Родена во Битола, има само 18 години, а моментално гради светска кариера со цел да стане еден од најпознатите модели во светот.
Станува збор за младата Ана Марија Јанковиќ која дефинитивно е една од најубавите македонски девојки.
Канадски бизнисмен ги шокирал сите собрани на суд кога кажал дека запалил речиси 700 000 евра за да не ѝ ги даде на поранешната сопруга за алиментација.
Брус Меконвил (55) под заклетва тврдел дека парите ги подигнал од шест банки во 25 дела и готовина од милиони канадски долари (околу 700 000 евра) и ги запалил на две клади на 23.-ти септември и на 15-ти декември минатата година. Тој изјавил дека има и потврди да го докаже тоа, ама дека никогаш не го видел како ги пали парите ниту има снимка од тоа.
Меконвил открил дека мотивот за неговиот чин била фрустрацијата од бракоразводната парница и дека знаел дека на тој начин ќе им наштети на своите деца.
-Ги запалив. Тоа не е нешто што инаку би го сторил, а не сум ни претерано материјалистичка личност. Секогаш сум бил економичен, затоа работата ми траеше 31 година, изјавил бизнисменот на суд.
Меѓутоа, судијата не бил одушевен од изговорот и му било тешко да поверува во приказната па го испратил 30 дена во затвор поради непочитување на судот и му се заканил со уште поголема казна ако продолжи да лаже.
-Сметам дека тоа што го тврдите дека сте го направиле е за секоја осуда затоа што е намерно и директно го загрозува интересот на вашите деца, изјавил судијата Кевин Филипс.
Ова се чини не бил прв случај на Брус да ја избегне алиментацијата. Порано продавал делови од својот имот и капитал на поранешниот книговодител, иако му било кажано да не го прави тоа додека се утврдува нивната вредност.
И понатаму останува мистерија колку имот и колку пари има Меконвил. Судот не може да утврди колку ѝ должи на поранешната сопруга па поради тоа не ѝ плаќал ништо, ама при претходното сослушување му било наредено за секој ден од казнувањето да ѝ плати казна од 2000 канадски долари на својата сопруга.
При вработување во мултинационалната корпорација „Amazon”, потенцијалниот вработен мора да има специфични карактеристики. Една од нив е можноста да ги учи своите работодавци.
Можеби звучи неверојатно, но тоа е навистина така. Начинот на кој вработените се вработуваат во „Amazon“ отсекогаш бил во фокусот на размислувањето за Џеф Безос, извршен директор на компанијата.
„Се обидував да утврдам начин на кој ќе ги ангажирам вработените. Ако некогаш имате доволно среќа да ангажирате луѓе, бидете сигурни дека не вработувате работници кои само вие можете да ги научите, туку вработувате луѓе од кои и вие може да научите нешто од нив“, изјави Безос. Тој ја истакна важноста од вработените да се прават добри лидери.
„Не можете да бидете во право постојано, но може да се обидете да бидете во право што е можно почесто“, додаде Безос.
Потенцијалните вработени во „Amazon” мора да одговараат и да ги исполнуваат 14-те принципи за лидерство утврдени од компанијата, вклучително и „Апсолутно сум во право“. Покрај тоа, тие мора да бидат и по малку радикални и бунтовнички настроени.
Трите водечки прашања што Безос ги споменува во своите писма од 1998 година до акционерите на „Amazon”, вработените и клиентите се:
1.Дали ќе и се восхитуваат на таа личност?
2. Дали таа личност ќе го подигне нивото на ефективност на групата во која влегува?
3. Во која димензија таа личност би можела да биде суперѕвезда?
Најважниот елемент за успехот на „Amazon” е стабилниот принцип на вработување.
Директорот на косовскиот Национален институт за јавно здравје, Насер Рамадани, соопшти дека резултатите од тестовите во институтот покажале дека пациентката за која имаше сомнеж дека го добила кopoнавиpycот, не е заразена со него.
На конференцијата што се одржа предмалку во Институтот, Рамадани рече дека по три теста извршени во лабораторијата на Националниот институт, излегло дека резултатите се негативни на кopoнавиpycoт.
-Првите информации ги добивме од самата пациентка. Но Националниот институт објави дека во скијачки центар во Франција за пет Британци е потврдено дека се зapaзени, а нашата пациентка скијала во истиот центар, па таа самата се исплашила затоа што била во истиот центар… Ги добивме лабораториските резултати од сите три теста со цел да го отфрлиме секое сомневање за кopoнавиpyc и грип А или Б и сите три беа негативни. Во овој случај, лабораториската потврда е конечна потврда, рече тој.
Претходно министерот за здравство и докторите на Клиниката за инфективни болecти во Приштина соопштија дека една пациентка се лекува под сомнение дека може да е заболена од новиот опaceн кopoнавиpyc што првпат се појави во Кина во декември.
На вонредната прес-конференција министерот за здравство Арбен Витиа рече дека станува збор за странска државјанка што работи на Косово, а за која се претпоставува дека е зapaзена во скијачки центар надвор од Косово.
Косовските медиуми објавија дека станува збор за британска државјанка.
Откако Сенатот го ослободи од обвинението за злoyпотереба на службената позиција се чини дека Tpaпм го обзема славеничко расположениe, па занесен се обиде да ја бакне Меланија во ycта, а таа му го сврте образот.
Tpaмп се заблагодари на Меланија и неговото семејство за поддршката која му ја пружаа, а освен Меланија во источното крило на Белата куќа беа присутни и неговата ќерка Иванка и синот Барон.
-Сакам да се извинам на моето семејство за се што поминаа поради одредени зли луѓe.
На синоќешниот избор на најдобрите спортисти за 2019 година, манифестација која ja организираше Општина Прилеп, каратистката Пулексенија Јованоска беше избрана за најдобра меѓу најдобрите.
Освоеното петто место на Европското првенство за сениори во кати, беше доволно, покрај титулата спортистка на државно ниво, Пулексенија да биде избрана и за најдобар спортист на општина Прилеп за 2019 година.
Дарко Чатлески од боксерскиот клуб „Ас“ е најдобриот спортски работник за 2019 година.
Одличните резултати на државните првенства во бокс во категориите: деца, кадети, јуниори и сениори, освоеното второ место во боксерската младинска и сениорска лига, како и боксерскиот спектакл “Profi Boxing Night Prilep”, кој минатото лето се одржа на градскиот базен “Маркови Kули”, се повеќе од доволни адути за ова спортско одликување за Дарко Чатлески.
Исто така минатаа година во Шибеник, Р. Хрватска, се одржа Генералното Собрание на најголемата и најреномирана организација во Европа за професионален бокс, Европската Боксерка Унија (Е.Б.У), а Чатлески беше делегат кој ја претставуваше Македонија.
Меѓу десетте најдобри спортисти на градот, од второто до десеттото место се најдоа параглајдеристот Борјан Јованоски, пингпонгарот Ѓоко Јочкоски, џудистот Давор Велкоски, Катерина Милеска од женскиот фудбалски клуб „Деспина“, џудистката Теодора Димеска, Мери Чкрипеска од Ориентациониот клуб „Златоврв“, натпреварувачката во параглајдинг Александра Уфцеска, Стефанија Перканоска од спортско качувачкиот клуб „Златоврв“ и гимнастичарката Теа Велкоска.
На синоќешниот избор, за најдобар клуб за 2019 година беше прогласен парглајдинг клубот „Делта“, најдобар тренер е Дејан Мицкоски од џудо клубот „Сеишин“, најдобра младинска екипа е ФК „Победа“, а најдобар тренер во работа со младите категории, Адријано Котевски од ракометниот клуб „Прилеп“.
Фудбалерот на италијанскиот „Удинезе“ и на македонската фудбалска репрезентација, Илија Нестороски е најдобриот играч кој настапува за странски клуб, најдобар спортист со инвалидност е пингпонгарот Рубинчо Ристески, а плакета за најдобар судија за 2019 година и’ беше врачена на Валентина Пурдеска.
Дипломи за постигнатите резултати во 2019 година добија десетмина млади спортисти: фудбалерот Лука Георгиески, велосипедистот Андреј Маџоски, Елеонора Кржеска од Ориентациониот клуб „Златоврв“, натпреварувачката во борење Барбара Стојкоска, џудистот Владимир Милчиноски, фудбалерката Сара Ефтинџиоска, фудбалерот Давид Јошески, каратистот Матеј Белистојаноски, гимнастичарката Сара Петрова и ракометарот Бојан Вренцоски.
Покрај градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски, наградите на најдобрите спортисти им ги врачија поранешниот фудбалер на „Победа“ и спортист на Прилеп за 1976 година, Рубин Ѓорѓиески,
Гордана Цветаноска, поранешна ракометарка на „Тутунски Комбинат“ и македонска репрезентативка, екс-репрезентативецот на македонската ракометна репрезентација Гоце Макалоски, претседателот на Џудо федерацијата Владимир Трпаноски и селекторот на македонската параглајдинг репрезентација, Миле Јованоски.
Граѓанин на Арачиново индиректно му порача на лидерот на СДСМ дека тоа што го зборува е далеку од реалноста во која живее обичниот народ.
Додека Заев збори за милиони, чичко Сами го предупреди дека граѓаните се борат да преживеат.
Чичко Сами од Арачиново до Заев
"Зборувате за милиони а јас немам 100 евра во џеб".Haxhi Samiu nga Haraçina i drejtohet Zaevit
"Po flisni për milionë, unë 100 euro nuk i kam në xhep" pic.twitter.com/roPQ174nVC— FurKlan (@FurkanSaliu) February 8, 2020
Забавувајте се и обидете се да го најдете точното решение.
Задачата е следна:
Дадени ви се броевите 2, 5, 7 и 8. Користејќи различни начини по ваша желба, организирајте ги броевите такашто нивниот резултат да биде бројот 43.
При решавање на оваа математичка задача може да користите собирање, одземање, множење, делење и загради. Секоја од цифрите смеете да ја искористите само еднаш.
Ви звучи доволно тешко? Пробајте.
Ако се откажете или сакате да го проверите одговорот кој го дадовте во продолжение е точниот одговор.
Пробајте прво сами!
ОДГОВОР:
((8+2) х 5) – 7 = 43