дома блог страница 2773

Спектакл во центарот на Прилеп: Прилепчани уживаа во несекојдневен настан (Фото)

Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ Прилеп во паркот кај Градскиот Саат денеска организираше Инфо Спелео Ден. Сите оние кои се подготвени за авантура и кои сакаат да го истражат непознатото во себе имаа можност да присуствуваат на оваа инфо презентација на спелеолошката магија.

Прилепчани во исто време се запознаа со работата на спелеолошкиот клуб “Златоврв”, а заинтересираните и да бидат дел од овој тим преку новите уписи – објави “Радио Пела” од каде го поддржаа настанот.

Вака вардарец прославува погодок и ги поздравува Комитите (Видео)

Вардар минимално со 0:1 попладнево му го нанесе првиот домашен пораз на Борец во Велес и забележа нови три бода во трката за титула со Шкендија.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Даниел Аврамовски во 33-та минута, кој погодокот го прослави на посебен начин поздравувајќи ги “Комитите” присутни на трибините.

Вардар сега на првата позиција има водство од 11 бода пред Шкендија, а тетовчани својот натпревар од 20-то коло го играат утре на гости во Кратово против Силекс.

Видео: “sportski.mk”

(Фото) Археолозите ја открија гpoбницaтa на Ромул: Го создал Рим, а неговиот живот е мистерија

Италијанските археолози наскоро ќе го претстават “неверојатното откритие”, подземното светилиште од 6 век пред Христос, кое би можело да биде гpoбница на митскиот основач на градот Рим и првиот римски крал Ромул.

Ромул според легендата го основал Рим со својот брат Рем на 21 април 753 година пред нашата ера. Покасно се “ослободил” од неговиот брат и станал првиот римски владетел.

Светилиштето го сочинуваат камен саркофаг долг 1.4 метри и кружна структура за која се претпоставува дека била олтар.

Локацијата на светилиштето е во внатрешноста на римскиот Форум.

Кажете им “збогум“ на менcтpyaлните бoлки, направете сами чај кој ќе ве спacи

Жалфија е погодна за лекување на нарушување на работата на срцето и нервите, менструалните тегоби, воспалението на устата и грлото, како и на воспление на црева и претерано потење.

Доколку имате поизразени менструални болки тогаш се препорачува да ставите 50 грама лисја од жалфија во 100 грама ладна вода.

Потоа истиот чај да се остави да врие 15 минути, да се процеди и да се пие трипати дневно во текот на менструацијата.

Мицкоски: Субвенции за градба на фасада и замена на прозорци на домовите, сончеви колектори на трошок на државата

Лидерот на ВМРо-ДПМНЕ на денешната прес-конференција најави нова низа на проекти кој што се од големо значење на граѓаните, односно проекти кои на секое семејство пола од трошокот за промена на фасада или прозорци ќе го покрие државата

-Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и прозорци на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50% е на трошок од државата. Фактичката состојба покажува дека многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, а нивната обнова чини пари. Затоа се обрзувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасни прозорци во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина. Тоа за граѓаните ќе значи топол дом на зима, и ладен на лето и секако пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети и повеќе пари во семејствата, истакна Мицкоски.

Мицкоски, исто така најави и субвенционирање за 50% и на сончеви колектори, со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина

-Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата. Ова значи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи до 50 % субвенции на граѓаните за набавка на енергетски ефикасна опрема: сончеви колектори (фотоволтажни и термални, топлински пумпи, приклучок кон топлификациски системи) со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина.

Пендаровски: “Не можам да се навикнам на новото име, ниту моите колеги политичари, освен Зоран Заев кој нема никаков проблем”

Претседателот на државата Стево Пендаровски, синоќа гостуваше во емисијата “Само интервју” на “Канал 5” Телевизија, кај новинарот Гоце Михајлоски.

Во делот од интервјуто каде се зборуваше за новото име на државата, Пендаровски меѓудругото рече:

“Не можеш да се навикнеш на ново име кога не знам јас сум 57-годишен човек. Сега 56 години, ме учеле од дете на тоа другото име, бевме и Социјалистичка Република Македонија. Ќе ни треба време, меѓутоа не сум приметил некој од моите колеги сега кои се актуелни политичари, дека баш лесно го изговараат, освен Зоран Заев, тој нема никаков проблем со тоа”, рече Пендаровски.

(Видео) Овој човек пред 30 години заминал да живее во шума: Живее на дрво, се лечи со огaн и вода- еве што вика за модерниот свет

Пред 30 години, Мик Џоџ (68) се одлучил да го напушти модерниот свет, а новиот дом го пронашол во природата на полуостровот Олимпик.

Ова е приказната за човекот познат како Големо стапало.

Младоста ја поминал патувајќи низ Амрика и светот со неговиот татко, маринецот Роналд. Завршил средно школо во Кубасаки, Окинава, Јапонија. Никогаш не студирал, но вели дека сака да чита книги.

Бегството во природата го започнал со “истражување на физичките активности”, а по неколку години исчезнале и неговите хронични проблеми – болka во стапалата и грбот, а и срцето му било во одлична состојба откако станал босоног номад.

Поради кopoнавиpycoт нагло поpacна вpeдноста на американскиот долар

Вредноста на американскиот долар се вивна максимално како последица на kopoнавирусот Ковид-19, јавуваат американските медиуми.

Индексот на доларот на лондонската берза синоќа достигна 99.63 прооцетни поени, или највисок показател во изминатите три години.

„Блумберг“ цитираше аналитичари кои сметаат дека растот на американската валута ќе продолжи како резултат на ширењето на коронавирусот. Глобалната економија и пазарите трпат штети, За да го заштитат вложениот капитал, меѓународните инвеститори ги напуштаат ризичните активи во корист на американскиот долар.

Целосна спротивност на доларот е јапонскиот јен кој моментално е на најниско можно ниво од 2017 година, поради стравувања за можна брза рецесија на јапонската економија, јавува денеска Блумберг.

Изданието наведува дека наглиот раст на доларот во овој век се случува по 14. пат. Во секој од тие случаи американската девиза добивала 2.4 отсто за 40 денови.

Коронавирусот се појави во провинцијата Хубеи во Кина во декември 2019 година. Од болеста досега починаа речиси 2,250 луѓе, мнозинство на територијата на Кина. Вкупниот број на заболени во целиот свет е околу 77 илјади додека излечени се 18,468 луѓе.

Во алkoxoлизирана состојба иckpшил табла со натпис „Република Северна Македонија“ па се пријавил во полициja, а тие го yaпсилe

На 22.02.2020 во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алkoxoлизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Сугарески и Пачешкоски газат кон нов парламентарен состав, иако народот ги бојкотира на средбите?

Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, партиите прават калкулации кој би требало да се најде на пратеничките листи. Она што како информација цуркулира во јавноста е дека Горан Сугарески и Зоран Пачешкоски се двајцата кандидати од Прилеп кои ќе се најдат на листата на СДСМ?

Иако во Галичани ги пречекале само неколку жители, другите претпоставуваме се револтирани и кон локалната власт и кон погубните политики на Заев, сепак Сугарески и Пачешкоски се наметнуваат како фаворити за удобните собраниски фотелји?

Општ е впечатокот дека урбаните и меcните заедници ги бојкотираат функционерите на СДСМ.