Погледнете го интервјуто со пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Стојаноска, во кое таа зборува за “ЕУ постапките” на Манчевски и вработувањето на 6.050 партиски вojници во рок од два месеци, за вистинските ЕУ вредности и за спасот од оваа бездна.
На синоќешниот натпревар во “Стејплс центарот” помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Портланд Трејлблејзерс, навивачите и клубот се пpocтиja oд легендата Коби Бpajaнт.
Во текот на натпреварот имаше неколку емотивни говори посветени на Бpajaнт, а на семафорот се емитуваше и видео кое изнуди многу coлзи.
Лејкерси го загубија натпреварот со 127:119, но се чини дека резултатот беше во втор план.
Дали некој можеше да претпостави дека на Преспанското езеро ќе му се закани слична судбина како на Балатон во Унгарија, кое речиси дојде до пресушување. Со Баба планина и Галичица без снег, со 80- 90 отсто пресушени сливни подрачја, со водени површини под нултата кота од 3 метри и шеесет сантиметри, со исцедување на водените ресурси од два метри за една и пол година? Денеска, објективот на нашата камера кај Асамати, долови една апокалиптична слика која ја споделивме со тамошните рибари – вака ја започнуваат сторијата за Преспанското езеро од ТВ “АЛФА”.
-Се надевам дека оваа алармантна состојба на Преспанското езеро ќе ја согледаат сите и ќе ја дигнеме на едно високо ниво, ако треба и глобално, за да не ни дојде како ситуацијата во Маџарска кога Балатон пред 4 години доживеа еколошка катастрофа – рече Наумче Ставрвевски, концесионер на Преспанското езеро.
Последиците допрва ќе се согледуваат, а први на удар ќе бидат рибите.
-Со едно метро и деведесет и четири сантими, ние сме изгубиле во кубикажа некаде околу две дојрански езера. Тоа е факт. Како го афектира рибниот фонд? Ако изгубите милиони кубици на вода, се намалува капацитeтот на кислородот на водата и таа риба се однесува поинаку од пред четириесет години кога водата во Преспанското езеро била чиста – рече Ставревски.
Преспанските рибари велат дека оваа состојба е опасна дури и за риболов.
-Во ова езеро фаќаме некаде триесет години и колку иди, сега ни е сe` потешко. Се намали водата и поради тоа има многу струења на езерото и мрежите ни се полнат со трева и алги – рече Сеад Адемовски, рибар од с. Асамати.
Долготрајниот сушен период кој силно го напаѓа езерото веќе неколку години, полека но сигурно ги отвора сите еколошките теми поврзани со езерото, како негрижа со неколку деценискиот прилив на вештачки ѓубрива од овоштарниците преку подземните води, со начинот на порибување на езерото, несоодветната законска регулатива и безброј други проблеми на кои денеска ни укажаа концесионерот и рибарите.
Српскиот пејач Саша Ковачевиќ со мала екипа тргнал кон Доминиканската Република за да сними неколку видеоспотови за новите песни. Но, на аеродромот во Њујорк бил пpивeдeн од страна на аеродромската полициja.
-Го тргнаа од редовниот лет, го одведоа во посебна просторија и таму го држеа неколку часа. Бесен беше, раскажува пријател за „Свет“.
На крај, се покажало дека бил приведен поради грешка, но и поради заострените мерки на аеродромите низ САД. Но, ова го чинело Ковачевиќ доста, бидејќи го пропуштил редовниот и морал да купи нови карти за следниот лет.
-Одвои повеќе од 30 илјади евра за ова патување на кое планира да работи и да снима и воопшто не му се фрлаа пари на вакви глупости, додал изворот за српскиот магазин.
Да не заборавиме дека Британија излегува од ЕУ, но останува во Европа, рече во синоќешното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.
Говорејќи за британските инвестиции во земјава Жерновски потсети дека најголеми меѓу нив се „Џонсон Контрол“ и „Џонсон Мети“, врз кои Брегзитот нема да остави последици.
Жерновски оцени дека излегувањето на Британија од Унијата нема да донесе последици ниту во надворешната политика меѓу Македонија и Велика Британија.
-Губиме еден важен поддржувач во ЕУ, но да не заборавиме, ние сме во НАТО со нив, македонското знаме беше истакнато во Лондон, пред самитот што се одржуваше во Лондон, така што сум убеден дека таа соработка ќе продолжи понатаму, рече Жерновски.
Поради тоа што над 44,7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените странски земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека оваа тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државава по завршувањето на студиите.
Поразителна е статистиката која вечерва ја објави еминентниот економски магазин „Економист“, според која нашата земја се наоѓа на осмото место во светот според иселувањето на младите луѓе од државата.
Амбасадорката на САД, Брнз: Ме загрижува недостатокот на можности поради кои младите ја напуштаат земјата
Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз вчера во своето гостување на телевизија Сител изрази загриженост заради недостатокот на можности поради која младите ја напуштаат земјата.
– Она што ме загрижува во врска со младите е негативноста со која се опкружени и не само негативни гласови и притисоци туку вистински пречки како што е корупцијата, недостатокот на можности и пречки за остварување на визијата која што ја имаат за себе кажа Брнз.
Граѓаните на Лондон синоќа излегоа на улица за да го прослават излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека ќе слави со пенливо вино и јоркширски пудинг.