дома блог страница 2759

(Видео) Американец кој престојувал во Кина не престана да kaшла за време на интервју: Ми рекоа дека сум добро, ова е само нepвоза

Американец кој по престојот во Кина бил ставен во kapaнтин, не престанал да kaшла во текот на телевизиско интервју.

Френк Вуцински живее во Кина повеќе од 15 години, а тој и неговата сопруга, која е кинеска државјанка, живееле и работеле во Гуанжу.

Така било се додека пред три месеци не се преселиле во Byxан за да се грижат за таткото на неговата сопруга, откако починала нејзината мајка. Таткото на крајот починал од kopонавирycoт.

Вуцински во гостувањето во Fox News рекол дека американските служби ги раздвоиле него и ќерката при доаѓањето во американската воена база Мирамар во Јужна Калифорнија.

“По неколку дена Анабел само се искашла пред персоналот. Ни предложија да одиме на лекар, а таму ни кажаа дека мора да се вратиме во изолација во детската болница”, вели Вуцински.

Додал дека таквата ситуација траела три дена, а сите тестови на крајот биле негативни. Меѓутоа, Вуцински во еден момент почнал да kaшла. Рекол дека тоа е од нepвоза.

“Ми рекоа дека сум добро. Два пати сум тестиран и резултатот два пати беше негативен. Оваа kaшлица е веројатно само нepвоза”, рекол Вуцински.

(Фото) Едно од најскапите растенија во светот се наоѓа на Балканот

На западниот дел на војводинската Фрушка гора во Србија за прв пат до сега се пронајдени шафрани, и тоа илјадници, соопштиија од Националниот парк на Фрушка гора.

“Станува збор за шумски шафран “Crocus tommasinianus”. Иако се пронајдени на само едно место, популацијата брои повеќе илјади единки и во моментов се во завршна фаза на цветање”, наведено е во соопштението за јавноста.

Мoтoциклиcт повpeден во cooбpaќajкa во Прилеп

На 28.02.2020 во 08,50 часот било приjaвено дека во Прилеп на ул.„Тризла“ се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат стило“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(35) од Прилеп и моторцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Џ.Ј.(32) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил моторциклистот, по што бил пренeceн во Градската бoлницa Прилеп за ykaжyвање на лекapcка помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Жална Македонијо! Што ли се случува со езерата? (Фото)

Во текот на синоќешниот дуел меѓу Заев и Мицкоски, во контекст на бизнисите на власта и нејзините kpиминали, Мицкоски во еден момент спомена дека по 12-ти април ќе се види и зошто одеднаш речиси сите вештачки езера во Македонија останаа без вода.

Кога се очекуваше за ова да се отвори рзговор во поширока смисла, дебатата отиде во друга насока и разговорот не се прошири.

Со оглед на тоа што истекувањето на водата од хидроцентралите е поврзано со бизнисот со енергетика, се наметнува дилемата што е тоа надвор од природата што ги остави македонските езера без вода, нешто што Мицкоски очигледно го знае или претопставува.

Патем, денес по социјалните мрежи се споделува дека и Дебарското Езеро се повлекува.

Tурција ги отвори границите: Илјадници мигpaнти од Сирија веќе се пред Грција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека границите на Турција кон Европа се отворени за мигpaнтите, а илјадници бегалци веќе сер на границата со Грција.

Изјавата на на Ердоган е прва откако 33 турски војници беа yбиeни во воздушниот напад во Идлиб во четвртокот, по што неколку турски официјални лица изјавија дека Турција повеќе нема да ги спречува бегалците од Сирија кои сакаат да пристигнат во Европа.

„Ние нема да ги затвориме портите за бегалците“, рече Ердоган.

Според него, ЕУ мора да го одржи ветувањето дека ќе и помогне на Турција не само со бегалците, туку и финансиски. Анкара тврди дека ЕУ не го почитува тој договор, склучен во 2016 година.

Според турскиот претседател 18.000 мигранти ја преминале границата кон Грција и тој број ќе расте, пренесува Ројтерс.

На турско-грчката граница, грчката полиција втор ден по ред употребува солзавец против мигрантите…

Само денес девојките можат да им предложат брак на мажите

За денот кој доаѓа само еднаш во четири години постојат многу верувања. Според некои, децата родени на 29 февруари се посреќни.

Во Ир­ска, Фин­ска и во Шкот­ска, пак, же­ни­те само на овој ден имаат уникатна шанса – да им пред­ло­жат брак на ма­жи­те.

Ова верување потекнува од една ста­ра ир­ска ле­ген­да, според која све­та Бри­ги­да, ир­ска ка­лу­ѓер­ка од пет­ти­от век, го за­мо­ли­ла све­ти Па­трик, све­те­цот-за­штит­ник на Ир­ска, да им да­де доз­во­ла на же­ни­те да им пред­ло­жу­ва­ат брак на ма­жи­те, по мно­гу­број­ни­те поп­ла­ки од не­ма­же­ни­те же­ни, чи­и­што дод­во­ру­ва­чи би­ле прем­но­гу сра­меж­ли­ви да ги за­про­сат. Све­ти Па­трик се сог­ла­сил, но доз­во­лил тоа да би­де са­мо на 29 фе­вру­а­ри, од­нос­но ед­наш на че­ти­ри го­ди­ни.

Традицијата поч­на да се при­ме­ну­ва и низ по­ве­ќе­то де­ло­ви од све­тот по фил­мот „Пре­стап­на го­ди­на“ од 2010 го­ди­на, ро­ман­тич­на ко­ме­ди­ја за Аме­ри­кан­ка што па­ту­ва во Ир­ска за да го за­про­си сво­е­то мом­че.

Денеска е 29 февруари, овие нешта сигурно не сте ги знаеле за овој посебен ден

Откриваме зошто секоја четврта година е престапна и што крие 29 февруари.

Една година трае отприлика 365 дена, 5 часа, 45 минути и 46 секунди. Тие додатни 5 часа и неколку минути, за кои никој не сака да зборува, се всушност причина зошто имаме престапна година.

Годината со 366 дена се јавува на секои 4 години, поттикнувајќи ги жените да ги запросат мажите и прави родендените да бидат многу збунувачки за одреден број луѓе.

Но, тоа не се единствени чудни работи поврзани со овој датум. Во продолжение има неколку причини зошто 29 февруари е многу поинтерес отколку сте мислевте.

Зошто имаме престапна година што е тоа „престапна секунда“?

Поентата на престапната година е да помогне во прилагодувањето на грегоријанскиот календар со соларниот календар и да осигура дека на навреме ќе ги прославуваме соларните настани како што се пролетната или есенската рамноденица секоја година. Меѓутоа, дури ни дополнителниот ден во февруари на секои 4 години не може да го осигура точно вклопувањето, поради што научниците понекогаш повикуваат на „престапна секунда“.

Престапната секунда е подесување од една секунда која повремено се применува на координираното универзално време за да се намали разликата помеѓу прецизното време кое го мериме со часовниците и непрецизното воочено соларно време кое варира поради долготрајното успорување на ротацијата на Земјата.

Како да знаеме која година е престапна?

Многу едноставно: доколку последните две цифри од годината се делат со 4 (на пример 2016, 2020, 2024…) тогаш е престапна година. Годините кои означуваат крај на век се издвоени од ова правило. Тие мора да се делат со 400 за да бидат престапна година. Значи 2000 и 2004 се престапни години, но 2100 нема да биде.

Зошто жените ги запросуваат мажите баш на 29 февруари?

Откако папата Гргур XIII со указ го прогласил грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата за додавање на 29 февруар на секои четири години изгледала како смешна, што во британскиот театар направиле комична претстава во која се истакнувало дека жените на тој ден би требало да ги заменат здолништата за панталони и да се однесуваат како мажи. Претставата е означена како сатира, но тогашните феминстки биле испирирани, до 1700 година жените го користеле 29 февруари за да им предложат брак на мажите. Традицијата, која денес се нарекува „Bachelor’s Day“, го достигна врвот во почетокот на 1900 година и продолжува и денес да се применува во Велика Британија.

Раѓање, но и уште нешто

На светот постојат околу 4 милиони луѓе кои се родени на овој ден. Веројатноста дека некое бебе баш на 29 февруари е 1:1.500.

Луѓето кои се родени на 29 февруари имаат проблем со одбележувањето на својот роденден, но се случува и некој да умре баш на овој ден. Според Енциклопедијата на светското наследство, во 1800 – тите, Џејмс Милн Вилсон кој е по потекло Британец, а за време на животот станал и премиер на Тасманија „роден е на престапен ден и умрел токму на тој ден“. Вилсон умрел на 29 февруари 1880 година, на неговиот „17“ роденден, односно кога имал 68 години во регуларни години.

Попусти на 29 февруари

Во многу држави продавниците даваат големи попусти токму на овој ден. Затоа обрнете внимание, тоа може да се случи и кај нас, па ќе може да си го купите она што сте го сакале по многу поволни цени.

Слушнете ја песната на Сашко Коцев за Кики и Фрики (Видео)

Според она што излегува како инсерти на социјалните мрежи од најновото издание на “Златна бубамара на популарноста”, публиката очигледно уживала во прекрасно шоу.

Сашко Коцев очигледно не му простил на никого, па растурал на сцената, а во песна ги сместил и познатите псевдоними Кики и Фрики.

Погледнете дел од една од неговите изведби:

Ни останува со нетрпение да го очекуваме телевизиското издание на Бубамара и да уживаме во секогаш возбудливото шоу.

“Двојазичните табли во Прилеп да се вадат, кажа Заев на дуелот со Мицкоски?” (Видео)

На синоќешниот ТВ дуел помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски го праша Заев зошто во градовите каде нема соодветна процентуална застапеност на албанско етничко население, или воопшто нема Албанци, се поставуваат двојазични табли на институциите.

На ова Заев одговори дека била направена грешка, а Мицкоски му посочи примери дека истото се случува во Прилеп, Кочани, Струмица…

Заев рече дека била направена грешка и се тргале или ќе биле тргнати таквите табли, а Мицкоски додаде дека не е една грешка и дека таблите не ги отстрануваат институциите, туку дека граѓаните ги кршат.

Инаку во Прилеп двојазични табли добија Центарот за социјални работи, како и Фондовите за здравство и пензиско и инвалидско осигурување.

“Брендиран поклон за Заев од Мицкоски: Го праша дали не го сака оти е празен?”

Вечерашниот ТВ-дуел меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев заврши во духот на христијанскиот празник Прочка, кој се празнува в недела.

Иако лидерите требаше да си простат, тие си разменија подароци. Заев му подари на Мицкоски значка со знамињата на НАТО и Македонија, но Мицкоски ја искористи моменталната состојба во каква живеат граѓаните откако е Заев на власт, па на соперникот му подаде празен паричник од марката „Луј Витон“. Сепак, Заев не си замина со паричникот. Тој му го врати подарокот на Мицкоски, зашто „Луј Витонот“ беше празен.

-Ова е само празен, не е полн паричник, но е ова е во духот на тоа во каква живее државата. Состојбата во која живее Македонија под вас, потенцираше Мицкоски, кој го потсети Заев дека народот нема да му прости на изборите на 12 април и ќе го казни за катастрофалната ситуација во кое ја доведе државата.