Сините од Лондон добиваат екстра засилување: За 45 милиони евра чудото на Ајакс се сели во Англија (Видео)

Челзи постигна согласност со Ајакс за трансфер на Хаким Зијеш. Откако не успеаа да купат ниту еден играч во јануарскиот преоден рок, 26-годишниот Мароканец стана топ приоритет за Френк Лампард.

Според “De Telegraaf”, Челзи постигнале вербален договор за играчот на холандскиот шампион, кој треба да пристигне на крајот од сезоната.

Според медиумите дополнителните преговори ќе продолжат во наредните 24 часа, а неофицијално Челзи ќе плати 45 милиони евра за овој исклучително квалитетен фудбалер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.