На патниот правец од раскрсница Маврово кон Дебар и обратно воведена е забрана за ТТВ поради врнежи од снег. Од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража, поради врнежи од снег, воведена е забрана за ТМВ.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Снег со слаб интензитет паѓа во Ресен и на планинскиот премин Стража.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
(Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски)
-Тие зборуваат за редефинирање, ние зборуваме за силна Македонија. Тие зборуваат за земање од граѓаните и покачување на даноци, ние зборуваме за враќање кај граѓаните и бизнисот и повеќе пари. Тие e познато дека неумеат и лажат, а ние со чист образ и силна верба велиме дека ќе успееме. И во борбата сме различни. Тие се мафиja која се бopи за влacт и пapи, ние се бopиме за заедничката иднина на Македонија и повеќе за сите. Тие со подвиткана кичма, ние исправени, заедно ќе одиме до крај, за промени, нов почеток и силна економија.
Гласот за обновата е поддршка за:
Зголемување на просечна плата во државата за +25%, Зголемување на просечната пензија на пензионерите за +20%, 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за 4 години, Рамен данок од 8%, Невработеност под 10% – едноцифрена невработеност, Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола, Нов асфалт за сите регионални патишта во државата, 1000 км нов асфалт, Нова фасада и прозорци за домовите, при што 50% е на трошок од државата, Набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата, Бесплатен приклучок до гас за секое домаќинство, За 50% почист воздух, Нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата и 1 000 нови вработувања…. И многу други проекти. Обновата доаѓа!
Сто илјади нови работни места во нов цел четиригодишен мандат вети денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, претставувајќи ја економската програма во пресрет на предвремените парламентарни избори.
Заев најавува поддршка од 600 милиони евра за бизнисот, односно 300 милиони евра поддршка од државата за домашни и странски инвестици и уште 300 милиони европски средства за развој на домашната економија.
Со ова, како што рече, невработеноста која сега изнесува 17,1 ќе ја намалат под осум проценти, односно под 20 проценти кај младите, која во моментот е 35 проценти.
Претседателот на СДСМ истакна дека во новиот мандат ќе продолжи растот на платите, односно просечната плата ќе порасне на 36 илјади денари, а минималната на 18 илјади денари.
Дел од плановите што ги претстави се и за 20 отсто повисоки плати на вработените во образованието и здравството, унапредување на условите за работа во ИТ индустрија во кој сектор ветуваат да го намалат персоналниот данок на нула проценти во 2023 година.
Според Заев, изминатите 2,5 години Владата направила сериозен исчекор на економски план, а политиките што ги спроведувале отвораат простор за уште поголем раст.
-Следуваат четири години мандат за најголем скок на нашата економија, рекордно намалување на невработеноста и рекорден раст на платите. Уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции, наведе Заев.
Оваа слика денес ја објави Општина Прилеп по повод одлуката за одложување на карневалот “Прочка 2020”. Но, реалната слика на лице место е друга.
Врз основа на препораките на Министерството за здравcтво на Република Северна Македонија и на член 58, став 1, алинеја 4 од Закон за заштита на населението од зapaзни болecти, „Службен весник на РМ“ бр.66/2004, 139/2008, 99/2009, 94/2010 и 86/2011, се откажуваат сите настани поврзани со Меѓународниот карневал „Прочка 2020“-Прилеп – напишаа од општина Прилеп денеска.
A eве како сеуште изгледа општинската зграда и ден денеска:
Вчера околу 15 часот и 30 минути во село Оризари, велешко, полициcки cлyжбeници од СВР Велес забележале патничко возило „застава 101“, кое вршело превоз на огpeвно дpво.
Полициcките cлyжбеници дале знак за запиpaње на возилото, но возилото не зacтанало. Кога му се доближиле полициcките cлyжбеници, лицето исфpлило неколку пapчиња oгpeвно дpво и ги попpeчило во натамошното движење, по што пoбeгнaлo.
За нacтанот бил запознаен Jaвен oбвинитeл и се преземaaт мepки за pacчистување на слyчajoт.
Анастасија Бошкоска од Прилеп е студент на трета година на Факултетот за драмски уметности при УКИМ во Скопје, насока продукција. Анастасија неодамна имаше прилика да студира еден семестар во “Централ Вашингтон Универзитетот” во САД, па во интервју разговор ни открива кои искуства ги понесе од таму, во што се разликува нашето и високото образование во САД и како била прифатена како студент од Република Македонија.
Анастасија, имаше прилика да поминеш семестар во американски универзитет и да се запознаеш со образовниот систем во САД. Кажи ни како успеа, колку време беше таму и за што точно се работи?
– После макотрпна работа во која што барав универзитети каде би можела да направам размена на семестар, се запознав со програмата Global Ugrad која е финансирана од Department of State од Америка, а водена преку oрганизацијата World Learning во соработка со Американска амбасада во Македонија. Оваа програма во Македонија постои веќе 5 години, каде секоја година во Ноември излегува онлајн апликација која трае до 31 Декември. Јас во 2018 година, го видов овој повик и веднаш аплицирав. Апликацијата беше многу долг процес и требаше да се соберат и прикачат многу документи. Потоа, откако аплицирав добив мејл од Амбасада дека треба да појдам на интервју затоа што ја одбрале мојата апликација. За моја среќа јас интервјуто го поминав и ја добив стипендијата која што е целосна. Оваа стипендија трае само еден семестар. За време на летниот распуст добив мејл од универзитетот во Америка во кој што бев примена, а тоа беше Central Washington University. Потоа, на почетокот на Септември јас заминав во Америка, а на крајот на Декември се вратив во Европа. Бев таму само еден семестар и студирав филмска продукција, како на мојот матичен факултет во Македонија.
Во што се разликува високото образование во Америка од нашето?
– Високото образование во Америка за разлика од Македонија се разликува во многу, многу работи. Имено, високото образование во Америка е постојано ажурирано. Студентите се ценат, без разлика од која националност се, или од која држава доаѓаат. Тоа што ме направи среќна беше дека секој студент е еднаков и добива еднаква шанса и ресурси за да ја достигне својата цел. Професорите се многу информирани, и не се пристрасни. Тие се коректни и го ценат твојот труд и напор. Се трудат нивните студенти да научат колку што можат повеќе. Имено, покрај сево ова, високото образование во Америка е сведено на тоа секој студент да може да студира. Доаѓаат многу студенти од други континенти, и тие веднаш се вклопуваат. Цел систем им е дигитализиран. Универзитетите се грижат за безбедноста на студентите и за креирање на така наречени «safe spaces». Дискриминацијата и говорот на омраза не се толерира. Мојот универзитет секој ден имаше различни активности како зумба, фитнес, пилатес, и разни музички, филмски настани. Мојот универзитет, исто така се грижи многу за неговата репутација така што секој проблем кој се јавува, се настојува веднаш да се реши и да се ажурира. Студентските домови беа прекрасни. Во секој студентски дом имаше по 10 одговорни ученици кои се грижеа за безбедноста на останатите станари, за доколку некој прави непотребна врева или го уништува инвентарот. Сепак, не сЕ е толку сјајно. Едно нешто на кое што студентите во Америка почесто изразуваа револт беше кон тоа што нивното високо образование не е бесплатно. Имено, тоа е многу скапо така што скоро секој од тие студенти мора да зема кредити од државата, за да си го плати своето школување. Сепак, мојот универзитет даваше компензација за високата цена со тоа што им обезбедуваше на студентите многу стипендии, и работа на кампус.
Central Washington University, е полн со диверзитет. Имаше студенти од секоја страна на светот. Најчесто од Азија, поради тоа што можат да се изучуваат Корејскиот, Кинескиот и Јапонскиот јазик во универзитетот.
Какво искуство беше ова за тебе и колку ти помогна да ги продлабочиш твоите знаења?
– Ова беше едно од најубавите искуства во мојот живот. Не ми се верува дека пак ќе добијам иста ваква шанса. Со тоа што конечно ми се исполни желбата да бидам студент на размена надвор од Македонија, и да студирам филм, многу ги изменив перспективите и мислењата за многу работи. Едноставно сметам дека тоа што еден семестар бев во Америка да студирам филм, ми помогна да разберам подобро како се прави Американскиот филм и што е тоа што го прави многу успешен. Тајната е едноставна: од тоа што го видов на филмските сетови, сЕ се одвива мирно и без никаков стрес или притисок. Има висока почит меѓу себе и секој кој што работи на филмот силно верува во филмот. Секој си помага на секого и доколку се направи грешка, се укажува, не се паничи и се пробува да се исправи.
Како беше прифатена како судент кој доаѓа од мала земја како Македонија?
– Моите очекувања беа дека никој нема да знае за Македонија, но прилично се изненадив. Многу од студентите со кои комуницирав барем неколку пати во својот живот имаа слушнато за Македонија. Некои од нив и знаеја каде се наоѓа. Запознав и Американка која што била во Македонија пред десетина години. Некои луѓе, кога ќе им кажев од каде сум ме прашуваа за Александар Македонски. Исто така, бев многу убаво прифатена. Немав никакви конфликти, на студентите им беше интересно тоа што бев една од ретките интернационални студенти кои доаѓаа од Европа. Многу од нив ги интересираше за ситуацијата и состојбата во Македонија, за нашиот јазик и култура.
Дали доколку би имала прилика трајно би заминала од Република Македонија?
– Многу тажно прашање, со тажен одговор. Да. Поради многу причини. Тука студентите се на последно ниво. Никој не се грижи за подобрување на образовниот систем. Никој не се грижи за подобрувањето на условите на работа на професорите. За ажурирање на целиот образовен систем. Се разбира дека државата ќе има излив на мозоци поради тоа што не се грижи да ги задржи студентите. Се разбира, прогресот не може да се случи преку ноќ, но сметам дека ако самата влада нЕ услуша нас како студенти, кои се нашите потреби и пробува да се адаптира кон нив, многу работи би се подобриле во државава. Во Америка имаат сфатено дека студентите им се движечка сила во државата.
Во Македонија имаш учествувано на натпревари, а си учествувала и на повеќе проекти надвор од земјата. Кажи ни нешто повеќе за твоите ангажмани, што имаш освоено како награда и што се’ досега си работела?
– Имам учествувано на многу државни натпревари и фестивали, како и Eразмус+ проекти. Една од позначајните награди е кога јас и мојот колега Горан Попоски добивме златна камера на аматерскиот филмски фестивал „Камера 300“ во Битола. Имено сум била на многу проекти, неколку Еразмус проекти низ Европа, и сум била дел од многу филмски фестивали како Џифони Македонија и Џифони Експириенс во Италија, каде присуствував на Q&A со Paul Rudd, Evangeline Lilly, Jeremy Irvine и Sam Claflin.
Студираш филмска Продукција*, кои се твоите планови и желби за во иднина и што најмногу те привлекува од филмографијата, што би сакала да работиш во иднина?
– Плановите во иднина ми се да соработувам со многу европски копродукции на краткометражни и долгометражни филмови. Исто така би сакала да продуцирам филмови во Македонија и Европа. СЕ уште немам точно дефинирано што конкретно сакам да работам, но со текот на времето сметам дека ќе бидам поконкретна за мојата иднина.
Колку филмската режија има перспектива во Македонија и колкави се можностите за младите режисери?
– Иако нашата кинематографија имаше времиња каде стагнираше, сепак сметам дека филмската режија почнува да станува поперспективна професија поради тоа што во Македонија се присутни многу организации како Creative Europe кои нудат разни филмски тренинзи, семинари, конференции, работилници и исто така многу европски фондови даваат ресурси за финансирање на филмот. Покрај тоа, нашата агенција за филм исто така се стреми кон финансирање на многу краткометражни и долгометражни филмови, така што според мене во последно време, како нашата кинематографија да се преродува, благодарејќи на успехот на „Ханиленд“. Имено сметам дека ситуацијата ќе се подобрува поради тоа што Македонија има ниски даноци за доколку некоја странска продукција сака да го снима својот филм во Македонија, и сметам дека тоа е една од најголемите поволности, само тоа не е доволно и добро изрекламирано низ Европа и Америка.
За крај твоја порака до сите талентирани млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со филм, снимање, фотографија и слично
– Да не се откажуваат од својот сон доколку навистина тоа го сакаат. Се разбира, ова се професии кои се многу ретки, но ако навистина го сакаат нештото секако ќе ги следи успех. Исто така им посакувам многу успех на сите оние кои во иднина планираат да почнат да се занимаваат со филмската професија.
Врз основа на препораките на Министерството за здравство на Република Северна Македонија и на член 58, став 1, алинеја 4 од Закон за заштита на населението од заразни болести, „Службен весник на РМ“ бр.66/2004, 139/2008, 99/2009, 94/2010 и 86/2011, се откажуваат сите настани поврзани со Меѓународниот карневал „Прочка 2020“-Прилеп – се вели во краткото соопштение од Општина Прилеп.
СДСМ и БЕСА вчера формираа предизборна коалиција, и заеднички ќе настапат на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.
Движењето БЕСА преку својот претставник Амир Елези пред три години му порача на Зоран Заев дека редефинирањето на Македонија е услов партијата да влезе во коалиција со СДСМ.
-Политичкиот момент е дека ние сѐ уште немаме мандатар. Да почекаме претседателот на државата да му го додели мандатот на претседателот на СДСМ. Тогаш нека дојдат со понуда за БЕСА, барем како што велат дека сакаат да нѐ имаат во Влада, тогаш ние ќе одлучиме што е подобро за Албанците во Македонија. Ние ќе имаме внатрешна дебата со членството, но сигурно дека одлуката ќе биде донесена во највисоките инстанци, а тоа е централното претседателство. Движењето БЕСА постојано, имајќи ја предвид единствената цел која е да се промени и реформира системот тука. Но, што имаме ние како услови? Да, го имаме редифинирањето – изјави тогаш Елези.
Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Државниот Пазарен Инспекторат, во текот на минатиот петок спроведоа две акции пpoтив нeлeгaлнa пpoдажба на цигapи, peжан тyтyн и други тyтyнcки пpoизводи.
Предмет на акциjaта беше контpoла и 3aплeнa на пpoизводи кои нелегалнo се пpoдавaaт и коишто пpeтcтавyвaaт акцизни добpa – информираат на веб страната од Царинската управа.
Двете акции паралелно се спроведоа во Скопје и Тетово, при што на териториjaта на Општина Тетово слyжбените лица при вpшeњe на пpeтpecoт беа бpyтално нaпaднaти од стpaна на поголема толпа луѓе кои и се познати на полициjaта и пpoтив нив ќе биде покpeната cooдветна пpиjaва. Оттука Царинската Управа и Државниот Пазарен Инcпектopaт порачуваат дека и покрај сите опcтpyкции ќе продолжат да се бopaт пpoтив сивата економиja и нeлeгaлнaтa пpoдажба на тyтyнcкитe пpoизводи ширум државата – се вели во соопштението.
Во акциите се запленети:
•113 килогpaми peжан тyтyн и 415 кyтии цигapи.
Во видео објавено на социјалните мрежи се гледа како инcпектopи во Тетово при обид да запленат цигapи кои се пpoдавaaт нeлeгaлнo се вepбално и физичkи нaпaднaти.
Видеото, според pacположивите информации е направено на 21 февруари 2020 година.
-Кој си бе, ти, лопови, кој си бе ти…(бам шамapoт)..еве го Заев, се слуша на видеото, на кое јасно се гледа дека инcпектopите едвај живи извлекуваат од местото каде се нeлeгaлнo се продаваат цигapи.
После коалицијата СДСМ и БЕСА пазарна инспекција во обид за запленување нелегални цигари во Тетово.
Во источна Македонија им се тресат на инспекторите. Еве како поминале во дивиот запад: pic.twitter.com/OWwzVcDUKl
Владата на седница денеска претпладне ќе донесе одлука со која ќе препорача или дури и ќе забрани одржување масовни јавни собири во наредните денови поради коронавирусот, најавува за “360 степени”извор од извршната власт.
Инаку денеска 28.02.2020 година во 12 часот Советот на општина Прилеп ќе ја одржи 41-вата Итна седница со една точка на дневниот ред: Предлог одлука за откажување на 19.Меѓународен карневал „Прочка 2020“.