дома блог страница 2762

“Брендиран поклон за Заев од Мицкоски: Го праша дали не го сака оти е празен?”

Вечерашниот ТВ-дуел меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев заврши во духот на христијанскиот празник Прочка, кој се празнува в недела.

Иако лидерите требаше да си простат, тие си разменија подароци. Заев му подари на Мицкоски значка со знамињата на НАТО и Македонија, но Мицкоски ја искористи моменталната состојба во каква живеат граѓаните откако е Заев на власт, па на соперникот му подаде празен паричник од марката „Луј Витон“. Сепак, Заев не си замина со паричникот. Тој му го врати подарокот на Мицкоски, зашто „Луј Витонот“ беше празен.

-Ова е само празен, не е полн паричник, но е ова е во духот на тоа во каква живее државата. Состојбата во која живее Македонија под вас, потенцираше Мицкоски, кој го потсети Заев дека народот нема да му прости на изборите на 12 април и ќе го казни за катастрофалната ситуација во кое ја доведе државата.

Мицкоски до Заев: Додека дебатираме за овие два часа државата ја задолживте за 65.000 евра

Долгот на државата само во мандатот на Заев е зголемен за огромни 830 милиони евра. Односно додека трае дуелот сега Заев ја задолжил државата за нови 65 илјади евра, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Долгот на државата во мандатот на Зоран Зев е зголемен за точно 830 милиони евра или 757 илјади секој ден, или 31 илјада секој час додека седиме ние додека дебатираме, нагласи Мицкоски.

Прекин на сообраќајот Прилеп-Битола-Ресен, граѓани запалилe оган поради исклучена електрична енергија

Фото/29.01.2020

Граѓани од околината на населбата Баир со палење на оган поради исклучена струја го прекинаа сообраќајот на автопатот А3 на обиколницата Прилеп-Битола-Ресен, информира Автомотосојузот на Македонија.

-Прекин на сообраќајот на автопатот А3 на обиколницата Прилеп-Битола-Ресен, поточно над населба Баир, со палење на оган од страна на граѓаните од околината поради исклучена електрична енергија, се вели во соопштението на АМСМ.

Ромите на Баирот кај Битола повторно го запалиja патот Битола-Ресен (Фото)

“Kaко ли јас да пораснам”: Заев поткренат на летва (Фото)

– Летвата го поткрева, аболицијата стоо!, напиша Антонио Милошоски на Фејсбук на фотографијата на која се гледа дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е поткренат со летва на дуелот со Мицкоски.

Дарко Неданоски oд Прилеп избран за нов Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија

Прилепчанецот Дарко Неданоски член на Спелеолошкииот клуб „Златоврв“ – Прилеп е новиот Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија. Неданоски за брзо време најавува голем број новини во Федерацијата.

„Планирам пред се обновување на Федерацијата, нејзините активности, обновување на голем број спелеолошки клубови во Македонија, создавање на спасителни служби во повеќе региони, но исто така се планираат отворање на голем број тренинг кампови, нови експедиции и надоградување на нашето знаење со искуствата на други клубови и федерации од странство. Еден од поголемите приоритети ќе биде и членството во Европската комисија за спасување“, истакна Неданоски.

Слушајте го гласот на своето срце и бидете хумани, променете го светот околу себе! Аукција за дресовите на битолските ракометари

Не веруваме дека постои човек што би кажал нешто против хуманоста.

На 26.02.2020 во ресторан Белведере се одржа хуманитарна ракометна аукција во организација на Ротаракт Клуб Битола. На продажба беа изложени 9 дресови од РК Еурофарм Пелистер, кои што беа потпишани од ракометарите. Собраните средства ќе бидат претворени во вредносни ваучери од аптеките на Еурофарм и ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

Еден од спонзорите на настанот беше и СН Осигурителен брокер АД Битола, компанија која често се вклучува во хуманитарни акции и е верен поддржувач на спортот, спортските активности и рекреацијата!

По завршетокот на аукцијата каде што беа собрани над 60.000 денари кои ќе бидат претворени во вредносни ваучери од аптеките на Еурофарм и ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства, следуваше и изненадување за ракометарите каде што Финансиското друштво СН Финансии и Туристичката агенција ЈК Травел им доделија клуб картички со што стануваат членови на ова големо семејство.

СН Осигурителен брокер АД Битола препорачува да бидете хумани и да размислете кому би можеле да ја подарите својата љубов и поддршка.

Убаво е кога некој е секогаш на Ваша страна!

МИЦКОСКИ ДО ЗАЕВ: Ве гледам директно во очи и ви велам дека ќе одговарате!

Жестоко започна денешната дебата помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски директно му посочи на Заев дека по 12-ти април ќе одговара.

-Вие барате амнестија, но тоа нема да се случи. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12-ти април. А јас ве гледам директно во очи, за сите вклучително и јас, ако се огрешиле пред законот кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ да одговараат за кои што постојат докази да бидат изведени до крај. До крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува тие како за вас и оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате, порача Мицкоски.

Идната недела е 8-ми Март: Какво значење има бојата на розата која ќе ја подарите?

Розите се најомилените цвеќиња кои се подаруваат на драгите личности. Тие се симбол на љубов и благодарност, прекрасно мирисаат, убаво изгледаат, а ги има во различни бои од кои секоја има своја порака.

Ви ги прикажуваме значењата кои се поврзуваат со различните бои на розите.

Црвена

Црвените рози се симбол на љубов и романтика, а означуваат убавина и совршенство. Букет од 12 црвени рози претставува идеален начин на одбраната личност да и ги покажете своите чувства. Исто така, подарувањето црвени рози може да значи и признание за нечиј успех и почит спрема личноста.

Бела

Белата боја е боја на чистота, невиност. Се поврзува со венчавки и брак кои означуваат нов почеток. Исто така, белата роза е симбол на верност и почитување.

Жолта

Жолтите рози означуваат богатство, бујност и изобилство. Во викторијанското време биле симбол на љубомора, а денес означуваат пријателство. Жолтата боја како сонце го буди чувството на топлина и среќа.

Розова

Симболизира женственост, елеганција, отменост, префинетост, а често се поклонува како израз на восхитеност. Розовата роза покажува благодарност и среќа и има понежно значење отколку што е црвената боја.

Астерикс и Обеликс од Прилеп заедно со римската легија главни фраери во Хрватска (Фото)

Изминатите денови во Долна Каштела во близина на Сплит, се одржа 207-то издание на Долнокаштеланскиот карневал.

На карневалот продефилираа маски од цела Хрватска, Словенија и Македонија.

На маскембалот гости беа и членовите на Здружението “Прилепски прочкари”, кои се претставија со маската “Астерикс и Обеликс”.

Маската на прилепчаните брои околу 25 души, а пред бројната публика тие се претставија на оригинален начин и изнудија аплаузи како и секаде каде што се претставуваат.

Здружението “Прилепски прочкари” го претставува Прилеп и нашата држава на голем број маскембали и надвор од границите, а досега имаат освоено и голем број награди и признанија.

Ocyденик догoвapaл зделки преку мобилен телефон и измамил фирма од Прилеп

Единицата за економcки и компјутepcки kpиминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Ocновно jaвно обвинителcтво во Скопје, поднесе kpивична приjaва пpoтив Б.А. (33) од Скопје поради ocновано coмнение дека стopил kpивично дело “измама“ предвидено и kaзниво по чл.247 од КЗ на РСМ.

Приjaвениот кој што е ocyдено лице на издржyвање kaзна затвop во КПУ Идризово, искористувајќи го невниманието на вработените лица од службата за обезбедyвање и нивниот пpoпуштен должен надзор над неговото coмнително однеcyвање како ocyдено лице, во просториите на КПУ Идризово на непознат начин ycпеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картица, активирана и регистрирана на негово име како coпственик.

Имено, на 23.05.2018 со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно пpикажување на факти и лажно пpeтставувајќи со различно име како лице што наводно е овластено и одговорно во невладина организација и дека во име на невладината организација врши нарачка и набавка на трговска стока го довел и одржувал во заблyда одговорниот работник за продажба во правно лице од Прилеп. Притоа успеал да издejcтвува да му биде испорачана нарачаната трговска стока која не ја платил, на кој начин му причинил материјална штета на правното лице во износ од 65.402 денари, за кој износ се стекнал со пpoтивправна имотна кopиcт.

Инаку пpoтив Б.А. во текот на 2017, 2018 и 2019 година од страна на СВР Скопје до Ocновно jaвно обвинителcтво во Скопје поднeceни се повеќе kpивични приjaви за пocтоење на ocновано coмнение дека стopил kpивично дело „измама“ со ист начин на извршување, со кои инкриминиpaни дејствија им причинил матepиjaлна штета на повеќе правнии лица за различни пapични износи.

Извор: МВР