Хумани битолчани на Широк сокак му направиле куќарка на едно бездомно куче.
“Ова е мој дом. Ве молам не го уништувајте. Без него ми е ладно. Ви благодарам”, пишува на куќарката што предизвикува емоции.
Секоја чест!
Извор: babambitola.mk
Хумани битолчани на Широк сокак му направиле куќарка на едно бездомно куче.
“Ова е мој дом. Ве молам не го уништувајте. Без него ми е ладно. Ви благодарам”, пишува на куќарката што предизвикува емоции.
Секоја чест!
Извор: babambitola.mk
Пехарот и дипломата од неделникот “Зенит”, за најдобриот спортист во Прилеп за 2019 година, се во рацете на Ѓоко Јочкоски, пингпонгар на “Младост”.
Тој е играч чии победи во тиесетгодишната кариера му се нешто вообичаено, секојдневие, а поразите настан – затоа што многу ретко му се случуваат.
Изборот е врз основа на постигнатото минатата година – “злато” во двојки, “сребро”, поединечно на Државното и “сребро” со клубот во Супер лигата.
На ранг листата од пингпонгарите во државата е секогаш при врвот. Пролетва со Младост ќе го брани есенското лидерско место од Супер лигата и ќе оди кон освојување на четвртата титула.
Ова беше 12-от избор на неделниот весник “Зенит”.
На 5 февруари 2020 (среда), 6-ти (четврток) и седми февруари (петок) од 19.00 часот во кино Мис Стон повторно погледнете го „Медена земја“, првиот документарец во историјата на Оскарите кој покрај тоа што е номиниран во категоријата за најдобар документарец е номиниран и за златната статуетка за најдобар странски филм.
Влезниците за филмот по 100 денари ќе се продаваат два часа пред почетокот на проекциите, односно од 17.00 до 19.00 часот.
„Медена земја“ е документарец кој прв пат во светската филмска кинематографија добива две номинации во иста година за наградите на Академијата. Исто така филмот деновиве ја доби и најважната награда за кинематографија ASC од американската асоцијација на кинаметографери.
„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!
Времетраење 85 мин.
Режисери: Љубомир Стефанов и Тамара Котевска:
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сем, Љутвие Сем, Музафер Сем
Жанр: Документарен
Прилеп се смета за незагаден град. Главни причини се мерните станици кои ја покажуваат објективната ситуација и мерките за енергетска ефикасност во институциите, констатираа локалните власти со заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Претставниците беа во обиколка на прилепските институции да се уверат во тоа: во детските градински, во прилепскиот дом за стар и лица „Киро Крстески Платник“.
Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски во Прилеп нема загадување, пробните мерни станици не покажуваат отстапувања.
– Шесте пробни мерни станици за загаденоста на воздухот и онаа мерна станица поставена на зградата на општината се во функција. Во моментов ги мериме сите парметри и до шестиот месец годинава ќе се споредуваат параметрите. Тогаш ќе донесеме дали мерните станици кои се на пробна работа, се добри. Според податоците нема загадување во Прилеп. Мерењата покажуваат 10 ПМ честички што е далеку под просечното и критичното ниво, зашто до 40 ПМ честички во воздухот е дозволено. ќе направиме споредба со шесте мерни станици, но убеденсум дека Прилеп не е загаден град, изјави Јованоски.
За Јованоски битни се мерките за енергетска ефикаснопст во институциите. Одвоени се општински средства за еко-ефикасност.
– За намалување на аерозагадувањето се две владини мерки: енергетска ефикасност и промовирање машини и опрема за подобрувањето на животната средина во општините. За првиот оглас, општината конкурираше: котларница во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, за што се одобрија средства од 5,4 милиона денари и 13 инвертер-системи во средните училиште „Орде Чопела“ и „Ѓорче Петров“ како и во детските градинки „Наша Иднина“. Вториот проект беше за промената на дограмата во старскиот дом „Киро Крстески Платник“, инвестиција од 3,5 милиони денари, како и во некои од детските градинки во Прилеп. Исто така, прилепските детски градинки добија седум прочистувачи на воздухот. Во рамките на заштитата на животната средина лани ги пуштивме во упореба четирите еко-автобуси на метан во градскиот превоз. Годинава, општинскиот совет одвои 6 милиона денари за подобрувањето на животната средина. Имено, 4 милиона денари се одвоени за субвенционирање на инвертер-системи за околу 400 семејства каде општината ќе субвенционира по 10.000 денари за секое семејство, а 2 милиона денари се субвенции за набавка на велосипеди. Во тек е одредувањето критериуми за граѓаните кои тгреба да ги добијат субвенциите, објаснува Јованоски.
Инаку, примарната гасификација во Прилеп е во тек на изведба и до крајот на оваа годиа ќе заврши. В година, според владиниот проект ќе се прави секундарната мрежа. Прилеп е во фаза на изведба на роектот за секундарна инфраструктура кој е во должина од 20 километри во градот. Идејниот проект и проектот за инфраструктурата се направени. Во тек е постапката за основниот проект за тие 20 километри гасоводна секундарна мрежа.
За заменик-мнистерот за животна средина Јани Макрадули, Прилеп е една од ретките општини со програма за енергетска ефикасност што е во програмата на Министерството за животна средина за чист воздух.
– Прилеп доби околу 9,5 милиона денари за енергетска ефикасност на повеќе објекти. Ова значи штедење на пари и на ПМ честички во воздухот. Сите податоци покажуват дека инвестициите во енергетската ефикасност носат заштеди од 25 до 30 проценти, а да не говориме во заштедата при промената на форивото за зтоплување на институциите. Нема друг начин да се справиме со аеро загадувањето, освен со елиминирањето на изворите, рече Макрадули.
Американскиот телескоп DKIST (Daniel K. Inouye Solar Telescope) на Хаваите, ги добил најподробните во моментов фотографии од површината на Сонцето, чиешто проучување ќе им помогне на астрономите да ги дешифрираат податоците кои сондата „Parker Solar Probe“ ги доби прелетувајќи низ атмосферата на ѕвездата, објави во средата американската Национална научна фондација (NSF).
На кадрите е прикажана „зовриена“ плазма којашто ја прекрива целата површина на нашата ѕвезда.
„Ова се слики со најголемата резолуција од површината на Сонцето во целата историја. Досега го гледавме само врвот на ледениот брег“, вели шефот на проектот DKIST, Томас Римеле.
Во неговата изјава се истакнува дека благодарение на новите податоци, истражувачите ќе имаат можност детално да ја истражат структурата на ѕвездата и нејзините активности, што особено влијаат врз воздушниот сообаќај, сателитските комуникации и електромрежите на Земјата. Според научниците, овие снимки ќе отворат нова ера во изучувањето на физиката на Сонцето.
Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.
МПЦ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
По празникот Св. Атанасиј зимен народот смета и верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Голем борец за вистинското православие
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.
Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени еретикот Ариј и неговите приврзаници.
Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.
Веднаш по Првиот вселенски собир на 8 јули 326 година на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.
По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атанасиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал.
Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон ариевците, а потоа ја одбил и наредбата на царот, еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија.
Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.
Уште четири пати свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати.
Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Иако се споменуваат во многу култури, дури на почетокот од овој век се направи обид да се дефинираат “луѓето во сенка” од страна на истражувачите на паранормални појави. Хелди Холис е една од нив и таа ги дефинира како злонамepни пapaнормални ентитети.
Стивен Вагнер смета дека “луѓето во сенка” не се дyxoви или дeмoни, туку проекции од луѓе кои доживуваат вонтелесни искуства, можеби патници низ времето, жители во друга димензија, па дури и вонземјани.
Виситна или добра монтажа, одлучете сами:
Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски, синоќа одржаа средби со граѓаните од урбаните заедници „Гоце Делчев“ и „Центар“.
На средбите на кои присуствуваа и директорите на јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Комуналец“ и „Прилепско поле“, градоначалникот и претседателот на Совет на општина Прилеп со граѓаните разговараа за реализираните проекти, но и за проблемите и потребите на жителите од двете урбани заедници, кои се приоритетни за решавање во тековната 2020 година.
Она што можеше да се забележи од фотографиите од средбите е дека изостана поголемо присуство на граѓаните од овие урбани населби.
На средбите со граѓаните од урбаните населби минатата година, просториите беа претесни да ги соберат сите заинтересирани. Што се случи и што се промени од тогаш останува нејасно.
Се чини дека граѓаните ги бојкотираат Јованоски и Талески…
Велика Британија утре на полноќ и официјално ќе ја напушти Европската унија, повеќе од 1.000 денови откако граѓаните на референдум одлучија да го напуштат европското семејство.
Обединетото кралство заедно со Ирска стана дел од Унијата во 1985 година.
Пред разводот кој ќе ја означи новата ера во односите меѓу Брисел и Лондон, вчера и Европскиот парламент гласаше и го потврди договорот. Стануваше збор за симболична формалност пропратена со двочасовна дебата.
“Ќе ни недостига знаењето, енергијата и смислата за хумор на британските пратеници”, рече Ги Верхофштат, поранешниот белгиски премиер и координатор на Европскиот парламент за Брегзит.
Популарниот македонски пејач Влатко Лозановски освои награда на МАС во категоријата најдобра поп фолк нумера за неговата песна Мајко.
Беше претставен како пејач од Северна Македонија, на што тој одговори дека е од Македонија. Екипата на Бекстејџ го праша што точно мислел со ова, а што одговори тој погледнете во продолжение.