дома блог страница 2788

Путин: “Додека сум јас претседател на државата, родителите ќе се викаат мама и тато, а не родител бр. 1 и родител бр. 2”

Претседателот на Рустија, Владимир Путин, рекол дека се додека тој е претседател на државата, во Русија родителите ќе се нарекуваат мама и тато, а не родител број 1 и родител број 2.

“Додека јас сум на чело на државата, кај нас нема да има “родител бр. 1 и родител бр. 2″ – ќе бидат мама и тато”, порачал Путин на состанокот со работната група која подготвува уставни измени, пренесува “Спутник”.

За време на состанокот некои од учесниците изнеле сомнеж дека еден ден и во Русија, како што е случајот со многу западни државни, би можело да бидат воведени термините “родител 1 и родител 2”.

Исто така, Путин го поздравил предлогот да во Уставот бидат воведени ставки за поддршка на семејството, со тоа што ќе биде потребно да се размисли за формулацијата.

Пратеничката Олга Баталина предложила на состанокот во Уставот да се внесе овластување на Владата за поддршка, зајакнување и заштита на семејството и традиционалните семејни вредности.

“Треба да се прецизираат некои работи”, рекол Путин на состанокот.

“Бракот е заедница на маж и жена, а со семејството е малку поинаку. Идејата е исправна и треба да се поддржи, само треба да се размисли за формулациите”, додал Путин.

Ѓаволcката дупка во близина на Прилеп (Фото)

Опасен мост цели две и пол години демнее на планинскиот превој Плетвар и никој не води грижа. Оградата е целосно уништена, а длабочината на бездната е повеќе од 30 метри.

Возачите нека бидат целосно претпазливи!

На социјалните мрежи овој мост граѓаните го нарекуваат “ѓаволска дупка”…

Жител од прилепско заpaботи кpивична пpиjaва за нaпaд на пoлицaeц

Одделението за внатpeшни paбиоти Прилеп поднесе kpивична приjaва пpoтив П.Т.(40) од с.Бучин, крушевско, поради пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно kpивично дело „нaпaд врз cлyжбено лице при вршење paботи на бeзбеднocта“.

На 11.01.2020 во с.Кривогаштани пpиjaвениот физичkи нaпaднaл полициcки cлyжбеник кој вршел paботни задачи.

Државата ќе дава 36.000 заем за брак, а долгот ќе се брише после трето дете во семејството

Новите мерки на Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан вклучуваат поголем заем за семејствата со најмалку две деца за да им се помогне да купат дом, субвенции за купување автомобил и ослободување од данок за жените кои подигнуваат најмалку четири деца.

„Унгарците напорно работеа за да остварат висок економски раст“, рекол во неделата Орбан во традиционалното обраќање до нацијата и најавил нови погодности за семејсвата како би се зголемил демографскот раст, а остро ја критикувал проимигрантски настроената опозиција и европската бирократија.

Тој нагласил дека неговта Влада ќе го одржува економскиот раст на Унгарија за два проценти повисоко од просекот во ЕУ, иако за идните години се очекува глобално забавување на економијата.

„Бројот на склучени бракови расте, смалена е смртноста на доенчињата, вработеноста од 55 е зголема на 70 отсто, платите растат, повеќе од двојно е зголемена минималната плата“, рекол Орбан и оценил дека по десет години Унгарците повторно веруваат во иднината.

Тој зборувал и за имиграцијата:

„Се помалку деца се раѓаат во Европа. Запад мисли дека одговорот на тоа е во имиграцијата. Секое дете кое ни недостига, да се надомести со друго дете кое доаѓа (од исток) и така бројките ќе бидат во ред“, рекол Орбан.

„Но нам не ни требаат бројки. Ни требаат унгарски деца“, истакнал и најавил програма од седум точки за младите семејства.

Новите мерки на Владата на унгарскиот премиер Орбан вклучуваат поголем заем за семејствата со најмалку две деца за да им се помогне да купат дом, субвенции за купување автомобил и ослободување од данок за жените кои подигнуваат најмалку четири деца.

Жените помлади од 40 години кои ќе склопат прв брак, можат да добијат заем од 36 000 евра. Третина од заемот се простува кога ќе родат второ дете, а целиот заем се брише по раѓањето на трето.

„За Унгарците тоа е вистинскот одговор, а не имиграцијата“ рекол Орбан според Ројтерс.

За опозицијата истакнал дека „шака проимигрантски настроени политичари кои на респиратор ги одржуваат Џорџ Сорос и бирократите од ЕУ“, истакнал тој.

„Повторно се јавуваат силите кои сакаат отворени општества и свет без нации, сакаат да создадат супернационална глобална влада“, рекол Орбан.

Бриселските бирократи ги нарекол „тврдина на новиот интернационализам“, а мигрантите „нивен инструмент“.

Извор: “Денешен.мк”

НАСА: Оваа сабота Земјата ќе биде изложена на сериозна зakaна од Вселената

Голем астероид, долг околу еден километар, опacно ќе се приближи до нашата планета в сабота, 15 февруари, објави НАСА. Проценките велат дека е потенцијално катастрофален, затоа што во случај на удар, карпа со таква големина би можела да убие милиони луѓе во поширокиот регион и да предизвика трагедија на глобално ниво.

Астероидот со кодно име 2002 PZ39 патува со брзина поголема од 50.000 километри на час. НАСА објави дека треба да биде во точка најблизу до нашата планета в сабота во 11 часот и пет минути претпладне.

Проценетите димензии на вселенската карпа се 990 на 440 метри, големина чие влијание, како стандард, остава значителни последици.

„Ако објект поголем од 25 метри, а помал од еден километар, удри на Земјата, тоа веројатно ќе предизвика локална штета во областа на ударот. Секое поголемо небесно тело, со волуменн од еден до два километра, би можело, сепак, да има глобални ефекти”, наведува НАСА.

Астеродидот ќе помине на оддалеченост од Земјата од 5,77 милиони км. За експертите тоа значи дистанца која ги изложува луѓето на потенцијална опасност.

НАСА посочува дека откако, најверојатно, ќе ја заобиколи Земјата, астероидот 2002 ПЗ39 ќе продолжи по Сончевиот систем и ќе појде кон Венера, на која би требало да се приближи на 14 јуни 2034 година. Но тој датум нема да значи и трајна разделба со Земјата, бидејќи истиот астероид од Венера повторно ќе се врати кон нашата планета.

(Фото) Директно од карантинот во крузерот: Ова е Даниел за кого тврдат дека има “кopoна виpyc”- Еве која е неговата изјава

Добро се чувствувам, немам температура и не сум зapaзен со kopoна-виpyc. Не е вистина дека трет ден сум во изолација, еве токму сега пијам кафе во бифето во бродот, изјави за српски Курир Даниел Душноки (39) од Суботица, член на персоналот во бродот “Дајмонд принцес”.

– Направија вистинска драма, а ништо од тоа не е вистина. На крузерот сме и за сега нема ништо ново, ниту пак нешто се случува. Работиме, го чекаме крајот на оваа драма. Немам температура и не сум под никаков посебен карантин. Не сум во контакт со зapaзените патници, јас само патролирам во текот на ноќта- вели Душноки за Курир.

70 години тeaтap “Војдан Чepнодрински” – Прилеп: Кpaток иcтopиjaт, нагpaди, нajгледана и пpва пpeтcтава

Најгледаната претстава “Солунски патрдии”

На 18 февруари годинава ќе се одбележат 70 години од формирањето на Театарот „Војдан Чернодрински“, кој низ овие седум децении се развивал и растел акцентирајќи го домашното драмско творештво.

Низ годините се ределе премиерите еднаподруга, се нижеле успесите и падовите на Театарот. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса, за денес да биде врвен ансамбл со 18 актери, кој реди успеси не само во Македонија, туку и во странство..

Годишнината ќе се одбележува од 17 до 23 февруари, со манифестацијата насловена „Недела на театарот“ во која ќе бидат прикажани премиерата на „Лажговци“, во режија на Коле Ангеловски, пет претстави и проектот „Глумците пеат“.
Завеста првпат се кренала на 18 февруари 1950 година, со изведбата на претставата „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Првите актери кои стапнале на сцената биле Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Алампиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски, Димче Шилоски…

Сцена од претставата „Кир Јања“ првата претстава на НТ „Војдан Чернодрински“

Потоа Мирко Стефановски, Рампо Конески, Кирил Ќортошев, Благоја Дамески, Правда Илиќ, Нада Стефановска, Кирил Жежоски, Јосиф Јосифоски, Димитар Гешоски, Љубиша Трајковски, Нада Гешоска, Живка Лабетиќ, Блага Алампиоска, Методија Петкоски, Блаже Алексоски, Лилјана Ракиџиева, Ева Глишиќ, Лидија Иваноска, Кирил Ристоски, Трајче Иваноски, Благоја Ивчески, Благоја Спиркоски Џумерко, Димитар Вандески, Петар Димоски….Па следуваат Марјан Чамакоски, Андон Јованоски, Цветанка Чавлеска, Најдо Тодески, Виолета Чакарова, Игор Трпчески, помладите Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански, Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Димитар Црцороски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Катерина Чакмакоска Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Никола Настоски, Александар Степанулески, Илија Волчески….

Во 70 години, Театарот „Војдан Чернодрински“ кој сега е дел од НУЦК „Марко Цепенков“, прикажал околу 350 премиери и околу 7000 претстави кои ги гледале над 1,5 милиони луѓе.

Најгледани и наиграни претстави низ годините се „Од кол на кол 1“ во режија на Коле Ангеловски и „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, исто така во режија на Коле Ангеловски.

Голем успех во минатото е постигнат и со претставите „Цена“, „Од глаата си патиме“, „Силјан Штркот“, „Лулка“, „Медеја“, „Кумови“, „Собирен центар“, „Туѓо сакаме, свое не даваме“, „Молам за секс“, „Градење црква“, „Коста Саруфте“ „Глоговиот џбун“ итн.

Белег во повеќедеценискиот растеж на Театарот дале и претставите „Спиро Црне“ од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, „Колобан“ од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, „Арсениј“ од Б.Р. Платнар, „Полковникот птица“ од Христо Бојчев и „Опера за три гроша“ од Б. Брехт – и двете во режија на Владо Цветановски.

Во досегашното постоење, претстава која со најголем успех го освои вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со „Тапаните“, Театарот се вивна високо не само во земјава, туку и надвор. Освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Не помалку наградувана е и „Кавкаскиот круг со креда“, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот Екс Понто во Љубљана, Словенија, а потоа и за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Блаже Алексоски, Благоја Ристески-Платнар, Трајче Крстески, Василе Димески, Петар Петрески итн.

НАГРАДИ ЗА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ НА МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

1.2018 година НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ЗА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА „КЛЕТНИЦИ“ според романот на Виктор Иго, режија Мартин Кочовски

2. 2017 година НАГРАДА ЗА КОЛЕКТИВНА ИГРА ВО ПРЕТСТАВАТА „ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА“ , режија Наташа Поплавска

3.2015 година СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА КОЛЕКТИВНА ИГРА И ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА КЛАСИКАТА за претставата „СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“, режија Нела Витошевиќ

4.2013 година НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА „ЗМЕЈОВАТА НЕВЕСТА“ од Молеров, режија Нела Витошевиќ

5.2010 година НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА „КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски

Награда за сценски движења за „Кавкаскиот круг со креда“

6.2009 година НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА „ТАПАНИ ВО НОЌТА“ од Брехт, режија Мартин Кочовски

7.1998 година НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА „ПОЛКОВНИКОТ ПТИЦА“ од Х. Бојчев, режија Владо Цветановски

8.1972 година НАГРАДА ЗА УМЕНТИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА „ЦЕНА“ ОД Милер, режија Ацо Алексов

9.1970 година НАГРАДА ЗА УМЕНТИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА „ОД ГЛААТА СИ ПАТИМЕ“ режија Ацо Алексов

Aлapмантно: Македонец од кpyзepoт зapaзен со кopoна виpyc

Министерството за здравство информира согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи, дека дојде до промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess“ во Јокохама, Јапонија.

Потврдено е присуство на кopoна виpycoт кај еден од македонските државјани кој во моментот е xocпитализиран во здpaвcтвена ycтанова во Јапонија.

Амбасадата на Република Македонија во Токио е во комуникација со македонскиот државјанин. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле cимптоми кои може да укажуваат на пpиcycтво на кopoна виpycoт.

Министерството за здравство на Јапонија продолжува со спроведување на тестови за присуство на кopoнавиpycoт кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот. При вршење на анализите предност имаат лица со cимптоми кои укажуваат на приcycтво на виpycoт, лица над 75 годишна возраст и лица со xpoнични заболyвања.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, преку амбасадата во Токио, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во Јапонија и остварува комуникација со надлежните јапонски органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на кopoна виpycoт.

Министерството за здравcтво апелира до граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;

• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;

• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;

• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;

• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

Беше непроценливо богатство на Победа, a сега е истото и во Кратово: Карчески е борец и врвен фудбалер

Пишува: Никола Димески

Една деценија во својата Победа, а сега служи за пример кај кратовчани. Даниел Карчески е големо засилување за Силекс како фудбалер со екстремно искусен профил на играч, низ чии нозе поминале многу натпревари и фудбалски искушенија од кои само може да се акумулира искуство потребно за нови предизвици.

Така е и со прилепската машинерија која го покажува сиот свој сјај во дресот на прволигашот од Кратово. Секој фудбалер на денешшницава крие своја фудбалска магија, своја тајна на зелениот тепих, како и Даниел, кој беше една од главните цели на клубот за кој сега настапува, па затоа и челниците на Силекс веруваат во неговата игра со “бубамарата”.

Карчески за Радио Пела вели дека Силекс на скоро сите позиции има квалитетни играчи, истото тоа важи и за неговата, како играч кој треба да ја поврзи одбраната со нападот, но за него е најважно што се наметнува и го докажува на теренот неговиот ангажман во тимот, од каде очекуваат дека Силекс како екипа со неговите квалитети ќе добиe многу во престојната пролетна полуетапа.

Даниел исто така е задоволен од тоа како го прифатија како соиграч во тимот уште на почетокот на сезоната, па според него целта на клубот е опстанокот во лигата, а потоа шансите за висок пласман и места кои водат во Европа.

Прилепскиот фудбалер своите почетоци ги имаше на седум годишна возраст во фудбалската школа Перак, поминувајќи долго време во едукација и надоградба на својот талент под менторство на тогашниот и сегашен тренер Зоран Димоски – Перак.

Сето тоа беше причина повеќе подоцна да ги помине сите категории во фудбалскиот клуб Победа и да заигра и за првиот тим.

“Сеуште се свежи сеќавањата на моментите кога Победа играше во третолигашкото друштво, вели тој, но тогаш се формираше млада екипа која успеа повторно да го врати клубот онаму каде и му е местото и покрај многуте потешкотии низ кои поминуваше црвено белата армија”, истакна Карчески и додаде дека десетте години поминати во Победа се со срце и на терен.

Сигурно и во новата средина го очекува истиот победоносен ритам со Силекс, па затоа единствено што му посакуваме е да го држи здравјето и многу добри партии во мак фудбалот.

Извор: “Радио Пела”

Утре е Св. Трифун: Еве што според народните верувања треба да направите за да ве следи среќа

Утре верниците го обележуваат големиот христијански празник -Светиот маченик Трифун.

Роден е во малоазиската област Фригија во Мала Азија. уште од рано детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој на изненадување на своите современици имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед.

Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста таа многу пати сакала да се фрли во оган или вода. Ниеден лекар не можел да и помогне и да ја излечи. На девојката и е откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“. Злобниот дух од девојката тогаш проговорил велејќи дека него никој не може да го истера-освен Трифун.

После многу Трифуни од царството и овој Трифун го повикале во Рим да ја исцели царевата ќерка.

Царот го дарувал многукратно, а Трифун сите подароци им ги разделил на сиромашните.

Кога на власт дошол царок Дециј, Свети Трифун е мачен поради следбеништвото на Христос, а сите мачења ги поднел со голема радост.

Бидејќи ниедна мака не му нашкодила, мачителите му ја отсекле главата со меч.

Пред смртта Трифун му се помолил на Бога и умрел во 250 година.

Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот посветен на Светиот маченик Трифун. Православната Црква го слави како исцелител, кој се удостоил на маченичкиот венец.

Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари. Денеска неговиот ден се празнува од страна на лозарите, градинарите на 14 февруари според грегоријанскиот календар.

На овој ден лозарите приредуваат и ручек и ги повикуваат и случајните минувачи , бидејќи се смета дека на домаќинот и целата куќа тоа ќе му донесе среќа.