Како Хрватите поздравуваат македонски шампион: Ова е пример за повеќе да го цениме дома (Видео)

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, објави видео од прославата на неговата втора титула како европски шампион.

“Македонија за првпат од нејзиното постоење има двократен европски шампион во автомобилизам,историски успех кој е запишан на европските тркачки патеки, погледнете во каков амбиент беше пречекан нашиот шампион во освојувањето на европскиот трон на последната трка во Хрватска, благодарност до HRT за оргиналната снимка, поклон до небо на сите Македонци кои дојдоа на оваа трка и секако Хрватската публика кои направија ова да биде величенствено”, напишаа Фејсбук фан страната на Иџе.

Инаку, Европското првенство на ридско-брзински стази (EHCC) е најсилното и најзначајно тркачко натпреварување во оваа дисциплина организирана од Меѓународната автомобилска федерација – ФИА, а Иџе има освоено две титули во 2014 и 2015 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.