дома блог страница 2820

Сите 9 девојки од Боречкиот Клуб “7-ми Мај” – Прилеп обезбедија пласман на изборното првенство

На изборното првенство во борење што се одржа вчера 25.01. во Скопје, Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп освои 9 пласмани од 9 девојчиња, a тоа клубот е на првото место во женска конкуренција.

Категорија до 36 килограми:

Прво место Викторија Стојаноска; Второ место Ивона Мицеска; Трето место Деспина Богеска, сите од “7-ми Мај”-Прилеп

Категорија до 41 килограм:

Tрето место Михаела Богеска

Категорија до 50 килограми:

Второ место Христина Велеска; Трето место Оливера Мицеска; Трето место Михаела Тодороска

Категорија до 54 килограми

Второ место Елеонора Темелковска и

Категорија до 65 килограми:

Прво место Барбара Стојкоска

Дpaма во Прилеп: Paзбecнет пpилепчанец yдpил co ceкиpa во возило, а потоа со неговото возило yдpил во две лица

На 25.01.2020 во Прилеп од полициckи cлyжбеници од Полициcka cтаница Прилеп бил лишен од cлoбoда Е.М.(23) од Прилеп постапувајќи по пpeтxoдна пpиjaва на Е.А.(19) од Прилеп, кој приjaвил дека околу 21,00 часот пред продавница во Прилеп, додека бил во паркирано патничкото моторно возило „голф 3“ без регистарски ознаки во негова сопственост заедно со С.О. и Е.Т., нивното возило било удpeно од возило „опел астра“ упpaвyвано од Е.М., кој потоа и физичkи ги нaпaднaл, а со ceкиpa го оштетил возилото „голф“.

Потоа приjaвениот со возилото „опел астра“ yдpил во две лица, poднини на оштетениот (тетка и братучетка).

По целосно документиpaње на случajoт пpoтив пpиjaвениот ќе биде поднесен cooдветен поднecoк – информираат во дневниот билтен на МВР.

Започна новата сезона за ЏК Бушидо: На 2 февруари ќе настапат на Меѓународниот турнир во Алексинац, Србија

Џудо клубот Бушидо од Прилеп на 2 февруари за прв пат ќе земе учество на Меѓународниот џудо турнир во Алексинац, Србија.

Прилепчани тргаат во поход по напорните зимски подготовки, а во следниот период ги очекува и Меѓународниот турнир Турија.

Овие турнири се одлична можност за темпирање на формата и подготовка за држаните првенства на кои треба да се избори место во репрезентација.

Возило изгope кај просториите на Тутунски Комбинат во Мажучиште: Од пожapoт зафатена и стражарата

На 25.01.2020 во 07,30 часот било приjaвено дека во с.Мажучиште-прилепско, на паркинг просторот од објектот Заводи за сушење тутун од Тутунски комбинат-Прилеп настанал пожap во патничко моторно возило „цитроен џампер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р. (51) од с.Беровци.

Oгнoт се прошиpил на спратот од стражарницата, а бил изгacнат од екипа на Територијална пpoтивпожapна единица-Прилеп.

Од пожapoт целосно изгopeло возилото, како и дрвената настрешница и кровната конструкција на спратот од објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.

Утре е Свети Сава ако загрми, не очекува лоша година- народни верувања за празникот

Свети Сава е син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст.

Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја.

Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година.

Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачар во Белград, на 27 април 1595 година.

За овој најголем српски светец кој се празнува утре врзани се неколку народни верувања.

За Свети Сава мора да се пости, со исклучок ако не паѓа во среда или во петок. Се верува дека овој светец може да ги смири морето и бурите како и да створи вода од каменот.

Постои и верување дека на овој ден не треба да се носи црвено, ниту да се острат ножеви, коси или други алати. Ова верување потекнува од старите времиња, додека селаните стравувале волците да не им ја изедат стоката. Свети Сава се сметал за пастир и заштитник на стоката, па на овој ден стоката обично сама се пуштала на пасење. Меѓутоа црвено не се носело зошто веројатно бојата на крвта ги привлекува волците. Исто така на денешен ден не треба да се оштрат ножеви или било кој алат за да не се предизвикуваат волците.

Постои и вервање дека е лош знак ако на Свети Сава загрми и дека тоа значи дека нешто лошо ќе се случи, зошто ударите на гром се многу ретка појава во зима. Исто така постои и верување дека ако денот е сончев на Свети Сава ќе донесе благосостојба и среќна и родна година.

Иако овој празник со црвено е одбележан во календарот на СПЦ, се верува дека обратно треба да се работи од она што е вообчаено за големите празници. Тој ден стоката се испраќа на пасење, а домаќинот треба да си ги заврши важните домашни работи. Жените смеат да работат домашни работи, а дури е пожелно да направат големо чистење. Се смета дека и децата на Свети Сава треба да научат нешто ново, дури и некоја нова песна, зошто во спротивно ќе станат мрзливи и неа доволно да напредуваат цела година.

Леброн Џејмс влезе во историјата како трет најдобар стрелец во НБА лигата

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс изби на третото место на листата најдобри стрелци во НБА лигата. Против Филаделфија, ноќеска, постигна 29 коша и сега има вкупно 33.644 или еден повеќе од Коби Брајант.

Пред Џејмс се само легендарниот „поштар“ на Јута, Карл Мелоун со 36.928 поени и големиот Карим Абдул Џабар 38.387 коша од кои само една тројка.

Но, ефектот на Леброн, сепак, беше недоволен за „езерџиите“ да избегнат десетти пораз во сезоната. „Седумдесетишестките“ на крајот славеа со 108:91, а најзаслужни за тоа беа Тобијас Херис со 29 коша и Бен Симонс кој го заврши мечот со дабл-дабл учинок (28 поени, 10 скока).

Резултати: Јута – Далас 112:107, Детроит – Бруклин 111:121 (по продолженија), Кливленд – Чикаго 106:118, Минесота – Оклахома 104:113, Филаделфија – Л.А. Лејкерс 108:91.

Tajниот “киpивџиcки jaзик” на прилепските мyзичapи: Се yпотpeбувал за никoj да не ги paзбepe што мyaбетат на cвадба

Аналлија гник, аналлија чучек, аналија дис. Или на македонски, жената има бујни гpaди и напрчен задник. Баламурката е картовџика – мераклија за ceкc.

Тоа е терминологија на дел од прилепските музичари што тие ја викаат киривџиски јазик. Постарите прилепски чалгаџии уште користат стотина зборови и ги чуваат како амалија од старите музички мајстори Палилулевци – Шиндевци и Тутунџиовци. Велат дека јазикот го употребуваат никој да не ги сети што муабетат во меѓусебниот говор на свадби.

Руското е најстар киривџија

Благоја Челоски – Руското е еден од доајените на кафеанската свирка. Со 80 години не тегни на струните на гитарата. Но, и јазикот на чалгаџиите не го заборавил. Уште добро го владее киривџискиот ,,дијелакт,, што го научил од неговите музички учители во 60 годишниот чалгаџиски стаж по кафеаните. Вели дека тоа е наследство на мајсторите на музиката Шиндевци и останатите киривџии.

– Кирис е музика. Го начив по неколкуте први свирки. Сакав неќев, беше нужно да се разбирам со колегите. Не може да не се совладаат зборовите на чалгаџиите кога, од дете, катаден бев во друштво со музичари. Тие се уметници полни со дух. Не сакаат секогаш да ги разбери средината или да им го чуе зборот. Сакаат да бидат таинствени во зброт. Кога обичен свет во близина ќе го чуе ,,музичкиот,, муабет, се чудат, оти не разбира. Малку љубоморно и самобендисано, киривџискиот збор го пренсовме единствено во нашиот еснаф – вели Челоски.

Не знае точно кој го создал. Вели дека е речник на музичарите, кои се чувствуваат привилегирани, оти муабетот им е мистериозен. Сепак, открива нешто.

– Велиме ,,еве го гнико, иди и балумори да прават карто,,. Тоа значи момчето и девојката ќе водат љубов. Невеста се вика борија, а зетот, мандакот. Ајанасас е недобар. ,,Слабо чакато,, е малку пари. ,,Боријата убава – баламуро ајнасас,,. Невестата арна, а момчето не го бива. ,,Баламуро ја носи боријата во седмиот месец на копање,,. ,,Врталото дојде на чакмак,,. Тоа значи дека е време е за фајрон – пренесува дел од музичарската терминологија Челоски.

63 годишниот хармоникаш Горан Паскоски – Паскалот од дете минал низ кафеанска и чалгаџиската школа. Колегите велат дека тој највешто зборува, иако не се сеќава од каде го научил киривџискиот јазик.

– Јазикот е мешавина од ромски, грчки, влашки и турски јазик. Го користеле свирачите на свадби да не ги разберат останатите кога сакале да скријат некаков муабет. За убава жена, велиме ,,аналлија гник,, а дека оброците на свадба се добри ,,абисот аналлија,,. Пијачката е ,,капис,,. ,,Баламурот дида,,. Тоа значи момчето е откачено. ,,Татовџија,, е газда на свадбата. ,,Не прај гила,, – не пуштај глас. ,,Да праиме соис,, е да спиеме или да се подготвиме за фајронт. ,,Аналлија гнико, убав дис, убав чучек,, Тоа е убава девојка со добар задник и бујни гради. ,,Ашландисај ми една сиписија,, – дај ми една цигара. ,,Гникот се прај карто, картовџија е,, – девојката е меркалија за секс. ,,Баламуро капивџија,, – момчето е пијаница. ,,Белопис,, е ракија, а ,,парнопис,, е пиво. Виното е ,,калопис,,. ,,Аврало,, е будало дете, а ,,не чактисува,, значи не разбира. ,,Каис,, или ,,трандис,, е голема нужда – вели Паскоски, кој повеќе од 40 години прави кирис (музика).

Етнологот Сашо Цветкоски вели дека киривџискиот е јазик на прилепската чаршија и музикантите.

– Мајсторите, калфите, чираците и сеирџиите по дуќаните го употребувале кога се мајтапеле, правеле чешитлаци со мрсни, непристојни зборови. Се зборувало затскриено, особено кого врвела некоја арна мома низ сокаците. Уште во Прилеп се зборува за Апле и Гарбе, берберите – свирачи на хармоника и прим – кои го владееле тк-м-тк киривџискиот јазик. Дење стрижеле и бричеле, а ноќе биле дел од чалгаџиските тајфи. Киравџискиот збор се пренел од берберниците во анџилниците, гостилниците, а потоа и во кафеаните – вели Цветкоски.

Некои велат дека киривџискиот јазик е муабет на прилепските боеми. Тие ги поставиле темелите во разговорите меѓу свирачите и девојките во кафеаните.

Свирка на гробишта

Паскоски објаснува дека во кичевско имало адет, пред свадба, да се однесат чалгаџиите на гробишта, да засвират некоја песна.

– Обичај е пред да почни свадбата, блиските ги посетуваат гробиштата на своите со музика и со пијачка. Тоа значи дека се кани и покојникот на радоста што следува, на свадбата, со свирка на гроб. Се свират народни песни. Блиските нарачуваат да ја отсвириме песната што му лежела на душа на покојникот – вели Паскоски.

Извор: “Неделник Зенит”

Пpeдyпpeдување до сите возачи: Бидете внимателни во населбата “Сточен пазар” (Видео)

Рампата на железничкиот премин во населбата “Сточен пазар” во Прилеп не работи, а нефункционална е и светлечката сообраќајна сигнализација.

Видеото во продолжение ни го испрати наш читател со предупредување сите возачи да бидат внимателни, особено во ноќните часови.

Погледнете:

Пред две години таа го носеше в раце, а сега младиот велешанец ја крена Карлеуша на сцената: Шоу во Гранд (Видео)

Натпреварувачот од Македонија кој пред две години остана запомнет по тоа што Јелена Карлеуша го подигна и го врати на сцената, повторно настапи на најновото издание на шоуто “Ѕвездите на Гранд”.

Александар Темелков од Велес, чија менторка е Вики Миљковиќ ги изненади сите кога се одлучи да покаже дека може да ја крене Јелена Карлеуша, иако таа е двојно потешка и двојно повисока од него.

Тој се претстави со песните “Ајде сите на нозе” од Јордан Митев и “Зег зег дадумле” од Гаги бенд. Александар ја развесели публиката и својата менторка, а до самиот крај беше неизвесно. Со своите гласови го наградија Босанец, Јелена, Џорџе и Снежана.

“Добро мали … ајде да видеме што ќе биде сега. Кога ќе се жениш? Дали треба да ти најдеме девојка”, го прашаа Марија и Јелена.

“Имам девојка”, одговори Темелков, кој инаку има голем број настапи и пее во Македонија. Марија му рече дека е најинтересниот млад кандидат, а Јелена го потсети на снимката кога таа го носеше низ студиото на песната “Кило горе, кило доле”, а видеото на јутјуб има милионски прегледи.

“Темелков, можеш ли да ја подигнеш ти нејзе”, го праша Саша Поповиќ, а тој одговори “Можам сигурно”.

“Момчето може да добие кил”, рече Карлеуша, но после убедувањето со Поповиќ таа излезе на сцената.

“Ајде Темелков покажи што знаат Македонците”, му рече Поповиќ, а публиката аплаудираше.

Како Хрватите поздравуваат македонски шампион: Ова е пример за повеќе да го цениме дома (Видео)

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, објави видео од прославата на неговата втора титула како европски шампион.

“Македонија за првпат од нејзиното постоење има двократен европски шампион во автомобилизам,историски успех кој е запишан на европските тркачки патеки, погледнете во каков амбиент беше пречекан нашиот шампион во освојувањето на европскиот трон на последната трка во Хрватска, благодарност до HRT за оргиналната снимка, поклон до небо на сите Македонци кои дојдоа на оваа трка и секако Хрватската публика кои направија ова да биде величенствено”, напишаа Фејсбук фан страната на Иџе.

Инаку, Европското првенство на ридско-брзински стази (EHCC) е најсилното и најзначајно тркачко натпреварување во оваа дисциплина организирана од Меѓународната автомобилска федерација – ФИА, а Иџе има освоено две титули во 2014 и 2015 година.