МИЦКОСКИ ДО ЗАЕВ: Ве гледам директно во очи и ви велам дека ќе одговарате!

Жестоко започна денешната дебата помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски директно му посочи на Заев дека по 12-ти април ќе одговара.

-Вие барате амнестија, но тоа нема да се случи. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12-ти април. А јас ве гледам директно во очи, за сите вклучително и јас, ако се огрешиле пред законот кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ да одговараат за кои што постојат докази да бидат изведени до крај. До крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува тие како за вас и оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате, порача Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.