дома блог страница 2790

Што се’ шета и што се’ дишe воздух низ светот…. (Видео)

Се’ и сешто има низ светот …. Она што се случува во видеото во продолжение е оплакување на планетата Земја во центарот на некој град, кој за среќа не е во Македонија.

Погледнете во продолжение, а коментарите ги оставаме на вас…

Видеото погледнете го ТУКА

Сините од Лондон добиваат екстра засилување: За 45 милиони евра чудото на Ајакс се сели во Англија (Видео)

Челзи постигна согласност со Ајакс за трансфер на Хаким Зијеш. Откако не успеаа да купат ниту еден играч во јануарскиот преоден рок, 26-годишниот Мароканец стана топ приоритет за Френк Лампард.

Според “De Telegraaf”, Челзи постигнале вербален договор за играчот на холандскиот шампион, кој треба да пристигне на крајот од сезоната.

Според медиумите дополнителните преговори ќе продолжат во наредните 24 часа, а неофицијално Челзи ќе плати 45 милиони евра за овој исклучително квалитетен фудбалер.

Хуманитарна поетско-музичка вечер на Св. Трифун во Прилеп: Дојдете и помогнете за возобновување на домот од семејството Спиркоски

Во петок, 14.02.2020, со почеток од 20:30 часот, во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп, ќе се одржи “Поетско-музика вечер”.

Настанот е во организација на “Лajoнс клубот” од Прилеп, а истиот има хуманитарен карактер.

“Заедно, за нашиот празник Св.Трифун опиени од МАЛКУ вино и МНОГУ љубов, ние – подмладокот од Lions заедно со талентираните деца од средните училишта на Општина Прилеп, Duo acoustic Катерина Попоска – вокал и Илија Чакароски – гитара и The Dreamers, ви нудиме незаборавна вечер. Лео Клуб – Прилеп за вас, а сите заедно СПЛОТЕНИ да помогнеме на фамилијата Спиркоски за обновување на опожарениот дом. Љубете, уживајте и донирајте. Најубава комбинација е да наздравите во име на љубовта со чаша црвено вино!”, напишаа организаторите на настанот на Фејсбук.

Што ли се cлyчyва со Вардар? Летoнcкиот џин си зaмина и има нов клуб

Летонскиот џин како што го нарекуваат, Данис Криштопанс, повеќе не е дел од Вардар.

Криштопанс се сели во германскиот Фуксе Берлин, а информацијата ја потврдија и од клубот.

215 сантиметри високиот десен бек во Фуксе Берлин ќе се задржи до крајот на сезоната, затоа што од претходно се знаеше дека во следната сезона ќе настапува за ПСЖ, кај поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез.

Криштопанс ќе дебитира веќе во недела на натпреварот против Магдебург на Филип Кузмановски.

Нов клуб од неодамна најде и Шишкарев, а Германецот Дисингер рече дека само чудо може да го задржи наредната сезона во вардаровите редови.

(Фото) За да излезат од дома прилепчани чекаат сонце да ја исуши калта и вировите на улицата

Жителите од улицата “Бистра планина” во населбата “Сточен пазар” во Прилеп ни испратија фотографии од состојбата во која се наоѓа оваа улица.

На оваа улица се поставуваше канализациона мрежа во септември месец минатата година, а градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, вети дека веднаш потоа ќе се пристапи кон промена на водоводна мрежа и асфалтирање на улицата.

Од тоа денеска сеуште нема ништо, а жителите на улицата газат низ кал и вирови.

Вакви фотографии до нашата редакција пристигнаа и од улиците “Тоде Дупјачанец” и “Братство единство”.

Погледнете во продолжение:

Децата не можат да одат на училиште, невозможно е да се движиш пешки: Улица во 21 век во Прилеп (Фото)

(Фото) Не била само една улица: Прилепски улици како во Африка

Македонија нема абер, а во Бугарија започнува проверка на приватизацијата

Соседна Бугарија најави чистка и одговорност за начинот на кој државата ги ставила јавните добра во приватни раце.

Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев, побара од Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) да направи целосна проверка на процесот на приватизација и на контролата на овој процес од одговорните министерства, агенции и други државни органи, сооопшти Обвинителството.

Проверката треба да ги опфати сите договори за приватизација, како биле исплаќани, независно од видот на платежните средства, како и сите преземени активности за спроведување на постприватизацискиот надзор.

ДАНС треба да утврди дали се собрани предвидените средства според приватизациските договори, камати, отштети и банкарски гаранции, во случај на нивно делумно или целосно неисполнување.

Во врска со ова треба да се утврди дали се извршени активностите за раскинување на приватизациските договори, во случај на нивно неисполнување.

Државната безбедност треба да утврди како била водена целата документација за актуелната постприватизациска контрола, дали биле извршени проверки за реализацијата на приватизациските договори и дали навремено била впишана таа информација во јавните регистри.

Во опфатот на проверката треба да се изврши и анализа на ревизорските извештаи на Државниот завод за ревизија и какви дејствија биле преземени за исполнувањето на дадените наоди и препораки.

Извор: “Курир.мк”

Денеска е голем празник: Ги празнуваме трите столба на христијанската црква – Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јануари.

Денеска е Св. три Ерарси.

Празников бил установен во единаесеттиот век, иако тројцата светители (Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст) на кои денес црквата се сеќава живееле во четвртиот век.

Со тек на времето, нивната светост почнала да се мери со човечки мерила, па така овие светители наместо причина за соединување во љубовта станале предмет на меѓусебни разделби.

Христијаните се делеле, мерејќи кој од нив е посвет од другите.

За да го запре безумието Црквата го установи нивното заедничко и рамночесно празнување на овој ден, иако секој од нив има и свој посебен празник.

(Фото) Прилеп има вистински херои подготвени да спаcyвaaт животи

Членовите на спелеолошкиот клуб “Златоврв” од Прилеп се вистински херои кои својата подготвеност ја покажаа преку уште една вежба.

За разлика од претходно кога од “Златоврв” извршија спасувачка акција на 13-катницата во центарот на градот, овојпат вежбата се одвиваше во месноста Шаторов камен, а целта беше да се спаси дете кое паднало во провалија.

Со ова од “Златоврв” уште еднаш покажаа дека локалните власти треба час поскоро да помогнат клубот да прерасне во прва спасувачка служба во Прилеп.

Облачно време со дожд, во петок очекувајте обилни врнежи

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 5 степени, а дневната од 5 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе биде 1 степен, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Од утре времето ќе биде суво и посончево. Под влијание на влажен бран во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Русите го претставија шлеперот од иднината: Вистинска куќа на тркала (Видео)

По повод 50-годишнината од основањето на Камската фабрика, беше претставен новиот шлепер од новата генерација КамАЗ-54901 Continent.

Шлеперот е посебна приказна, опремен со најмодерна технологија, систем за асистенција на возачот наречен Highway Pilot, модерна кабина со автоматски кревет…

Видеото во продолжение го доловува најдобро сето тоа: