Навивачките групи се обединија за Македонија против Косово: Комити, Чкембари, Војводи, Лозари…. на едно место (Фото)

Навивачките групи од Македонија одржаа состанок во Тетово и донесоа одлука за заедничка иницијатива, за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на дуелот против Косово во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите.

“По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Ѓаоли… Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј. За Македонија единствени!”, напишаа “Комити” на својата Фејсбук фан страна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.