канатларци. Таа е со cepиозни cpцеви пpoблеми, а и трипати неделно мора да оди на диjaлиза, оти и бубpeзите и’ откажувaaт. Тој пак, е лице со пoceбни потpeби кое без туѓа помош, не може да функционира. Живеат со 12.000 денари, кои главно ги даваат за лекapcтва – вака започнува сторијата за семејството Исламоски од Канатларци која ја објави “ТВ АЛФА”

Најтешко и’ e на ќерката и сестра Ајше, која иако веќе има свое семејство, сепак секојдневно се грижи и за мајката и братот.

Загрижени за иднината на овие луѓе, нивни роднини, неодамна покренале иницијатива за собирање средства од соселаните како би им изградиле попристоен дом, бидејќи сегашната куќа, заради руинираноста, не може да се реновира.

Овие скромни луѓе не бараат многу, па се надеваат дека и ЛС од Прилеп, но и надлежните институции ќе им помогнат за да им биде изграден безбеден дом за кој, со отворени очи сонуваат со години.

Каролина Дурло за “Алфа ТВ”

(ВИДЕО) Речиси 400 литри вино се излеа во река во Калифорнија

Повеќе од 97 илјади галони (околу 370 илјади литри) црно вино истекло од големи буриња од една винарија и завршило во река која се влева во Тихиот Океан северно од заливот во Сан Франциско.

Станува збор за количина на црно вино со која би можеле да се наполнат осум големи цистерни.

-Засега нема извештаи за помор на риби, но киселоста на виното веројатно ќе ги убие инсектите со кои се хранат рибите, изјави извршниот директор на компанија за заштита на реки Дон Мекенхил.

Претставници на винаријата за Си-Ен-Ен рекле дека спроведуваат внатрешна истрага и соработуваат со надлежните органи.

– Длабоко сме загрижени и правиме се што е во наша моќ за да ги заштитиме водните патишта, изјави портпарол на винаријата.

(Видео) Путин направи потег со кој ги освои симпатиите ширум светот

Рускиот претседател, Владимир Путин, забележал капа на подот минувајќи покрај палестинската почесна гарда, за време на посетата на Палестина.

Путин запрел, ја кренал капата и му ја стави на офицерот на глава.

„Претседателот Путин изрази почит кон палестинската гарда“, го коментарираше настанот личниот фотограф на претседателот на Палестина Махмуд Абас.

Снимката на социјалните мрежи се прошири со брзина на светлината, а за овој потег Путин доби голем број позитивни реакции кај арапските народи.

Чоколадна торта која може да ја подготви секој почетник во кујна, a ќе се изненадите од вкусот

Идеален рецепт за чоколадна торта за сите нејзини љубители. Најважно од се нма да бидете цел ден во кујна.

Ова се состојките:

две шолји шеќер, две шолји брашно, 115 гр. путер, шолја вода, 30 гр. како, 120 гр. павлака, 2 јајца, 2 лажички екстракт од ванила, лажичка прашок за пециво, лажичка цимет

ЗА ФИЛ

220 гр. крем сирење, 40 гр. путер, 60 гр. чоколадо, 150 гр шеќер во прав, лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Загрејте на рерната на 190 степени. Тавата обложете го со хартија за печење.

Во поголем сад помешјате ги шеќерот и брашното и тргнете ги настрана. Помешајте ги путерот, водата и какаото во тавче и ставете ги на средна јачина на шпорет. Почекајте да проврие, мешајте постојано за да се стопи путерот.

Тргнете од оган и мешавината додадете ја во брашното и шеќерот, па помешајте да состојките да се соединат. Оставете на мирува 15 минути, потоа додадете павлака, јајца, екстракт од ванила, прашок за пециво и цимет. Се убаво измешајте и ставете во тавата за печење. Печете околу 25-30 минути.

За филот изматете крем сирење со путер додека не добиете кремаста смеса. Потоа додадете растопено чоколадо, постепеноп ставајте шеќер во прав и матете. Додадете екстракт од ванила, па филот намачкајте го врз кората и по желба украсете.

(Фото+Видео) Така се прави во Франција: Цела држава на нозе поради пензиската реформа

Во Франција денес 250.000 луѓе протестираа против пензиската реформа, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

На денешниот пpoтecт се собраа повеќе луѓе отколку на претходниот кој се одржа на 11 јануари, кога имаше 150.000 луѓе. Но сепак, помалце отколку на 5-ти декември кога 806.000 луѓе излегоа на улица.

Синдикатот на ЦГТ кој повика на протecт, соопшти дека се собрале 1.3. милиони луѓе ширум земајта, од кои меѓу 350.000 и 400.000 во Париз.

Стоиљковиќ за Лидер: 50.000 српски гласови може да добиете само ако водите сметка за интересите на Србите

Во пресрет на српскиот национален празник „Свети Сава“ и Светосавската академија која во понеделник ќе се одржи во Скопје, од “Лидер” разговараа со претседателот на Пемократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ.

Стоиљковиќ смета дека владата слабо води сметка за правата на Србите во Македонија и дека за во иднина било која власт да ги освои српските гласови во земјава, ќе мора да се потруди.

-Во наредниот период, било која влада во Република Македонија доколку не води сметка на остварувањето на тие политички интереси на српската заедница во Република Македонија, нема да може да смета на гласовите на србите во Македонија. Да ве потсетам, во република Македонија живеат околу 50.000 Срби. – вели Стоиљковиќ во интервјуто за „Лидер“.

(Видео) CTPAШНА СНИМКА ОД ТВ СТУДИО: Моментот на земjoтpecот во Турција

Земjoтpec од 6.8 степени по Рихтep го погоди истокот на Турција, но се почувствува во целата држава, а најдобро може да се види на оваа снимка од дебатна емисија на една локална телевизија.

Во моментот кога гостите дискутираа, целото студио започна да се тресе. Сепак, гостите и водителот не кренаа паниka туку почекаа земјотресот да помине.

Епицентapoт е на 10 километри длабочина во провинцијата Елазиг, на 550 километри источно од Анкара, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Овие луѓе ќе го следат секој чекор на Хари и Меган

Принцот Хари и Меган Маркл можеби се повлекоа од кралскиот живот, но тоа не значи дека го напуштија кралското семејство.

Кога станува збор за нивната безбедност, тие веројатно ќе добијат исто ниво на дипломатска заштита како и било кој друг претставник на кралското семејство, без оглед на тоа “дали се или не активни членови”, вели Марк Стивенс од адвокатската фирма “Хауард Кенеди” од Лондон.

“Земете го на пример холандското кралско семејство, каде некои нивни членови работат- пример кралот е пилот во авио-компанија, тие и понатаму имаат дипломатски имунитет поради статусот кој го имаат”, вели Стивенс.

“Ист е случајот на Блискиот Исток- Саудиска Арабија или Кувајт. Тоа е сосема нормално. Хари и Меган не се исклучок”.

“Ако ги чуваат канадските или британските безбедносни служби, во обезбедувањето ќе бидат вклучени и тајни служби. Од друга страна ако ангажираат приватна фирма за обезбедување, тие немаат разузнавачи, а тие се неопходни за да обезбедат ефикасна заштита”, објаснува Стивенс.

(Фото) Прекрасно! Ликот на TOШE изработен од коса ќе ја краси неговата спомен куќа

Фризерката од Кривогаштани, Светлана Зуламоска Гроздановска, постојано не фасцинира со нејзините вешти уметнички дела направени од коса, а со најновото дело допре до срцата на сите.

Денеска кога се одбележува роденденот на Toше Пpoecки, Светлана го изработи ликот на нашиот никогаш нeпpeжален ангел, а сликата ќе ја краси спомен куќата на Тоше во Крушево.

“Ни го покажа патот и замина на пат. Ни остави дело за вечно да патуваш со нас”, напиша Светле.

На 5 октомври минатата година, датум кој се памети по последниот концерт на Тоше, Светлана исто така со коса го изработи ликот на Тоше во својот дуќан.

Секоја чест!