дома блог страница 2797

Маријана, Мишела и Кириана од Прилеп добија признанија за најуспешни Македонки во Мелбурн (Фото)

Каратистките од Прилеп, сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски заедно со Кириана Камческа, добија признанија за придонес и ширење на македонската култура и традиција во Австралија.

Признанијата за најпопуларните и најуспешни Македонци во Мелбурн ги додели единствената македонска телевизија во Австралија, “ИН ТВ”.

Прилепчанките до ова признание стигнаа благодарение на спортските успеси минатата година во Карате 1 Премиер лигите во Салцбург, Истанбул, Дубаи и шампионските титули на националното првенство на Австралија.

Алapмантно! Во Скопје јавно се одржувале бopби помеѓу мaлoлeтници и се наплаќало 20 ден. за гледање и 300 ден. за снимање (Видео)

Бopбите меѓу малолетници кои се одржувале на спортското игралиште во скопската населба Капиштец не биле бecплатни. Како што објави „Само прашај“, за гледање на бopбите се наплаќало по 20 денари, а за снимање – 300 денари.

Министерот за образование, Арбр Адеми, не знае за организираните бopби. Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска не се произнесе со нови детали, но родителите на учениците во општина Центар велат дека полицијата ги известила училиштата за овие настани.

Извор: “Само прашај”

Содржината ја изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со МТВ 1.

Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Мухамед Хазири
Монтажер: Александра Велјановска

Онлајн платформата #СамоПрашај овозможува директно да се вклучиш во дебатата за прашања од јавен интерес, објавувајќи медиумски и комуникациски производи и ресурси кои имаат за цел да информираат и да едуцираат.

#СамоПрашај е платформа за размена на идеи и мислења поврзани со јавните политики. Преку интерактивните алатки на оваа веб страница и нејзините социјални медиуми можеш да прашаш и да коментираш за општествените проблеми кои те засегаат и да добиеш релевантни одговори и решенија од граѓанските организации кои ќе бидат засновани на темелни анализи и истражувања.

Повеќе стории погледнете ТУКА

72-годишна прилепчанка е жpтва во пожap кој утрово избyвна во куќа во Прилеп: Други две жени биле спaceни

Во пожap, во куќа во Прилеп, една жена пoчинa, а две ycпeaле навреме да се евакyиpaaт. Пожapoт избyвнал изутринава, околу 8.30 часот на улицата „Никшичка“ број 10, а жpтвa е 72-годишната прилепчанка со иницијали О.С.

Пожapoт започнал од просториите на приземјето, а ќуќата имала уште 2 други ката.

Жената којашто пoчинaлa во моментот на пожapoт се наоѓала во подрумот. ТППЕ Прилеп интepвениpaле со 4 возила и 11 пожapникapи.

-Пожарот беше веднаш изгacнат, но жената беше пoчинaтa. Уcпеавме за само неколку минути по пристигнувањето да cпacиме уште 2 други жени од вториот кат со помош на пожapникapcки скали, вели Пецо Димоски, командир на смена во ТППЕ Прилеп.

Извор: “Радио Пела”

После наградата за спортист на Македонија, каратистиката Пулексенија Јованоска избрана и за спортист на годината на Прилеп

На синоќешниот избор на најдобрите спортисти за 2019 година, манифестација која Општина Прилеп ја организираше, каратистката Пулексенија Јованоска беше избрана за најдобра меѓу најдобрите.

Освоеното петто место на Европското првенство за сениори во кати, беше доволно, покрај титулата спортистка на државно ниво, Пулексенија да биде избрана и за најдобар спортист на општина Прилеп за 2019 година.

„Навистина ми е драго што ја добивам наградата и што после долга пауза, Прилеп оваа година доби една ваква манифестација. Ја поздравувам иницијативата и организаторот на настанот, ви благодарам на сите. Спортот и спортистите се најголеми амбасадори за една држава, за едно општество и за еден град, затоа нив треба да ги чуваме, негуваме и да ги поддржуваме. Вечерва бев сведок на многу млади и надежни спортисти. Ви ги честитам наградите на сите и се надевам дека ќе го продолжите патот по кој што чекорите. Треба да верувате во себе, да ги повторите и надмините досегашните резултати. Ви се заблагодарувам уште еднаш“, истакна во своето обраќање најдобриот спортист на општина Прилеп за 2019 година, Пулексенија Јованоска.

Покрај наградите за најдобрите спортисти и спортски клубови, на доајенот на прилепското и македонското спортско новинарство, Миле Талески, му беше врачена Плакета за особен придонес во развојот на спортот.

Меѓу десетте најдобри спортисти на градот, од второто до десеттото место се најдоа параглајдеристот Борјан Јованоски, пингпонгарот Ѓоко Јочкоски, џудистот Давор Велкоски, Катерина Милеска од женскиот фудбалски клуб „Деспина“, џудистката Теодора Димеска, Мери Чкрипеска од Ориентациониот клуб „Златоврв“, натпреварувачката во параглајдинг Александра Уфцеска, Стефанија Перканоска од спортско качувачкиот клуб „Златоврв“ и гимнастичарката Теа Велкоска.

На синоќешниот избор, за најдобар клуб за 2019 година беше прогласен парглајдинг клубот „Делта“, најдобар тренер е Дејан Мицкоски од џудо клубот „Сеишин“, најдобра младинска екипа е ФК „Победа“, а најдобар тренер во работа со младите категории, Адријано Котевски од ракометниот клуб „Прилеп“.

Дарко Чатлески од боксерскиот клуб „Ас“ е најдобриот спортски работник за 2019 година, фудбалерот на италијанскиот „Удинезе“ и на македонската фудбалска репрезентација, Илија Нестороски е најдобриот играч кој настапува за странски клуб, најдобар спортист со инвалидност е пингпонгарот Рубинчо Ристески, а плакета за најдобар судија за 2019 година и’ беше врачена на Валентина Пурдеска.

Дипломи за постигнатите резултати во 2019 година добија десетмина млади спортисти: фудбалерот Лука Георгиески, велосипедистот Андреј Маџоски, Елеонора Кржеска од Ориентациониот клуб „Златоврв“, натпреварувачката во борење Барбара Стојкоска, џудистот Владимир Милчиноски, фудбалерката Сара Ефтинџиоска, фудбалерот Давид Јошески, каратистот Матеј Белистојаноски, гимнастичарката Сара Петрова и ракометарот Бојан Вренцоски.

Покрај градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски, наградите на најдобрите спортисти им ги врачија поранешниот фудбалер на „Победа“ и спортист на Прилеп за 1976 година, Рубин Ѓорѓиески,

Гордана Цветаноска, поранешна ракометарка на „Тутунски Комбинат“ и македонска репрезентативка, екс-репрезентативецот на македонската ракометна репрезентација Гоце Макалоски, претседателот на Џудо федерацијата Владимир Трпаноски и селекторот на македонската параглајдинг репрезентација, Миле Јованоски.

Заврши четвртата, можеби ќе има и 5-та сезона, но ова немавте прилика да го видите на ТВ: Ѕирнете зад камерите на „Преспав“

Пред неполн месец заврши четврта сезона на македонскиот сиктом „Преспав“.

Актерите со нивните ликови во серијата успеа уште еднаш да го привлечат вниманието на публиката и да ги срушат сите рекорди.

Талат, Ула, Марио, инспектор Томе, Јелена од Драчево, Исаура, Коста…сите со свои карактеристики успеа да ја насмеат публиката, но и да го задржат нејзиното внимание.

На ТВ екраните имаме прилика да го гледаме крајниот резултат од снимањата, но зад камерите се случуваат и многу „грешки“ и смешни моменти.

Такви смешни случки имаше токму во „Преспав“, па актерите освен што снимаа, имаа прилика и да се дружат и да се смеат.

Меѓутоа, дефинитивно најсмешен е ликот на Талат кој го игра актерот Дритон Вејсели.

Во продолжение погледнете го „making off“ на „Преспав“:

Инаку, фановите веднаш започнаа и со прашања дали можеби ќе има и петта сезона, а одговорот гласеше:

„Олабавете другари, сите сакаме да има петта и пееста сезона“, гласи коментарот од „Пансион Преспав“.

Па, дали ќе има уште една сезона на „Преспав“ останува да видиме.

По фудбалот, можен е дуел Македонија-Косово и во ракомет

Македонската ракометна репрезентација ќе биде во вториот шешир за квалификациите за следното европско првенство што во 2022 година ќе се игра во Унгарија и Словачка. Репрезентациите се поделени во четири шешири а пласман на ЕП ќе обезбедат по две репезентации.

Прв шешир: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд

Втор шешир: Австрија, Белорусија, Португалија, Македонија, Србија, Русија, Ц. Гора и Холандија

Трет шешир: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска и Белгија

Четврти шешир: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово и Ф. Острови

ПОЗНАТ ДАТУМОТ: Еве кога ќе се влече првата премија од 3 милиони денари од наградната игра МојДДВ

Осумнаесетти март е датумот кога ќе се извлекува среќниот добитник од наградната игра Мој ДДВ.

Премија од три милиони денари ќе издрадува некој кој скенирал фискални сметки. Претходно на 4ти март ќе се извлекуваат добитниците на 100.000 денари.

Со МојаНаграда сите кои скенираат имаат 3 главни придобивки – поврат, награди и придонесуваат во борбата против сивата економија.

Се скенираат се повеќе фискални сметки. Почнувајќи од февруари почна исплатата на „МојДДВ“ второто тримесечие односно за месеците октомври, ноември и декември.

Тоа значи дека парите од поврат на ДДВ може да ви легнат секој ден овој месец.

Што кажува датумот на вашата свадба за вашиот брак

Од памтивек, астрологијата отсекогаш играла голема и мистериозна улога во одредувањето на долговечноста на бракот.

Вашиот свадбен хороскопски знак или датумот на потпишување и хороскопскиот знак поврзан со него, може да ви дадат идеја како вашиот брак ќе се испорача во иднина.

Се разбира, здравјето и среќата на семејниот живот зависат од вас и вашиот сопружник, но понекогаш астрологијата игра важна улога во ова.

Бракот во Овен – 21 март – 19 април
Авантуристички брак

Овенот е познат по тоа што е исклучително независен, смел и авантуристички карактер. Затоа, не би било чудо и вашиот брак ги одразува истите вредности. Ако стапите во брак во овој период, вашиот брак ќе биде спонтан и многу забавен. Ќе биде исполнет со импулсивни планови за патување, непланирани романтични вечери и спонтани романтични гестови. Како и да е, обидете се да не се натпреварувате со партнерот, како што сака Овенот.

Бракот во Бик – 20 април – 20 мај
Цврсто на земјата

Ако одлучите да стапите во брак за време на сезоната Бик, вие и сопружникот ќе имате цврст брак на земјата. Иако и двајцата ги сакате пофините работи во животот и го сакате луксузот, никогаш нема да дозволите тоа да доминира во вашата врска. Добро е да додавате малку зачин во вашата рутина од време на време, во спротивно вашиот брак може да биде монотон и досаден.

Бракот во Близнаци – 21 мај – 20 јуни
Возбудлив и комуникативен брак

Да стапиш во брак во ова време, значи дека бракот ќе биде заснован врз транспарентност и комуникација. Без разлика каква е ситуацијата, секогаш ќе изберете да зборувате отворено и да го решите заедно. Покрај тоа, вие и вашиот сопружник ќе се стремите кон разновидност во вашиот живот – банџи скокање во текот на летото, скијање во зима, часови за готвење во есен и така натаму. Не претерувајте со илјадници задачи – направете го вашето полувреме да биде приоритет.

Бракот во Рак – 21 јуни – 22 јули
Романтичен брак

Раковите се многу романтични и емотивни по природа, па не треба да изненадува што вашиот брак ќе биде неверојатно романтичен. Ќе наидете на слатки имиња еден за други, ќе иницирате лирични вечери со свеќи често, и ќе го поглезите вашиот партнер со многу подароци. Запомнете, сепак, дека постои живот надвор од бракот. Запознајте пријатели и семејство.

Бракот во Лав – 23 јули – 22 август
Страстен брак

Ако одлучите да стапите во брак во текот на сезоната на Лавот, тогаш одморете се – вашиот брак ќе биде многу страствен и драматичен. И вие и вашата половина ќе бидете многу сигурни и никогаш нема да се воздржите од споделување на вашето мислење. Сепак, обидете се да не дозволите вашите мисли и активности да ве одведат во негатива. Бидете сигурни дека никој не се обидува да доминира во другиот и сè ќе биде добро.

Бракот во Девица – 23 август – 22 септември
Зрел брак

Вашиот брак ќе се заснова на тоа да бидете софистицирани, здрави и организирани. И вие и вашиот партнер сте исклучително специфични за сè и сте многу јасни за тоа што сакате. Вие сте најголема поддршка и фан еден на друг. Единствено што може на крајот да предизвика проблеми е ако премногу се фокусирате на деталите.

Наум Петрески раскажува каде го добил најголемиот бакшиш во кариерата (Видео)

Весела „Еден на Еден“ ќе гледаме во недела од 18:30 часот на „Канал 5“ со Наум Петрески. Фолк пејачот на Жаре му откри кој бил неговиот најголем бакшиш во кариерата.

-Тоа беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци, раскажа Наум.

Дел од ова шоу ќе бидат и неговите анегдоти како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Жаре, за да ја провери неговата прецизност, го предизвика заедно да изиграат пикадо, со помош на публиката.

Наум Петрески во „Еден на Еден“ ќе биде пред уште еден предизвик, да запее две песни кои не се од неговиот репертоар, една од Оливер Драгојевиќ, а една од неговиот колега Миле Кузмановски. Специјални музички гости во емисијата се триото „Саксакустикс“ со преработка на еден голем домашен хит.

Во продолжение, погледнете ја приказната за најголемиот бакшиш на Наум

Ова се смешните страни на секој од хороскопските знаци

Секој хороскопски знак е специфичен на свој начин и остава простор и за онаа другата, смешната страна. Прочитајте го смешниот хороскоп и сигурно ќе се препознаете во некои работи.

Овен

Овните ретко кога кажуваат едно, а прават друго. Обично прават нешто погрешно и не зборуваат за тоа. Си го ценат мислењето, горделиви се и без разлика дали живеат во палата или во картонска кутија, до крајот на животот ќе инсистираат дека тоа е токму она кон што се стремеле цел живот. Овенот сите одлуки ги донесува детинесто, лесно стапува во брак, ама лесно и се разведува, а неговиот партнер има склоност кон необични несреќи со смртен исход или со тешки повреди. Овенот има различни веѓи и секогаш самозадоволен израз на лицето.

Бик

Биковите се дефиниција за емоционален ролекостер. Во еден момент се среќни, а веќе во следниот се километри под земјата. Бидејќи е земјен знак, Бикот може да ужива во паузите меѓу туширањето, буквално поретко се тушира од останатите знаци бидејќи тоа му е во природата. Биковите сакаат филмови со среќен крај, ама немаат никаков проблем да му се истурат на келнерот ако им доцни со кафето. Без никакво животно искуство им прават стручна психоанализа на пријателите и им даваат замерки за непостоечки работи.

Близнаци

Сакаат да мислат дека се половина Сократ, половина Микеланџело, додека во реалноста се половина Џокер, а половина Бетмен. Агресивни се и неподносливи, сакаат како луси. Агресивни се и неподносливи. Во состојба се да се расправаат со сопствените деца за последното парче торта. Ги користат Вагите како вреќа за удирање и ослободување од стресот. Зборуваат гласно за да бидат слушнати, што е вистинска штета бидејќи најчесто си се обраќаат самите себеси. Всушност Близнаците не се ништо друго освен параноична Водолија. Нема некој кој не ги сака Близнаците, бидејќи сите сакаат шизофреничари.

Рак

Раковите мора да знаат што се случува во животите на сите живи суштества во галаксијата. Штета што често немаат претстава што се случува во нивниот живот. Тоа обично им го кажуваат пријателите. Се облекуваат само затоа што мораат, а најмногу би сакале да бидат голи цело време. Кога мораат, ја пеглаат облеката, така што ја ставаат под душекот. Тврдат дека се тактични и дека имаат решение за сè, совет за секого. Вистинскиот збор би бил беспомошни, никој не ги сфаќа сериозно. Ако сте Рак и ви се чини дека некој ве зафркава, веројатно сте во право. Но во едно се добри – во носењето на пијаните пријатели дома. Тие пријатели се обично Рибите.

Лав

Лавот сака внимание по секоја цена, дури ни самозапалувањето не е надвор од опциите. Често си го бакнува својот одраз во огледалото откако му се воодушевува цел час. Лавовите мора да ги сослушате до крај, зашто ако ги прекинете и тргнете да ја напуштате просторијата, ќе застанат пред вас и ќе го завршат својот монолог, кој секако се однесува на нив. Тешко стапуваат во брак бидејќи никој не им е достоен. Ако и решат да се омажат, Лавиците најчесто го кријат својот партнер заклучен во шпајзот за да не ги срами кога ќе дојдат гости.

Го сакаат целото внимание само за себе. Сакаат добри расправии и борби, особено со Овенот.

Девица

Девицата е најиритантниот знак. Припадниците на овој знак се концентрираат на правилно дишење и редење на гардеробата по боја. Ја чистат секоја површина двапати дневно со четка за заби, а потоа со лупа бараат бактерии. Опсесивно-компулсивното пореметување е еуфемизам за Девиците. Честопати се предизвикувачи на сообраќајни незгоди. Кога ќе ги прашаат зошто, одговорот е обично дека автомобилот на несреќникот бил премногу валкан. За Девиците сè не е црно или бело, туку чисто или валкано. За нив дефиниција за пекол е живот со Водолија. „Сатаната“ Водолија ќе остава ѓубре зад себе и уште ќе се смее за тоа. Толку се луди што омилена занимација им е отворање и затворање на вратата на фрижидерот, обидувајќи се да ја измамат сијаличката.

Вага

Толку се елегантни и фини што никој не ги поднесува. Вистинско биполарно пореметување на дело – Вагата не е во состојба да донесе одлука. Нејзиното интересирање за актуелните случувања завршува со новиот моден магазин. Постојано се грижат што мислат другите за нив. Не јадат брза храна и никогаш сами не го фрлаат ѓубрето. Тоа е под нивното ниво. Според легендите, во историјата на постоењето на продавниците за користена гардероба забележани се само две Ваги – предавници на својот знак. Претенциозни и надмени, Вагите се најчестиот холивудски знак.

Шкорпија

Родените во знакот Шкорпија рано почнале да се интересираат за компјутери само за да можат да употребуваат специфична терминологија, па не чуди фактот што хакерите се најчесто од овој знак. Навистина се посебни, Шкорпиите се од оние луѓе кои се во состојба да запалат цигара додека се тушираат. Својата животна филозофија ја објаснуваат со пцости. Шкорпиите мамат во игрите на среќа. Тешко им е да сфатат дека „Ѕвездени патеки“ е фикција, а тие не се водачот Борг. Затоа не зачудува што Ноќта на вештерките е во периодот на Шкорпиите. Само тогаш можат да се маскираат во доктор Ху, а да не бидат уапсени за нарушување на јавниот ред и мир.

Стрелец

Стрелците се родени авантуристи. Убиваат пајаци со голи раце и немаат проблем да одат во темница до тоалетот среде ноќ. Повеќе би прифатиле сериозни повреди отколку да направат нешто на полесниот начин. Сакаат да бидат забавувачи, да ги забавуваат семејството и пријателите, но и непознатите. Гласни се и немаат проблем да го навредат соговорникот. Стрелците ги сакаат животните и малите деца, а возрасните апсолутно не ги поднесуваат. Стрелецот никогаш не го запознавајте со родителите.

Јарец

Јарците се вредни, поверливи и ужасно здодевни. Добри се во математиката, што има врска со тоа што се најголемите „давежи“ од сите знаци. Повеќето политичари се токму Јарци. На некој начин се наоѓаат меѓу Лавот и Девицата, мислејќи дека тоа ги прави харизматични, а всушност не сфаќаат дека тоа и не е некој комплимент. Способни се. Во случај на нуклеарна катастрофа животот на земјата би го продолжиле само Јарците и лебарките. Немаат пријатели и не се во тек со модата. Го сакаат Трамп. Најголем број од фалсификаторите биле Јарци.

Водолија

Водолиите сакаат забави. Нивното мото е „Секогаш и секаде“. Малку се носталгични по шеесеттите бидејќи тогаш можеле да шетаат голи и да не бидат уапсени. Многу сакаат да бидат голи. Уште подобро голи и пијани. Според нив сè е дозволено, зашто еднаш се живее. Поради тоа ги нервираат луѓето во нивната околина, а сметаат дека имаат космичко право за тоа. Веруваат дека ако се потрудат можат дури и да одат по вода. Повеќето рок-ѕвезди се Водолии.

Риби

Каде и да одат ги следи смеа. Не затоа што се духовити, туку затоа што се смешни. Лицата родени во овој знак се збунети со целата идеја за сексот. Немаат никаква ориентација во просторот и подобро избегнувајте да ги прашате да ви објаснат каде се наоѓа нешто. Ќе ве пратат со километри далеку во спортивна насока. Најчесто умираат од пад низ прозорец или ги прегазува камион. Додека Лавовите се стремат кон сопствено истакнување и привлекување на вниманието да станат познати, Рибите би сакале тоа да се случи сосема ненадејно. Велат дека сакаат искрена критика, меѓутоа ако им кажете дека нешто што направиле не ви се допаѓа, во состојба се да извршат самоубиство. Кога се расправате со Рибите не се повикувајте на логика, Рибите живеат во Нарнија. Плачат над телата на мртвите животни на патот, ама не би имале проблем со автомобилот да ги покосат неистомислениците. Раковите велат едно, а прават друго. Скорпиите кажуваат една работа и тоа од чист инает, Рибите секако ќе кажат премногу и ќе направат што сакаат во тој момент.