Слушајте го гласот на своето срце и бидете хумани, променете го светот околу себе! Аукција за дресовите на битолските ракометари

Не веруваме дека постои човек што би кажал нешто против хуманоста.

На 26.02.2020 во ресторан Белведере се одржа хуманитарна ракометна аукција во организација на Ротаракт Клуб Битола. На продажба беа изложени 9 дресови од РК Еурофарм Пелистер, кои што беа потпишани од ракометарите. Собраните средства ќе бидат претворени во вредносни ваучери од аптеките на Еурофарм и ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

Еден од спонзорите на настанот беше и СН Осигурителен брокер АД Битола, компанија која често се вклучува во хуманитарни акции и е верен поддржувач на спортот, спортските активности и рекреацијата!

По завршетокот на аукцијата каде што беа собрани над 60.000 денари кои ќе бидат претворени во вредносни ваучери од аптеките на Еурофарм и ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства, следуваше и изненадување за ракометарите каде што Финансиското друштво СН Финансии и Туристичката агенција ЈК Травел им доделија клуб картички со што стануваат членови на ова големо семејство.

СН Осигурителен брокер АД Битола препорачува да бидете хумани и да размислете кому би можеле да ја подарите својата љубов и поддршка.

Убаво е кога некој е секогаш на Ваша страна!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.