“Комити” најавија спектакл за 26 март: Навивачките групи од сите градови ќе маршираат низ Скопје и ќе ја бодрат Македонија

На 26 март во Скопје, на арената „Тодор Проески“, Македонија гп игра својот плејоф натпревар од полуфиналето во Лигата на Нациите против Косово.

Навивачките групи од сите градови за овој натпревар најавија обединување и заедничко бодрење на нашите најдобри фудбалери.

Комитите ги повикаа останатите групи да им се приклучат, а првичниот собир го најавија на плоштадот Македонија во 17:00 часот. По собирањето, околу 19 часот најавија заеднички навивачки марш (кортео) низ улиците на Скопје до арената и секако од 20:45 часот повикаа на фудбалски и навивачки спектакл.

“Историско сплотување на сите Македонски навивачки групи под Македонското име и знаме, по повод историскиот натпревар против Косово, кој значи чекор до најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал. Немаме никаква пречка да го наполниме Градски стадион до врв и со заедничко громогласно навивање ја понесеме нашата репрезентација до финалниот натпревар, и само чекор до остварување на најголемиот сон на сите Македонски навивачи – Пласман на Европско првенство. Експлозијата од громотевици ќе биде повторно како некогаш на Западната Трибина! Па затоа ве повикуваме сите да ја исполниме цела трибина и како една компактна црвено-жолта армија создадеме атмосфера која ќе се памети и прераскажува. За Македонија Единствени – Многупати сите ние сме ја промовирале оваа идеа, но дојде време тоа да го докажеме и на дело”, напишаа “Комити”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.