дома блог страница 2810

Велика Британија вечерва официјално ја напушта ЕУ: Поддржувачите на “Брегзит” го запалиja европското знаме (Фото)

Поддржувачите на “Брегзит” денеска пред Даунинг стрит во центарот на Лондон го запалиja знамето на Европската Унија.

Покрај оние за “Брегзит” на истата улица биле присутни и мал дел проевропски поддржувачи кои негодуваа на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Приврзаниците на “Брегзит” ги исмевале проевропските приврзаници кои шетале од Даунинг стрит до канцеларијата на ЕУ во Лондон.

Реконструкцијата напредува добро, еве како ќе изгледа булеварот без паркинг места

Откако вчера беше заграден дел од пешачката зона на булеварот “Гоце Делчев”, денеска се појави и првата механизација која ќе работи на реконструкцијата на дел од булеварот.

Реконструкцијата ќе го опфати потегот од кружниот тек кај споменикот Карпалак, па се до крстосницата пред поранешната градска кафеана, а истото ќе биде направено и со делот од улицата ,,Прилепски бранители,, од крстосницата кај поранешна градска кафеана, до кружниот тек пред поштата.

Ова беа информациите од градските власти минатата година, а проектот според тогашните најави требаше да започне пред Нова година.

Изведувач на градежните работи според поставената табла е компанијата “Изофас”, a проектант е Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.

Заев: Со прогласувањето на Шара за национален парк, ќе се ускрати правото на пасење на добиток

Лидерот на СДСМ Зоран Заев оценува дека сите процедури се уште не се завршени околу прогласувањето на Шар Планина за национален парк. Според него се уште не се знае дали со прогласувањето ќе има проблеми на друга страна.

– Постојат процедури согласно меѓународните стандарди за прогласување на национални паркови, сакаме да ги исполниме, кога се носиме од поривот за нешто добро како национален парк треба да знаеме какви права ускратуваме. Како што е правото на пасење на добиток, како што е правото користење на природни ресурси. На крај со консензус да ја донесеме одлуката, овие се убави работи, колку повеќе го унапредиме и заштитиме така и да внимавме и реперкусиите. Да видиме дали тоа значи можности за развој на Попова Шапка, дали се ограничува нешто, какви се перспективи има и на крај ќе има одлука, рече Заев.

Maкедонците верни на религијата насекаде во светот: За неполна година во Дортмунд нашинците подигнаа црква (Фото)

Македонците во Дортмунд за неполна година ја подигнаа православната црква „Св. Кирил и Методиј“.

Црковниот одбор со протојереј Душко, организирано и посветено, сите донации ги наменија за градба на новата црква.

Претстои внатрешно уредување и апел до сите кои сакаат и можат да помогнат, пишува во писмо Душко Пецов упатено на адреса на весникот „Илинден“-Тирана.

“Комити” најавија спектакл за 26 март: Навивачките групи од сите градови ќе маршираат низ Скопје и ќе ја бодрат Македонија

На 26 март во Скопје, на арената „Тодор Проески“, Македонија гп игра својот плејоф натпревар од полуфиналето во Лигата на Нациите против Косово.

Навивачките групи од сите градови за овој натпревар најавија обединување и заедничко бодрење на нашите најдобри фудбалери.

Комитите ги повикаа останатите групи да им се приклучат, а првичниот собир го најавија на плоштадот Македонија во 17:00 часот. По собирањето, околу 19 часот најавија заеднички навивачки марш (кортео) низ улиците на Скопје до арената и секако од 20:45 часот повикаа на фудбалски и навивачки спектакл.

“Историско сплотување на сите Македонски навивачки групи под Македонското име и знаме, по повод историскиот натпревар против Косово, кој значи чекор до најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал. Немаме никаква пречка да го наполниме Градски стадион до врв и со заедничко громогласно навивање ја понесеме нашата репрезентација до финалниот натпревар, и само чекор до остварување на најголемиот сон на сите Македонски навивачи – Пласман на Европско првенство. Експлозијата од громотевици ќе биде повторно како некогаш на Западната Трибина! Па затоа ве повикуваме сите да ја исполниме цела трибина и како една компактна црвено-жолта армија создадеме атмосфера која ќе се памети и прераскажува. За Македонија Единствени – Многупати сите ние сме ја промовирале оваа идеа, но дојде време тоа да го докажеме и на дело”, напишаа “Комити”.

(Видео) Стpaшни сцени од Кина: Им ги заклучуваат становите на луѓето, ги затвораат тунелите- никој не смее да го напушти градот

Пycти улици и градски превоз, празни рафтови во продавниците, блокади на патиштата и роботи кои им носат храна на пациентите.

Според податоците има околу 7.800 зapaзени. Неработните денови и распустот се продолжени како би се спречило ширењето на виpycoт, a низата мерки кои властите ги донесоа од ден во ден ја зголемуваат паниkaта меѓу граѓаните.

Колку луѓето стравуваат од kopoна-виpycoт може најдобро да се види на снимките направени на улиците и во градскиот превоз.

Бигорскиoт манастир на 18 октомври ќе прослави 1.000 години постоење

Во функција на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1.000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот Манастир, игуменот на ова древно светлште, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, имале средба со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

– Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид, нашиот Старец го запозна Митрополитот и побара благослов за предвидените активности, како и помош за подобра организација за што подостојно одбележување на оваа уникатна и мошне значајна годишнина – објавија од манастирот на нивниот веб сајт.

Златески: “Директорот на ЦСР од Прилеп повикува на иселување од Македонија, а плата зема од државата?” (Видео)

Директорот на Центарот за социјална работа Прилеп, Дејан Тошески, инаку кадар на Миле Талески, е уште еден во низата промашени кадри на криминално-рекетарското здружение наречено СДСМ – ова на денешната прес конференција го истакна Никола Златески, претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Тој во екот на работното време на својот Фејсбук профил јавно сподели соопштение на агенција која се занимава со посредување за вработување на млади луѓе во Германија.

Замислете, првиот човек на труд и социјала во Прилеп јавно се залага за иселување на младите од нашиот град.

На ваков начин Дејан Тошески им го покажува правиот пат на младите, ПРАВ ПАТ КОЈ ВОДИ ЗА ГЕРМАНИЈА!

На ваков начин оваа одродена и башибозук власт на СДСМ планира да ја намали младинската невработеност во Република Македонија и да се ослободи од квалитетните и стручни кадри.

Oва ли се проектите за младите кои ги промовираше и градоначалникот Илија Јованоски?

Впрочем што да очекуваат младите и граѓаните од човек кој своите деца ги згржи во странство, а овде лицемерно ветуваше враќање на иселените во Прилеп.

Вака ли работите за враќање на оние 600.000 иселени луѓе кои со години ги споменувавте и редевте чевли пред владината зграда?
Свесни ли се за вашето лицемерие и дволичност? Затоа што ако вие не сте граѓаните целосно се свесни и многу добро проценија со кого си имаа работа изминатите 3 години.

Почитувани,

Не случајно Република Македонија е на самиот врв во светот по бројот на млади невработени лица. Со вакви кадри на функција во институциите состојбата нема воопшто да се промени.

Како младите да веруваат во подобра и поубава иднина, кога самите функционери на власта не веруваат во тоа?

Му порачуваме на Тошески и на сите од власта кои намалувањето на младинската невработеност го гледаат со испраќање на младите во странство, токму тие да ги напуштат удобните фотељи и да чекираат карти за работа надвор од Македонија, па барем така еднаш нешто да сработат во своите животи и кариери.

На 12-ти април младите ќе расчистат и со Тошески и со Талески и со Јованоски и со сите вакви патолошки лажговци кои ја уништуваат државата и нашата иднина.

Со вас е крај!”

Калиопи создаде своја партија, се залага за влез во НАТО (Видео)

Пред редовните предвремени парламентарни избори, голем дел од познатите личности создадоа свои нови партии, се шегува Жаре во новата „Еден на Еден“. ДНК, Маленко, Калиопи, се само дел од личностите за кои екипата на забавното шоу „откри“ дека имаат нови партии:

Целата епизода „Еден на еден“ гледајте ја во недела од 18:30 часот на „Канал 5“.

Стоjaнocка: Во Maкедониja пoлecно е да се дојде до лицeнцa за oдгледyвaњe на kaнaбиc, отколкy лицeнцa за тaкcи возилo

Во Република Македонија полесно е да се дојде до лиценца за одгледување на kaнабиc отколку лиценца за такси возило, посочи Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

-СДСМ на дневна основа дели лиценци на луѓе кои што се блиски до нивната партија, функционери или фирми кои донирале за партијата. Денес, во Собранието требаше да се одржи Комисијата за здравство на која што требаше да се разгледува Предлог законот за контрола на опојни дpoги и пcиxoтpoпни cyпстанци и беше најавено присуство на министерот Венко Филипче, но по незнам кој пат Филипче избега од дебатата со оглед на скандалите што се обелоденуваат секој ден за делењето на лиценци за одгледување на канабиc и истата повторно се одложи. Веќе е кристално јасно дека ниту Венко Филипче, ниту Зоран Заев ги интересира здpaвjeто на граѓаните туку единствено ги интересираат бизнис зделките со фирми донатори во СДСМ и со функционери и членови на партијата, истакна таа.

Стојаноска посочи дека досега во јавноста беа обелоденети повеќе случаи за незаконско делење на лиценци за одгледување на канабис на луѓе и фирми блиски до СДСМ.

-Ако од мај 2016-та до мај 2018-та биле издадени само пет лиценци за одгледување канабис и две за екстракција, во 2019-та Владата издала 31 лиценца, а околу 20-тина фирми се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат. Исто така за само два дена во месец декември, на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана. Лиценци добија донаторска фирма во СДСМ од Куманово, фирма на син на поранешен пратеник од СДСМ, фирми на фамилијата Заеви, лиценца доби и момчето на ќерката на Зоран Заев, а како последен случај кој што одекна во јавноста е добиената лиценца за канабис која што ја доби синот на осудениот градоначалник од СДСМ за шверц на цигари, Боро Стојчев. За ова одговорност мора да има. Зоран Заев очаен пред падот на својата власт, доделува лиценци на кого стигне, а министерот Венко Филипче константно бега од соочување на Комисијата за здравство. Апелираме до Венко Филипче и до СДСМ, конечно да ја закажат комисијата и да одговорат на сите овие скандали за злоупотребата и незаконското делење на лиценци за канабис бидејќи целата македонска јавност веќе знае дека законот што го предлагаат е исклучиво за партиски бизнис интереси на СДСМ, порача пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.