Што сака за подарок секој од хороскопските знаци за денот на вљубените

Овен

Мажите ќе се радуваат доколку им купите капа, парфем или патики, а дамите на украси за коса, шминка и накит.

Бик

Најдобар подарок за Бикот е парфем, шише квалитетно вино, паричник и сл.

Близнаци

Идеален подарок за овие личности е книга, очила за сонце, парфем, телефон, таблет или лаптоп. Мажите ќе се израдуваат на белезица, а жените букет, прстен или ракавици.

Рак

Овие личности сакаат квалитетни пијалаци, мирисливи свеќи, рамки за слики, но и домашни миленичиња.

Лав

Лавот сигурно ќе го развеселите со влезница за некоја премиера, со уметничка слика или со шише квалитетно вино. Дамите ќе се радуваат на брендирана облека, златен накит, чанта од познат дизајнер, квалитетна шминка, но и плишана играчка.

Девица

Нема да погрешите ако им подарите рачен часовник, интересна книга, таблет, лаптоп, мобилен телефон или милениче. Природната козметика, накитот и шминката се исто така добар избор за дамите, а за мажите сè што е поврзано со нивното хоби.

Вага

Можете да им подарите и козметиката за коса, елегантен шал, нараквици или мирисливи свеќи, а на дамите бонбони, букет цвеќиња со посвета, накит, ароматична купка и сл.

Скорпија

На мажите купете им шише квалитетен пијалак, јакна или кошула, а на жените фустан со реси, парфем, маскара и цвеќе.

Стрелец

Идеален подарок за Стрелците е ориентален сувенир, ламба или интересно парче накит, спортска облека или влезница за концерт на нивната омилена група.

Јарец

Добар избор за нив е историска книга или книга од областа што особено ги интересира, паричник, компјутерски делови, чевли, влезница за во театар. Дамите ќе ги израдувате и со цвеќиња, со накит и со марама.

Водолија

Ако навистина сакате да ги импресионирате припадниците на овој хороскопски знак, изберете нешто модерно, како на пример најновиот модел на мобилен телефон, музички уред, часовник, фотоапарат, камера.

Риби

Подарокот што ќе ѝ се допадне може да биде приврзок со скапоцен камен во форма на Риби, влезница за концерт, збирка поезија, ароматично масло за масажа или парфем.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.