дома блог страница 2772

Пехар за прилепчанката Катерина Атанасоска на интернационалниот натпревар за креација на нокти во Албанија (Фото)

Прилепчанката Катерина Атанасоска освои пехар на интернационалниот натпревар во Леже, Албанија, за уметничка креација на нокти.

На натпреварот учествуваа натпреварувачи од Албанија, Црна Гора, Косово, Турција, Виетнам, Италија, Македонија, во повеке дисциплини.

Меѓу десетиците натпреварувачи, дојде до израз уметничкиот талент на Атанасоска. Категоријата беше силно конкурентна, но нашата претставничка полна со самодоверба за сопствените способности, не само што се носеше рамо до рамо со соперниците, туку отскокна и изведе атрактивна изработка во најкомлицираната категорија, тип бокс, односно цртеж на 10 натпреварувачки нокти.

Интернационалното жири го препозна и’ го квалификува делото за совршено, како последен здив на модните трендови.

Атанасоска го демонстрира својот сликарски талент и триумфира меѓу искусните ривали, отворајќи го патот кон нови одмерувања на уметничката дарба, нови награди на уште посилни натпреварувања и нови призанија. Таа вели дека наградата ќе ја мотивира да ја развие мечтата и да понуди нови креации.

Атанасоска се подготвувала под уметничката палка на едукаторката од Скопје, Ана Павловска од академијата Ана Џ-треме Ацадемѕ.

Инаку, манифестацијата во Леже привлече неколку стотина натпреварувачи во категориите фризура, фантази, тетоважи, невестински, вечерни фризури, шминки и изработка на француски маникир на нокти со гел и акрил.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Прилепчанка со лековита вода од Варош исцелувала болни и cлeпи, а полициjaта правела се’ за да ја спpeчи

Света вода крај црковен ѕид во Варош

– Лилјана Митрикеска Бушет која сега живее во Франција вели дека излечила голем број граѓани од целиот свет, но полицијата не и дозволувала

Дете откако прогледа од лековитата вода го бркаше полицијата и ме спречуваше да ги помачкувам болните, тажните, дојдени по илач дури од Австралија, Германија, Швајцарија, Англија, од цела Југославија, кај црквата Свети Никола во Варош”.

Вака се сеќава на една од немилите сцени, 84 годишната прилепчанка Лилјана Митрикеска, Јованоска, Бушет на мистериозниот исцелителен потфат долг четири месеци од пред повеќе од 50 години. Таа им дарила здравје и љубов на десетици илјади несреќни, болни, слепи, јалови, глувонеми, психички растроени и повредени луѓе. Подарените пари биле поделени во хуманитарни цели. По полициската забрана, заминала во близината на Марсеј во Франција каде и денес живее во среќен брак, покрај себе со пет деца, среќно омажени и оженети. Жали што не успеала да продолжи да ја користи својата природна моќ во добронамерни цели. Нереќна е оти не нашла разбирање од властите, градот да стане светилиште и да се претвори во рајска градина, како што тоа се случувало со гратчето на некое 13 годишно девојче со слична натприродна сила во Франција. При последниот престој во Прилеп, внуците ја наговарале баба си да ја открипак водата, но таа одбивала. Вели дека пак ќе “бурични” по лекот, ако í се јави светицата на сон.

Без суеверие до лековита вода

Преку телефон раскажува дека се сеќава како денес, како на сон и дошла Света Петка, истата, како везената во младоста.

– Имав 33 години. На сон честопати ми доаѓаше Света Петка и ме упатуваше до лековитата вода покрај ѕидот од црквата Свети Никола во Варош. Тоа не го сфаќав сериозно, оти не бев суеверна. Последниотпат ми се “закани” дека ако не го отворам лековитиот извор и не дарувам здравје, ќе ми го земе најмилото. Ми ги кажа и волшебните зборови. Шубе ми дојде на срцето, како секоја мајка, кога челатта се загрозени, па и на сон. Му кажав на мажот ми, а тој се посмеа. И кажав на мајка ми. Само таа ме разбра. Нога за нога, заедно отидовме да ја бараме водата од сонот. Како што ми претстави Света Петка дека имало големи камени блокови кои ќе ги кренам како пердув, така се случи. Ги извадив камењата со раце, небаре суви листови. Варошани почнаа да се собираат, да се чудат, да ме прават несалам. Мислеа дека бараме злато. Се плашев ако не излези вода, ќе пукни дури и резил, ќе се “крка” семеен срам. Продолжив да копам. Ги кажав волшебните зборови, кои никому, ниту на децата не сум им ги пренесла. О од под каменот рикна вода од три страни. Сите набљудувачи се вкочанија од вчудоневиденост. Измив неколку луѓе и така се прошири исцелителната моќ на вода – кажува Лилјана Бушет.

Чудесната вода станала прочуена, оти Лилјана секој петок пред изгрејсонце погалувала деца и болни, неарни и несреќни за здравје и радост.

– Многумина видоа себап. Се расчу низ Југославија и пошироко. Доаѓаа илјадници да бараат чаре за својата мака. Разбрале оти виделе аир други, па дошле по лек. Редици од сите страни на аголот кај црквата. Илјадници луѓе слетуваа од сите страни на Дуњата. А водата не се губеше додека бев тука. со заминувањето, исчезнуваше. Следниот петок, пак одев во нова мисија. Се сеќавам како едно дете кажуваше дека прозборело и просушало, а пред тоа било глувонемо. Друго дете од Војводина прогледало, а било ќоро ко мрак. Прилепчанка, комунистички ориентирана, сакаше да проба да се излечи од стерилитет. Ме замоли, да не ја види никој во муграта, да ја навлажнам на лицето со водата. За неколку месеци жената забремени. Станав нунка. Бебето го крстив Билјана. Паметам дека една прилепчанка куртули од епилепсија. Еден Турчин ми даруваше пет-шест златници. Му ги вратив, оти природната моќ да се дари здравје е благородност, а не бизнис – јасно се сеќава Лилјана.

Полициска контрола и забрана

Пренесува дека луѓето ја дарувале со пари и други подароци. Некои се обиделе да ја откопаат водата, но не излегувала од нивните раце од истото место. А даровите стоеле дома под креветот во куфер, додека власта се чувствувала повредена. Сметала дека Лилјана вешто мами, умешно изведува некој марифет. Се обидела Лилјана да ја демистифицираат и да ја искомпромитираат во народната мудрост. Не успеале, иако í поставиле постојан надзор на униформирани и цивилни службеници.

– Властите копаа во околината да бараат некое црево со вода, но не најдоа ништо во тоа строго време. По четири месеци, ми забранија да дарувам здравје, а парите, кои не знам ниту колку беа под креветот, ги зедоа. Само ме прашаа каде да ги даруваат. Им кажав да ги однесат во домот за старци, дел за во домот за инвалидизирани деца и дел во домот за деца без родители. Жалам што не ја делев повеќе лековитата моќ. Зашто не само болните, туку и градот ќе се “позлатеше” и ќе претвореше во светилиште. Едно такво гратче во Франција се прероди со вселенската дарба и вода на 13 годишно девојче. Девојчето почина, но остана градот да сведочи за историјата. Локалните власти и денес продаваат огромни количества сувенири и води. Многу туристи или љубопитни ја преслушуваат приказната. Доаѓаат, разгледуваат и заминуваат со полни раце разно-разни скулптури, вазни и други слични предмети – кажува преку жицата Лилјана Бушет.

Варошани се сеќаваат на лековитата вода. Велат доаѓале луѓе од секаде.

– Водата гинеше и идеше кога ќе се појавеше Лилјана. Бавчата со тикви ни ја изгазија луѓето од редици што се правеа околу црквата, а кои чекаа помош од светата вода. Траеше кратко, неколку месеци, а потоа жената од Митрикевци замина во странство – велат постарите варошани од околината на светилиштето.

Неколку години по забраната Лилјана се развела од сопругот и заминала во Франција. Во францускиот брак одгледала три деца од сопругот и заедничката ќерка.

Извор: “Неделник Зенит”

Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите

Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите. Тоа го соопшти за Бугарската национална телевизија претседателот на Бугарскиот стоматолошки сојуз д-р Николај Шарков.

Тој посочи дека недостатокот на профилактика, лошата хигиена и систематското занемарување на оралното здравје се причините за застрашувачката забна слика во Бугарија.

Официјалните статистики покажуваат дека 18-годишниците во Бугарија имаат просечно 6 кариеси и 1 трајно изваден заб. И во возрасната група од 35 до 44 години, бројот на извадени заби се зголемува на 6.

– Бугаринот не купува паста за заби, нагласи Шарков.

– Според наши анализи, само околу 30 отсто купуваат често четки за заби и исто толкав број и паста за заби. Ова е она што се обидуваме да го промениме. Тие не си ги мијат забите. Покрај тоа, четките треба да се заменуваат на секои три месеци, изјави Шарков.

Милошоски најави прес-конференција на која ќе ги објави прислушкуваните материјали

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски најави прес-конференција денеска во 11:00 часот во прес-салата на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе ги објави прислушкуваните материјали на кои се слуша гласот на експремиерот Зоран Заев..

„Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злoyпотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.

Бидејќи бев известен дека во Собранието нема да ми биде овозможено да имам прес конференција, истата ќе ја одржам во прес салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот“, напиша Милошоски на Фејсбук.

(Видео) Тајсон Фјури го нокаутираше американецот Вајлдер

Во боксерски меч за светската титула во ВБЦ верзијата ноќеска во Лас Вегас, Тајсон Фјури го совлада Дионтеј Вајлдер со технички нокаут во седмата рунда.

Сончево со мала умерена облачност и температура до 18 степени

Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус седум до нула степени. Максималната температура ќе се движи од седум до 18 степени.

Во следните три дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од минус три до четири степени. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21 степен.

СЕ СЛУЧУВА! Шесте цимери од kyлтната серија „Пријатели“ снимаат нова епизода

Пријателите ја снимија серијата за заедничкото обединување во една епизода. Ќе се емитува во мај, објавија медиумите на Ворнер. Култната историја на шесте цимери се очекува да го cpyши peјтингот на гледаноста.

Шестемина актерски членови на серијата – Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Џенифер Анистон, Лиза Кудро и Метју Пери – сите објавија ист статус на своите профили на социјалните медиуми, со што официјално ја потврдија веста. Досега, само Мет Лебланк, кој ја имаше улогата на Џои, е единствениот главен лик во оригиналната серија, кој не објавил ништо за оваа тема на својот профил на Инстаграм.

Последната епизода од серијата се емитуваше пред повеќе од 16 години – во 2004 година. Серијата се емитуваше над 10 години и гледачите уживаа во над 200 епизоди.

Веќе неколку години, главните актерски ликови од серијата ја нeгираат можноста за нови епизоди, бидејќи нивните кариери поминале во различни насоки.

Во меѓувреме, раководството на HBO Max одлучи да ја оживее серијата, бидејќи податоците од социолошкото истражување покажале дека нејзината гледаност ќе биде рекордна.

146 години од раѓањето на Васил Чакаларов: Еве како денеска изгледа неговото родно место во Егејска Македонија (Видео)

Денеска одбележуваме 146 години од раѓањето на еден од најголемите македонски војводи Васил Чакаларов.

Чекаларов е роден во с. Смрдеш, Костурско на 22 февруари 1874 година. Учел во грчко основно училиште, а на негово инсистирање татко му го префрлил да учи во бугарско егзархиско училиште. Завршил четврто одделение и паралелно работел со својот татко на градби низ Егејска Македонија и Грција. Во 1894 година запаѓа во костурскиот затвор, но успеал да избега и да се засолни во Бугарија. Таму работел како кондураџија, каменоделец и sидар, а при престој во Шумен завршил вечерна гимназија.

Во 1901 година Чакаларов се преселил во Софија, каде што станал претседател на Костурското добротворно друштво, кое било дел од Македонскиот комитет. Таму учествувал во активностите на Комитетот и станал близок пријател со тогашниот претседател на МК, Борис Сарафов. Бил врховист, но кога увидел дека врховистите се борат за Бугарската егзархија, се префрлил во ТМОРО.

Во Бугарија ја помага и револуционерната активност и на Македонската револуционерна организација. Имено, заедно со Лазар Киселинчев создавал канали за купување и пренесување на оружје од Грција за потребите на самата Организација.

Видео: Стилиан Самарџиев (Македонец кој живее во леринско)

По избувнувањето на Иванчовата афера од 1901 година Чaкаларов бил испратен од Битолскиот окружен револуционерен комитет да им помогне во работата на Пандо Кљашев и Лазар Москов во Костурската револуционерна околија. Тогаш тој егзекурирал еден гркомански шпион од селото Д’мбени.

Во почетокот на 1902 година, Гоце Делчев бил во инспекција низ Костурско и одлучил во околискиот комитет да влезат Кузман Стефов, Лазар Поп Трајков, Лазар Москов, Пандо Кљашев и Михаил Николов, додека Чакаларов и понатаму бил задолжен за набавка на оружје од Грција.

Организацискиот собир го осудил Коте Христов на смрт поради арамиство, а Чакаларов побарал веднаш да се исполни пресудата, но Коте бил помилуван од страна на Гоце Делчев.

Васил Чакаларов и Пандо Кљашев со соборците на подножјата на лавовите на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје
Потоа Чакларов доставил оружје за Леринско и Костурско од Грција. Во август здружените костурски чети, на чело со Чакаларов, имале борба со Коте Христов во селото Оштава. Во почетокот на септември Чакаларов и раководното тело го спречиле полковникот Атанас Јанков и Коте Христов да предизвикаат востание во костурскиот регион по идеја на ВМОК.

Во зимата Чакаларов разоткрива и гони врховистичките четници по селата и организирал бомболеарница во селото Смрдеш. На 13-14 март 1903 година, тој ги убедил жителите на селата Врбник и В’мбел да се откажат од Патријаршијата и да се потчинат на Егзархијата. На 20 март во Черешница се сретнал со четата на Борис Сарафов, а селото исто така преминало кон Егзархијата.

На 28 март Чакаларов бил опколен од турскиот аскер во Смрдеш, но со поддршка на селските чети успеал да се извлече. Во средината на април пристигнал во Смилево, Битолско, за претстојниот конгрес. Таму, Чакаларов и Пандо Кљашев ја претставувале Костурската револуционерна околија. На 24 април во Златари, Ресенско, тој заедно со Пандо Кљашев, Иван Попов и Митре Влаот имале борба со турскиот аскер.

Започнале подготовките за востанието. Се собирале пушки и куршуми од селата Смрдеш, Косинец, Кономлади и биле испратени во Статица. На 7 мај Чакаларов го вардел опожареното родното село Смрдеш, кое било изгорено од турската армија. На 31 мај 1.000 турски војници го опколиле селото Д’мбени, а четата на Лазар Поп Трајков го зазела врвот Вињари, по што дошло до Битката кај Локвата и Вињари во која учествувале и четите на Чакаларов, Пандо Кљашев и Митре Влаот.

На 20 јули (стар стил) Илинденското востание се кренало и во Костурско со околу 2.000 востаници. На 23 јули е заземена Клисура. На 28 јули четите на Лазар Поп Трајков и Васил Чакаларов имале борба со турскиот аскер, а на 29 јули кај селото Д’мбени имале борба со турската војска која траела 6 часа, по што Турците се повлекле во Костур.

На 12 август, по голема борба, предводена од Чакаларов, била заземена Невеска, но востаниците веднаш потоа морале да се повлечат. После многу борби на 27 август е донесено решение за повлекување на четите од Костурско, за да се заштити населението од 15.000 аскер.

Во екот на востанието Чакаларов бил иницијатор за испраќање на мемоар во име на костурски претставници за турските sверства во Костурско. Мемоарот на 30 август бил испратен до странските дипломатите во Битола. Васил Чакаларов предводел здружена чета од 450 души.

На 29 август во Апоскеп дошло до борба. Во селото Нестрам на 1 септември ги казниле предавниците и растуриле една мала турска воена единица. Потоа, неочекувано за турските власти, преминуваат во албанската област Колоња, надвор од зоната на делување на Организацијата. Таму од 2 до 8 септември запалиле неколку муслимански села и влегле во неколку судири со локалните албански вооружени одреди.

На крајот се враќаат во разореното Костурско, каде што четите се распуштиле. Чакаларов, заедно со сестра си Зоја, Пандо Кљашев и Лазар Киселинчев, тајно ја преминале границата со Грција и од таму со пароброд заминале за Бугарија.

Во почетокот на 1904 година Васил Чакаларов заминал на лекување во Женева, Швајцарија. На 14 март тој, Борис Сарафов и други формирале привремен комитет со цел да се замени Задграничното претставништво, но во 1905 година разликите биле надминати и Комитетот се самораспушта. Во Софија, Чaкаларов изградил куќа, со помош на архитект Георги Киселинчев, на улица Шипка наспроти Воената академија. Живеел сиромашно, но се оженил за Олга, со која имале ќерка Екатерина.

Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година. По прогласувањето на Младотурската револуција оди на поклонение на загинатите револуционери во Апоскеп.

При избувнувањето на Балканските војни во 1912 година Чaкаларов е поставен за командант на партизанска чета № 4, дел од Костурската здружена чета, заедно со чета № 5 на Иван Попов и чета № 6 на Христо Силјанов, кои се дел од Македонско-одринското ополчение.

По почетокот на воените судири четата се насочува во Леринско и Костурско. Васил Чакаларов и Иван Попов се сретнале во Лерин со поранешниот андартски капетан, офицер од артилерија, Георгиос Цондос.

Чакаларов, како и многу други македонски дејци, сметал дека Македонско-одринското ополчение треба да биде испратено на фронтот во Македонија, а не во Тракија, за да не им дозволи на сојузниците Грци и Срби да ги окупираат териториите населени со егзархисти.

Во Втората балканска војна тој и Иван Попов повторно организирале голема чета, која требало да ја вознемирува грчката армија од заднина. Во средината на јуни 1913 година од Дојран за Костурско заминале со војводите и четниците, а меѓу нив биле Христо Цветков, Илија Димушев, Никола Иванов, Дончо Лазаров, Карамфилович, Панде Сидов и други. На 17 јуни во Фурка 160 четници и војници ги растуриле српско-грчки делови, а кај селата Стојаково и Богданци разбиле 80 евзони и 1 антиполахос (потпоручник). Потоа ги зазеле Гевгелија, а кај Тушин повторно се судриле со грчки сили. На 19 јуни Гевгелија повторно била во грчки раце и поголемиот дел од четите се повлекол.

Васил Чакаларов, Иван Попов, Козинчев, Христо Цветков и Панде Сидов и понатаму биле во Костурско. На 2-3 јули западнале во заседа кај Дармани, Воденско, а Чакаларов со својата чета со итрина успеал да се повлече.

Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили, а на 4 јули во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Иван Попов и Панде Сидов заминале за Баница, каде на 5 јули биле поразени. Истиот ден и четата на Чакаларов е растурена, тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чaкаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули 1913 година во близина на Бел Камен. Тука Чакаларов загинал и грчките војници му ја отceкле главата и ја однеле во Лерин каде на сиот глас викале:

„Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!”.

Потоа грчки капетан го удрил со главата Илија Димушев и го присилил да ја носи на чело на процесот. Српски офицер не им дозволил да продолжат и протестирал пред Грците. Тие главата му ја дале на епитропот од црквата „Св. Панталејмон“, а тој ја погребал на гробиштата. Дваесет и шест души од четата на Чакаларов биле судени во Солун од воен трибунал и добиле разни казни.

(ТЕКСТ: ВИКИПЕДИЈА)

(Фото) Малиот Квадин ја крена на нозе цела Австралија

Мајката на малиот Квадин (9) го сподели видеото со кое ги откир ужacните последици кои детето ги има од малтpeтиpaњето во школо. Луѓето и се јавуваат од сите делови на светот со желба да помогнат.

Синот на Јарака Бејлс е дете со џуџест раст, односно со дијагноза ахондроплазија- пореметување во растењето на коските.

Kолку малтpeтиpaњето влијаело на него, оваа загрижена мајка откри во видеото кое го сподели на социјалните мрежи.

Платформата GoFundMe, на која онлајн се собира помош, до сега собра 120.000 долари со намера да го прати момчето во Дизниленд.

Порто го “растури” Вардар: Нов висок пораз за црвено-црните

Актуелниот европски првак Вардар попладнево загуби на гостувањето кај Порто со убедливи 30:22 во претпоследното коло од Б-групата во Лигата на шампионите.

По овој пораз вардарци драстично ги загубија шансите за петтата позиција и најверојатно во осминафиналето ќе одат од шестата позиција, што условно значи потежок противник.

Двете екипи покажаа слаба ефикасност во првите 30 минути и на полувреме с еотиде со резултат 11:10 за португалскиот тим. Победникот беше решен на почетокот на второто полувреме кога Порто со серија од 7:1 отиде на +7 (18:11).

Најефикасен во тимот на Вардар беше Данил Шишкарев со седум голови.

Во последното, 14.коло, Вардар на 29 февруари го пречекува Монпеље.