дома блог страница 2789

Сакала да изгледа магично за роденденската прослава, па нарачала фустан од Интернет: Она што го добила е вистинска комедија (Фото)

Нарачувањето преку Интернет веќе не е реткост, скоро секој од нас го пробал овој метод на купување барем еднаш.

И додека некои нарачки совршено одговараат со производот кој сте го избрале, има купувачи кои жестоко се покајале за одлуката да купат преку Интернет.

Една од нив е Британката Кортни Хендерсон, која решила за нејзината роденденска вечера да купи нешто од Интернет.

Нашла прекрасен фустан во кој веднаш се заљубила и одлучила да го нарача.

Но погледнете што добила…

(Видео) Огорчен Албанец си ја отвори душата среде емисија како никој досега

Човекот си ја отвори душата како никој досега….

Видео: Јанко Илковски (Емисија Јади Бурек)

Што сака за подарок секој од хороскопските знаци за денот на вљубените

Овен

Мажите ќе се радуваат доколку им купите капа, парфем или патики, а дамите на украси за коса, шминка и накит.

Бик

Најдобар подарок за Бикот е парфем, шише квалитетно вино, паричник и сл.

Близнаци

Идеален подарок за овие личности е книга, очила за сонце, парфем, телефон, таблет или лаптоп. Мажите ќе се израдуваат на белезица, а жените букет, прстен или ракавици.

Рак

Овие личности сакаат квалитетни пијалаци, мирисливи свеќи, рамки за слики, но и домашни миленичиња.

Лав

Лавот сигурно ќе го развеселите со влезница за некоја премиера, со уметничка слика или со шише квалитетно вино. Дамите ќе се радуваат на брендирана облека, златен накит, чанта од познат дизајнер, квалитетна шминка, но и плишана играчка.

Девица

Нема да погрешите ако им подарите рачен часовник, интересна книга, таблет, лаптоп, мобилен телефон или милениче. Природната козметика, накитот и шминката се исто така добар избор за дамите, а за мажите сè што е поврзано со нивното хоби.

Вага

Можете да им подарите и козметиката за коса, елегантен шал, нараквици или мирисливи свеќи, а на дамите бонбони, букет цвеќиња со посвета, накит, ароматична купка и сл.

Скорпија

На мажите купете им шише квалитетен пијалак, јакна или кошула, а на жените фустан со реси, парфем, маскара и цвеќе.

Стрелец

Идеален подарок за Стрелците е ориентален сувенир, ламба или интересно парче накит, спортска облека или влезница за концерт на нивната омилена група.

Јарец

Добар избор за нив е историска книга или книга од областа што особено ги интересира, паричник, компјутерски делови, чевли, влезница за во театар. Дамите ќе ги израдувате и со цвеќиња, со накит и со марама.

Водолија

Ако навистина сакате да ги импресионирате припадниците на овој хороскопски знак, изберете нешто модерно, како на пример најновиот модел на мобилен телефон, музички уред, часовник, фотоапарат, камера.

Риби

Подарокот што ќе ѝ се допадне може да биде приврзок со скапоцен камен во форма на Риби, влезница за концерт, збирка поезија, ароматично масло за масажа или парфем.

(Видео) Телефонот на иднината: Погледнете како изгледа флексибилниот “Samsung Galaxy Z Flip”

Иако за новиот телефон на преклоп на Samsung се знаеше речиси се и пред официјалното лaнcиpaњe, сепак успеале да сокријат некои детали. Така, најголем итнерес пpeдизвикa стаклото кое Samsung го користел за екранот. Galaxy Z Flip има Infinity Flex екран направен од специјално ултратенко стакло Ultra Thin Glass (UTG).

Претходникот на Z Flip, Galaxy Fold дефинираше сосема нива категорија преклопни уреди, додека Galaxy Z Flip претставува новo портфолио со уреди кои ја потврдуваат посветеноста на Samsung на врвни технологии и ново корисничко исксуство.

Телефонот има двоен механизам CAM, кој користи иновативни најлонски влaкнa за чување на уредот од вaлкaњe и пpaшинa. Поради дизајнот, Galaxy Z Flip стои самостојно и овозмжува снимање и фотографирање во движење во размер 16:9 од различни агли без употреба на paцe или cтaтив. Благодарение на опцијата Multi-Window Tray, пак, повеќе не е невозмжно да се прават повеќе работи истовремено.

Teлефонот има минијатурен екран од надворешната страна на кој се прикажуваат известувања за повици, пораки и сл. Samsung го задржа системот на преклоп развиен за Samsung Galaxy Fold. За разлика од Galaxy Fold, кој беше телефон и таблет во едно, Flip e обичен телефон кој ќе може да се преклопи за да се намали.

Екранот има големина од 6,7 инчи, а процесорот e Snapdragon 855 Plus со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање податоци. Galaxy Z Flip може да има и поддршка за 5G, а што се однесува на цената, ќе изнесува 1380 долари, а ќе се најде на пазарот во одредени земји од 28 февруари.

(Видео) Неверојатно: За една минута направи 57 склека со 2 прста и влезе во Гинисовата книга

Ерменскиот каратист Храчик Костандјан се запиша во Гинисовата книга на рекорди откако успеа да направи 57 склека на само два пpcтa за само една минута.

Склековите придржувајќи се само на еден пpcт од paцeтe се сметаат за нaјтeшки, па само најспособните може да ги направат, а овој Ерменец успеа во тоа.

Пилотот му бил кум: Македонецот кој се роди на 8.000 метри височина утре ќе полни 42 години (Фото)

Австралијанецот Јатко Тодев со потекло од Македонија, добил доживотно бесплатно летање со авион од авиокомпанијата ЈАТ, затоа што во 1978 година, се родил за време на летот за Сиднеј.

Јатко е роден на 13 февруари за време на летот Б-707, кој летал од Југославија до Австралија. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај.

Јатко раскажува дека папочната врвца ја пресекле со ножици, а ја дезинфицирале со виски. Кум бил пилотот, кој управувал со авионот. Јатко го добил името во чест на авиокомпанијата ЈАТ, сега позната како Ер Србија.

Јатко е единствениот човек во светот каде што во местото на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI. Иако добил можност бесплатно да лета до било која дестинација во светот, Ратко ниту еднаш не го искористил овој подарок. Тој сега со семејството живее во Австралија.

(Фото) Оваа фотографија покажува дека чудовиштето од Лох Нес навистина постоело: На плажата пронајден необичен ckeлет

Приказните за чyдoвиштeтo од Лох Нес се пренесуваат 1.500 години. Многу луѓе тврдат дека го виделе чудовиштето со свои очи, но сепак, никогаш не постоел ниту еден конкретен доказ.

Меѓутоа, фотографијата која неодамна се појави на социјалните мрежи може да биде доказ дека Неси навистина постоел.

Необичниот скелет е пронајден на една плажа во Абердин, Шкотска, а на социјалните мрежи веднаш започна дебата дали коските припаѓаат на чудовиштето од езерото.

(Видео) Ќе си ги поправите сите расипани патенти сами, а потребна ви е само една вилушка

Мора да ви се случило барем еднаш да си го скршите патентот на некое парче облека.

Не е лесно да се поправи, па мора да плаќате пари за да го смените патентот.

Но, овој трик може да ви го олесни животот и да заштеди пари.

(Видео) Легендата на НБА ги шокираше фановите: Мојот 12-годишен син реши во иднина да биде женско

Легендата во НБА, Двејн Вејд откри дека неговиот 12-годишен син Зион се одлучил да живее во иднина како жена.

Вејд рече дека 12-годишниот Зион побарал од него и неговата сопруга Габриел да го нарекуваат Заја во иднина.

-Зион дојде дома и рече:„ Сакам да разговарам со вас. Подготвен сум да излезам и да живеам како што сакам. Сакам да ме наречеш Заја“, откри Вејд во шоуто на Елен.

Потоа, тој истакна дека тој и Габриел го прифатиле тоа.

-Ние сериозно ја сфаќаме улогата и одговорностите на родителите. Нашата работа е да го слушаме нашето дете и да му помогнеме најдобро. Ова не ја менува ниту оваа ситуација, додаде Вејд.

ФОТО: Се огласи Дибиров и испрати моќна порака до фановите на Вардар

Европскиот шампион Вардар денес доживеа вистински егзодус. Критшопанс го официјализираше трансферот во Фуксе Берлин каде што ќе игра до крајот на сезоната, па ќе се пресели во ПСЖ.

Не помина половина час потоа беше објавено дека Калифа Гебдан постигнал договор со Адамaр Леон, сепак Гебдан барем ќе остане до крајот на сезоната. Вардар веднаш го напушта и Павел Атман. Атман денес го официјализираше трансферот во Спартак Москва.

Ново настанатата ситуација во Вардар денес ја коментираше и играчот со легендарен статус во клубот, Тимур Дибиров.

Тој со порака на Инстаграм директно им се обрати на фановите на „црвени црните“.

„Драги фанови, знам дека сега ние е во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани,но сега е момент за сите нас да се обединат и да покаже дека Вардар бил и ќе биде, и може да победи секогаш,и сите заедно ќе се даде поддршка кога е најтешко, ве повикувам сите во салата и да го покажеме што е љубов,заедно можеме да направиме се“, на симпатичен македонски јазик напиша Русинот.