дома блог страница 2818

Peгyлатopна ги донece новите цeни на гopивaтa кои ќе важат за оваа нeдeлa

Регулаторната Комисија за енергетика денеска стандардно како и секој понеделник ја соопшти новата цена на горивата во Македонија, а според одлученото, цените се намалуваат.

Со одлуката донесена денеска, која ќе стапи на сила од полноќ на бензинските низ Македонија, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денари и од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 69,50 ден/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар, со што малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 60,00 ден/литар.

Цените важат од полноќ или веќе од утре.

Стевананџија: Ве очекував со гас маска да дојдите, макар и од “Алиекспрес” (Видео)

На денешната седница во Собранието зборуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија кој се обрати до заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

“Ова е вториот министер после Сугарески што за 36 месеци чудно се преобрази. Тој не гледа дека Македонците дишат кокс, а вториот сеуште не може да ги најде клучките и да признае дека ниту еден автопат, ниту еден мост во Македонија не се гради. Актуелниот заменик министер повика денеска да заборавиме кој бил на говорница. ТОа ќе го заборавиме кога ќе го видиме него, Шилегов и уште неколку министри со гасмаски да киснат пред кабинетот на Оливер Спасовски. Тогаш ќе бидиме 1:1 и ќе знаеме кој што правел кој кого го лажел. Иначе благодарение на овој бивш пратеник, а сегашен заменик министер, еве до каде стаса Република Македонија. Варираме од 1 до 3 место. На 25-ти некни сме биле први. Под нас е Њу Делхи, Шенјанг од Кина и Лахор од Пакистан. Ги победуваме убедливо, Република Македонија шампион во загадување. Денеска не ни очекувавме да се појави министерот, бидејќи тој нема како да ни се обрати. Не знае ниту македонски, не знае ниту албански. Треба назад да стои некој со суфлер да преведува. Почитувани граѓани маските ги нема, не ги носат ниту оние од “Али експрес”, но за волја на вистината и за волја на македонскиот народ маските паднаа, а за неколку месеци ќе падне и оваа Влада. Тоа е единствено добро што денес се случува во Република Македонија. Пари немаат за ништо, повеќе пари одделуваат за купување лубриканти и за коцкарски апарати, отколку справување со загадувањето. Да ве потсетам, овие борциве за животна средина одделуваат повеќе пари за овие работи, отколку за воздухот”, истакна меѓу другото пратеникот Стевананџија.

Жална Македонија! Врие од народ пред германската амбасада – Прилепчанец вели: “Живот има само за оние блиски до власта” (Фото)

Врие од народ пред германската амбасада во Скопје.

Редици луѓе и денеска чекаат за закажани интервјуа за добивање работни визи за работа во Германија.

Една навистина жална слика која го отсликува македонското секојдневние и животот денеска во Македонија.

Меѓу луѓето кои денеска чекаат пред амбасадата на Германија се наоѓа и Ице Дамчески од Прилеп, млад човек кој заминува во потрага по подобар живот и подобро платена работа.

“Заминувам во потрага по подобар живот. Ова овдека во Македонија повеќе не се издржува. Нема работа за нас младите, живот има само за оние блиски до власта”, ни изјави Дамчески.

Според неофицијални информации пак, сликата пред германската амбасада е иста и во изминатите денови.

Ристески: “Не кажавте за дивоградбите, за платата на директорот на Тутунски и за xaocoт во чаршијата од вашите објекти?” (Видео)

Викендов тука пред дивоградбата, за која самиот градоначалник призна дека припаѓа на негови роднини, Генералниот секретар на СДСМ повторно се обиде да манипулира и да ги лаже прилепчани. Неговите сопартијци и функционери го наместија Николовски токму од тука, од местото каде најдобро се гледа како функционира власта на СДСМ, да зборува за некаков нов “план за живот”, за кој патем никој повеќе не им верува – oва на денешната прес конференција го истакна Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Кога веќе беше тука, добро би било да го праша градоначалникот Јованоски, на кои се’ локации гради фирмата на неговите роднини, за која тој наводно дозна од нас од oпозицијата.

Добро би било да го праша министерот Сугарески за хаосот кој постои во прилепската чаршија, која е окупирана од објекти во сопственост на луѓе од СДСМ.

Николовски треба да ги праша Миле Талеки, Илија Јованоски и Горан Сугарески, како тоа се легализираат објекти на крајно сомнителен начин во Прилеп?

Кога веќе се фали дека тутунарите од Прилеп и прилепско биле задоволни од откупот и цената на тутунот, тогаш нека го праша и генералниот директор на Тутунскиот Комбинат, Кире Станкоски, зошто и дали дел од откупните пунктови се затворени пред законскиот рок?

Дали директорот си ја покачил платата од 80 на 110.000 денари и дали вакви покачувања има и кај останатите негови блиски соработници, околу 20тина на број од вкупно 230 вработени во Тутунскиот Комбинат?

Кога се капиталните проекти се во прашање, на Николовски како мачка да му го изела јазикот, па заборави да каже кој капителен проект го направи СДСМ за Прилеп во изминативе 3 години. Таков нема!

Како бара гласови од Прилеп кога Владата на СДСМ и министерот Сугарески целосно ја стопираа изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско?

Како очекува прилепчани да гласаат за СДСМ, кога локалната власт и градоначалникот Илија Јованоски ги зголемија сметките за вода за 60%, а ветуваа дека ќе ги намалат за 20%?

Како граѓаните да гласаат за СДСМ кога нема ниту една нова фабрика, нема ниту едно ново отворено работно место, а вработувањата во институциите им припаѓаат исклучиво на роднините и пријателите на функционери од власта?

Почитувани сограѓани,

За крај укажуваме дека до ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пристигнуваат документи и докази за незаконското работење на ова злосторничко здружение на СДСМ во Прилеп.

Сите овие укажувања и сомнежи за сторен криминал ќе бидат детално разгледани, а после 12-ти април следува одговорност за секој кој се ставил над законите”.

За прв пат досега: Астронаути успеаа да испечат чоколадни колачиња во вселената (Видео)

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) ги испекоа првите вселенски чоколадни колачиња.

Колачињата потоа биле спакувани во посебни вреќички за печење, и биле вратени на Земјата на 7 јануари. Се работи за експеримент чиј цел била проучување на можностите за готвење на подолготрајни патувања.

Испитувањата ги извршија астронаутите Лука Пармитано и Кристина Коч.

Резултатите се објавени минатата седмица.

Целта на експериментот е практична примена на подолгите вселенски мисии.

Колачињата за печење ги подготви компанијата Дабл три, која потврди дека ќе ги објави и конечните резултати на експерименти. Се планира и сочувување и изложување на колачињата, за луѓето да можат да ги видат и дознаат повеќе за испитувањата.

Мицкоски: Рускоска се претвори во заштитник на cкaндaлите на Заев

-Што треба повеќе да се случи ова обвинителство да започне да гледа докази за криминал кај власта? Изјавата од пред некој ден на обвинителката Вилма Рускоска е причина повеќе зошто ни треба закон за независно обвинителство, и доказ плус за целосната политизираност на сегашното обвинителство. Тоа објаснува и зошто Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот, пишува на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој посочува дека Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта, а Рускоска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.

Случајот за поткуп на гласачи во 2014та година, “сосема случајно” бил отворен во 2018та година и затворен поради немање на докази. И сега ние треба да и веруваме на Рускоска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа 2014та година туку и за изборите претходно, но и времето потоа. За таквиот феудален систем со робовладетелски карактеристики сум говорел во повеќе наврати каде “вождот” немоќните ги уценува, а останатите ги рекетира.

Овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018та затоа што тоа Вилма Рускоска е обвинител, а Заев беше премиер и само така Заев може да биде нечепнат. Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста. Впрочем сега е јасно дека обвинителство е чуварот на криминалите на актуелната власт. Да ги бројам ли, Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Поткуп, Крвави тендери, Афера Кеш во СЈО, канабис милиони за власта… Слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се острани единствено со квалитетен закон за обвинителство. И пораз на Зоран Заев на следните избори. Се дотогаш, разни Вилми и Јовевци ќе не убедуваат во неубедливото.

(Фото) “Сугарески 36 месеци не го поправи овој мост на Плетвар?”

Опасен мост цели две и пол години демнее на планинскиот превој Плетвар и никој не води грижа. Оградата е целосно уништена, а длабочината на бездната е повеќе од 30 метри.

Возачите нека бидат целосно претпазливи, особено овие денови кога поради врнежливото време коловозот е полизгав.

„Македонци, БРАВО“: Нашите судии прогласени за “најдобри играчи“ во финалето

Моментот кога Начевски ги досуди „чекорите“ во 59-та минута на Игор Карачиќ ќе влезе во антологија на европските првенства, пишува реномираниот портал за ракомет „Balkan-handball“.

Ни требаше „бавно движење“ за да сфатиме дека хрватскиот играч од средниот ред влезе во лесен танц пред финесот, каде што бројот на чекори отиде на 5,6,7, бидејќи некои ТВ коментатори исто така беа сомнителни во размислувањето дека Марино Мариќ направил фаул во напад на блокада.

Порталот понатаму пишува: „Донесување на вистинска одлука, која во моментот не ги менува работите затоа што играчот е на 10 метри од голот и нападот е само на почеток, а повторно да се знае дека ќе има директно влијание врз резултатот на финалето на Европското првенство е дел од храброста и одговорноста што ја имаат судиите“.

Дури и најголемите поддржувачи на хрватскиот ракомет едноставно не можат да ја оспорат оваа одлукла. Дури и долгогодишното ракометна братство на Хрватите и Македонците не може да биде нарушена од нешто што е „чисто како солза“.

Во дуелот на две уморни исцрпени екипи на „Теле 2 арената“ во Стокхолм, најдобри актери беа судиите Начевски и Николов, пишува „Balkan-handball“.

Целата вест за нашите судии, прочитајте ја на „Balkan-handball“.

Јанушев: Заев за пycти пapи го пpeдаде својот наpoд

(Фејсбук статус на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев)

-Ckaндалот со “канабиc милионите на Заев” открива дека од производството на kaнабиc kpиминално-peкетapcката банда направила нова peкет машинериja.

Cкандалот покажува дека лица и фирми блиски на Заев и влacта се оние кои добивале лиценци за мapиxyaна, но и она што е идникативно е тоа што постои огомен сомнеж дека дел од компаниите не ги исполнуваат законските услови.

Јавна тајна е дека контролата од државата во последните три години на голем дел од плантажите ја нема, а кога нема контрола има цpн бизнис, и многу милиони.

Ова видео ја покажува алчноста на Заеви по пари, и зошто Заев ја третира државата како приватна фирма за богатење. И кога некој ќе праша зошто, одговорот е “за пусти пари го предаде својот народ, заради власт”!

(Фото) Коби Бpajaнт со македонското знаме и тројца прилепчани

Фотографијата датира од далечната 1998 година од Светското првенство во Streetball во Париз, а истата е направена после натпреварот САД-Македонија.

На фотографијата покрај легендарниот Коби Брајант, од десната страна стои Трејси Мекгрејди, легендарниот НБА играч на Хјустон Рокетс, а заедно со нив фотографирани се и тројцата прилепчани: Менде Папазоски, Дарко Спироски, Алмир Мифтароски.

Вечна слава легендо!