дома блог страница 2774

Денеска е Задушница: Еве што според народните верувања треба и не треба да се прави

SONY DSC
SONY DSC

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починaтитee.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покoj на дyшите на пoчинaтитe.

Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокoeните. На Задyшница се оди во цpква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гpoбиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за пoчинaтитe.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи.

Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово – Велигден.

Дали ова е новото гориво од иднината? Научниците велат дека алгите би можеле да ги заменат горивата

Истражување покажува дека алгите можат да бидат одржливо алтернативно фосилно гориво бидејќи алгите за време на растот го извлекуваат јаглен-диоксидот од атмосферата.

За истражувањето на горивото од морски алги, кои научниците го нарекуваат биогориво од третата генерација се користат обични автомобили.

Десет отсто резервоарот на тест-автомобили се полни со „морско гориво“, а остатокот со бензин.

-Го мериме јаглен-моноксидот, јаглен-диоксидот и нитроген-оксид. Емисијата која ја добивме од горивата од морските алги се потполно на исто ниво, како и она што го добиваме од горивото од пумпа, вели механичкиот инженер, Стен Франдсен.

Истражувачи планираат да го зголемат делот на морско гориво, уверени дека човештвото во наредните години ќе мора да премине на биогориво.

Морските алги се одржуваат. Растат секаде, а потребно е само сонце и море, кои покриваат две-третини од нашата планета.

Сепак, предизвикот на Европскиот истражувачки проект е како да се произведе новото гориво во индустриски размери.

-Кога пред неколку години почнавме со проектот, работевме со квадратни метри. Денес работиме со хектари, а во блиска иднина ќе одиме на квадратни километри. Денес цената на биогоривото на база на морските алги е превисока, веројатно 100 пати поскапа од обичното гориво. Но, наскоро цените ќе паднат и ќе станеме конкурентни на традиционалните горива, вели хемискиот координатор на проектот Берт Гроенендал.

Научниците проценуваат дека оваа технологија може да биде профитабилна во голем обем за околу 25 години.

Почнува владеењето на Рибите: Eве зошто овие личности се толку посебни

Родените во овој знак се меѓу најинтересните, но и најтешко разбраните личности кои ги познавате.

Рибите се многу дружељубиви личности кои сакаат да се во друштво на различни луѓе. Нивната подготвеност да се вложат во односите со другите луѓе ги прави незаменливи. Тие сакаат да им се поддршка на луѓето околу себе. Иако не се предодрени да бидат лидери, нивното присуство е важно за било која работа која ќе се зафатат да ја прават.

Рибите се воден знак и се карактеризираат со емпатија и силен емоционален капацитет. Како Ракот и Шкорпијата, тие тежнеат кон необјасниви работи за да се чувствуваат среќно и исполнето.

Нивна владејачка планета е Нептун која управува со сонот, психата и креативноста. Затоа, тие имаат силна интуиција и поседуваат и уметнички талент. Со оглед на тоа дека Нептун е поврзан со музиката, Рибите откриваат музичка склоност во најраните фази во животот, а се насочуваат и кон поезија.

Длабоко во Рибите живее непоправлив романтичар. Тие се предадени, нежни и безусловно дарежливи, со силни емоции. Тие не се многу страствени љубовници, но имаат потреба силно да се поврзат со својот партнер. Краткотрајните врски и авантури не се за нив. Ништо не е доволно добро кога станува збор за љубовта.

Нежните Риби знаат да бидат и одлични пријатели. Често ги ставаат потребите на своите блиски пред своите, а се многу приврзан и за нив, ниту еден проблем не е доволно голем. Без оглед на тоа дали станува збор за мал или голем проблем, тука се секогаш да помогнат.

Тие никогаш не се плашат да ги покажат своите чувства и нема да се срамат пред другите или да мислат дека некој можеби нема да ги разбере.

Во однос на работата, често доаѓаат до позиција која е поврзана со креативност, а одлични се и како хуманитарци. Им одговараат позициите архитект, ветеринар, адвокат, социјален работник и дизајнер на игрици. Тие се инспирирани од потребата да направат промена во животите на другите и се одлични во решавањето проблеми.

За нив е најдобро да живеат покрај вода.

Извор: “Република.мк”

(Видео) Еве како руски вojник запросува девојка

Поручникот во руската apмиja искористи 16 тенkoви за да ја запроси својата девојка. Командантот на вод, Денис Казанцев, ги паузираше вoeните игри и им нареди на тенkoвите Т-72Б2 да направат форма на срце на теренот за обука на Алјабино, во близина на Москва.

Секако неговата девојка Александра кажа „Да!“, мислиме која и не би кажала на ова трауматично… грешка, романтично запросување на руски начин.

Заев: СДСМ повеќе не е македонска партија (Видео)

СДСМ повеќе не е македонска партија и поради тоа е фаворит на изборите, смета претседателот на социјалдемократите, Зоран Заев. Тој во изјава денеска коментирајќи ги претстојните предизборни коалицирање во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12-ти април вели дека неговата партија сега е мултиетничката, како и етничкиот состав на државата.

„За прв пат ќе смогнеме сили да направиме предизборна коалиција со албански партии. Ние веќе не сме македонска политичка партија – ние сме мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, но таков ни е и етничкиот состав на државата. Сето тоа ни дава зџа право да бидеме фаворити на овие избори“, изјави Заев во Виница.

ВИДЕО: ТВ ТЕЛМА

Мизрахи за најтиражниот весник во Израел: Луѓето во Македонија не се антиceмитски, нaпaдитe беа дел од едно гpoзно политичко сценарио

Најтиражниот весник во Израел „Haaretz“ објави вест поврзана со првиот еврејски министер во Македонија која беше отпуштена откако го користеше старото име на земјата.

Рашела Мизрахи за реномираниот весник тврди дека нејзината оставка доаѓа како политички мотивирана, а не затоа што зборувала пред табла на која стои името „Република Македонија“.

Весникот наведува дека првиот еврејски министер во Северна Македонија беше отпуштен минатиот викенд откако го користеше претходното име на земјата прекршувајќи го контроверзниот договор што земјата го има потпишано со соседна Грција.

„Разрешувањето на Рашела Мизахи, иницирано од премиерот Оливер Спасовски, беше меѓу последните акти на привремената влада во малата балканска држава. Пратениците гласаа 62-26 во корист на отпуштањето на Мизрахи, откако таа држеше прес-конференција пред знакот на кој се наоѓа поранешното име на земјата, „Република Македонија“.

Антисемитските напади беа изненадување. „Луѓето во Македонија не се антисемитски “, рече Мизахи оваа недела за Хаарец. „Сметам дека тие напади се дел од едно грозно политичко сценарио кое се искачи на нивото на антисемитизам, спомнува жолти ѕвезди и непријатни вербални напади“, пишува весникот.

Путин се виде во “небрано”: Жена го праша дали е можно да се живее со 157 евра месечно (Видео)

Сиромашна жена од родниот град Санкт Петербург, му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин и го праша дали може да се живее со 157 евра.

Вели дека е инвалид и го праша Путин како е можно да се живее со толку малку пари во Русија. Поточно, минималниот износ за егзистенција во Санкт Петербург е 164 евра.

Жената го прашуваше Путин и за цената на киријата, продуктите и другите неопходни животни потреби, алудирајќи на тоа дека претседателот не знае како живеат сиромашните луѓе во неговата земја.

„Мислам дека е многу тешко“, одговори Путин.

(Видео) Малиов му одржа лекција по фер плеј на целиот фудбалски свет, а се играше дерби натпревар

Детските срца се најчесни и најчисти, а ова што следува во продолжение е доказ за тоа.

Се работи за натпревар во мал фудбал помеѓу детските екипи на Спортинг и Бенфика.

Иако се работи за дерби натпревар, децата покажаа дека не е важен резултатот колку што е важно да се биде чесен и чесно да се победува.

Во еден момент сите помислија дека играчот со број 2 на Бенфика ја фати топката со раце, па дури и судијата кој веднаш досуди пенал.

Но, така не мислеше едно од децата во екипата на Спортинг, па му укажа на судијата дека неговиот противник не ја фатил топката со раце, туку дека истата го удрила во лицето.

Погледнете ја оваа лекција која треба да допре до возрасните:

(Видео) Берни Сандерс е фаворитот кај “Демократите”: Бајден и милијардерот Блумберг поминаа неславно на дебатата

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг се најде на мета на kpитики по својата прва демократска претседателска дебата во Невада поради pacистички и мизгoзни коментари, како и поради користењето на неговото големо богатство во изборната трка.

Поранешниот градоначалник на Њујорк делуваше неуверливо кога тврдеше дека има најголеми шанси да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите.

Во дебатата учествуваа Берни Сандерс, Елизабет Ворен, Ејми Клобучар, Џо Бајден и Пит Бутиџиџ, кои го критикуваа Блумберг дека благодарејќи на неговите пари се обидува да влезе во Белата Куќа.

Новото засилување на Барселона се посрамоти на промоцијата пред медиумите (Видео)

Мартин Брајтвајт и официјално е нов фудбалер на Барселона. Барса побара и доби дозвола да донесе едно засилување вон трансфер периодот, а причината за тоа беа повpeдите на Суарез и Дембеле.

Данецот од редовите на Леганес беше принудното решение, а денеска тој беше официјално промовиран на “Камп Ноу”.

После традиционалното фотографирање, Брајтвајт реши да ги покаже своите фудбалски способности, но успеа само да се посрамоти.

Погледнете како изгледаше тоа:

Барселона за Брајтвајт на Леганес му плати 18 милиони евра.