Спектакл во центарот на Прилеп: Прилепчани уживаа во несекојдневен настан (Фото)

Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ Прилеп во паркот кај Градскиот Саат денеска организираше Инфо Спелео Ден. Сите оние кои се подготвени за авантура и кои сакаат да го истражат непознатото во себе имаа можност да присуствуваат на оваа инфо презентација на спелеолошката магија.

Прилепчани во исто време се запознаа со работата на спелеолошкиот клуб “Златоврв”, а заинтересираните и да бидат дел од овој тим преку новите уписи – објави “Радио Пела” од каде го поддржаа настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.