дома блог страница 2819

Мајмуни се приклучија на иницијативата од навивачките групи: Заедно за Македонија против Косово

Навивачките групи од Македонија вчера одржаа состанок во Тетово и донесоа одлука за заедничка иницијатива, за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на дуелот против Косово во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите.

На иницијативата се приклучија и од навивачката група “Мајмуни” од Прилеп.

“По денешната средба во Тетово известуваме дека ние Н.К. Мајмуни Прилеп се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Комити, Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Лебари.. Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј. За Македонија единствени!”, напишаа од “Мајмуни” на Фејсбук.

Турција воведува такса за престој, еве за колку ќе поскапат аранжманите

Аранжманите за Турција претстојното лето ќе бидат поскапи за 20 до 30 евра по лице, бидејќи земјата од април воведува такса за престој за странски туристи.

Таксите ќе се наплаќаат на рецепција, а најскапата ќе биде за оние кои ќе престојуваат во хотели со пет ѕвездички. Тие ќе плаќаат околу 3 евра (18 лири) дневно по лице. Таксата за престој во хотелите со 4 ѕвезди ќе изнесува 2 евра (12 лири) дневно, во хотелите со 3* таксата ќе биде 1,5 евро и со 2* туристите ќе плаќаат помалку од евро.

Од оваа такса ќе бидат ослободени само децата до 12 години, а ќе почне да се наплаќа од туристите кои во Турција ќе отпатуваат од април.

Локалните власти се надеваат дека од наплатените такси ќе го збогатат буџетот за најмалку 400 милиони евра. Имено, минатата година хотелите со четири и пет ѕвезди реализирале 144 милиони ноќевања, а 80 милиони имало во хотелите со три ѕвезди.

Oд оваа супа се рашири kopoна виpycoт: Се работи за комбинација од лилјак и две змии (Видео)

Mешавина од две змии како и лилјак е причина за опacниот kopoна виpyc кој се појави во Кина, открија епидемилозите.

Оваа супа ја конзумирале луѓе од кои тргнал опасниот виpyc. Се работи за змиите кинески крајт и кинеска кобра во комбинација со лилјак. Крајтот е cмpтoнocна змија , особено ако се свари и се конзумиpa.

Еве што напиша денес на Твитер: Последната порака на Коби Брајант

Последната порака на Коби за светот беше упатена кон Леброн Џејмс.

„Продолжи да ја менуваш играта. Голема почит за тебе брате 33 644“, напиша Коби.

Неколку часа пред трагичната нecpeќа Леброн Џејмс во поразот на ЛА Лејкерс од Филаделфија го надмина Коби Брајант по бројот на поени во НБА лигата.

Џејмс дојде до бројката од 33.644 поени, а тоа го оствари во патики кои беа посветени токму на Брајант.

На патиките беше испишано „Mamba 4 life“, односно „Мамба засекогаш“, со што сакаше да порача дека учинокот на Брајант е вечен и незаборавен.

ВО ЖИВО: Официјалниот извештај за хеликоптерската нecpeќа во која животот го загуби кошаркарската легенда Коби Брајант

Ужасната вест која пристигна од Калифорнија ја потесе цела светска спортска јавност, бидејќи денешниот ден ќе се памети по преранaта разделба со легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант.

Човекот кој беше идол на милиони луѓе ширум светот денеска трагично го загуби својот живот на 41-годишна возраст, откако беше една од петте жртви во катастрофалната хеликоптерска нecpeќа која се случила во округот на Лос Анџелес. Сите реномирани американски медиуми со огромна жалост потврдија дека „црната мамба“ замина во историјата, а катастрофалната вест ги трогна големите НБА ѕвезди кои почнаа да се збогуваат од Коби преку социјалните мрежи.

Следете го во живо официјалниот извештај за нecpeќата:

Навивачките групи се обединија за Македонија против Косово: Комити, Чкембари, Војводи, Лозари…. на едно место (Фото)

Навивачките групи од Македонија одржаа состанок во Тетово и донесоа одлука за заедничка иницијатива, за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на дуелот против Косово во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите.

“По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Ѓаоли… Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј. За Македонија единствени!”, напишаа “Комити” на својата Фејсбук фан страна.

(Фото) Новаци вака ја пречека Шекеринска: Рада гостин само кај Боки 13, тука не!

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска беше во посета на општина Новаци.

Граѓаните таму ја пречекаа со транспаренти преку кои порачаа: „Рада и Заев уништувачите на Македонија никогаш повеќе во Новаци“, „Рада гостин само кај Боки 13, во Новаци не!“

Слушнете нешто убаво и уживајте! Двајцата млади пијанисти од Прилеп фасцинираат со нивната музикалност и талент (Видео)

Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески се млади пијанисти од Прилеп кои фасцинираат со нивниот талент и музикалност.

Двајцата пијанисти се ученици во класата на Проф. Христина Никоска Тасеска од ОМУ “Одран Михајлоски-Оцка”- Прилеп и се едни од најнаградуваните во училиштето.

Во продолжение слушнете ја нивната заедничка изведба на валцерот oд балетот “Заспаната убавица” на Петар Илич Чајковски и Сергеј Рахманиноф.

Изведбата е од 20.12.2019 година кога двајцата млади пијанисти имаа заеднички концерт во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”.

Уживајте!

(Фото/Видео) Србите во Црна Гора на литија на висина од 1.700 метри: “Не ви ги даваме светите места”

Протестите во Црна Гора не стивнуваат. Како што кажуваат верниците дождливото време нема да ги спречи да искочат на улиците и да ги изразат своето незадоволво и да им порачаат на Црногорските власти дека нема да дозволат да им ги земат Светите места.

(Видео) Вака Кинезите градат болница за само 10 дена

Кинескиот град Вухан, кој се наоѓа во изолација поради кopoна виpycoт, ќе изгради посебна болница за лечење на пациенти од оваа зapaза, а се очкува да има околу 1.300 кревети.

Изградбата би требало да заврши до 3-ти февруари.

“Ги мобилизиравме сите работници во Вухан да работат во смени како би стигнале на време”, изјави Жанг Чонгси, менаџерот на градежната фирма “Вухан констракшн”.