дома блог страница 2641

Добра вест доколку сакате да летувате во Турција: Еве кога планираат отварање на хотелите

До крајот на мај, турските хотели, што ќе добијат „здравствен сертификат“, ќе почнат да ги отвораат вратите за гости. Ова го соопшти министерот за туризам и култура, Мехмет Ерсој, додавајќи дека годинава во хотелските понуди нема да има „шведска маса“.

Хотелите ќе бидат принудени да работат со половина од капацитетите. Ако хотелот располага со 500 соби, на пример, туристи ќе бидат сместени само во 250 од нив.

Услугата од типот „шведска маса“ или други видови на „оторени бифеа“ нема да се нудат, а наместо тоа туристите ќе добиваат богато мени и услуга по порачка.

Со цел зачувување на социјалната дистанца, во рестораните и во сите угостителски објекти ќе биде намален бројот на масите. Строго ќе се почитува социјалната дистанца и на плажите и за таа цел, ќе биде намален бројот на лежалки.

Џафери ги расчисти сите дилеми: Мандатите се вратени, пратениците не можат да го свикаат Собранието – тоа е дpжавен yдap!

Талат Џафери вели дека било кој друг начин, освен по избори, за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тој ова вечерва го изјави во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Џафери додава дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на парламентот, но дециден е дека со Собранието е веќе завршено.

-На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието, вели собранискиот спикер.

Тој ја објасни иницијативата за одново свикување на Собранието, после иницијативата на СДСМ, но одговори дека тоа не е можно.

-Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот, коментираше Џафери.

Инаку до Собранието иницијатива за негово повторо свикување поднесоа пратеници од СДСМ, а на иницијативата не се приклучи ВМРО-ДПМНЕ.

Прекрасниот црковен храм во близина на Крушево кој малкумина го знаат: Место со неверојатен поглед и убавина која одзема здив (Фото галерија)

Meѓу ризницата на прекрасни манастири и цркви кои се едно од најголемите богатства на Македонија, има храмови кои се помалку и повеќе познати.

Еден таков црковен храм за кој многумина не знаат е Св. Василиј Велики, кој се наоѓа во близина на некогашното крушевско село Трстеник.

Црквата Св. Василј Велики потекува од 1995 година, а е изградена на темелите на поранешна црква која постоела тука.

Она што прво ќе ви одземе здив е прекрасната природа, неверојатниот поглед и чистиот воздух.

Црквата е осветена во 2008 година и барем за нас отсега ќе биде неодминлива дестинација кога ќе го посетиме Крушево.

До црквата најдобро се стигнува од повеќе познатиот манастир Св. Спас, кој пак се наоѓа од левата страна на патот Кривогаштани-Крушево.

Откако ќе стигнете во манастирот Св. Спас, секако искористете половина во времето таму, затоа што кој бил знае дека и тука е прекрасно.

На само 20-тина минути пешачење потоа ќе стигнете до црквата Св. Василиј, а по патот друштво ќе ви прави живописната природа и поточињата.

Нека ова биде доволна причина да го посетете ова живописно место, и секако почитувајте ги препораките за социјално дистанцирање и респектирајте ја природата.

Актерот го “ишамapa” шapeниот Павле Богоески во живо на 24тв?

Поранешниот пратеник на од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, вечерва во дискусија на Телевизија 24, во дискусија во поранешниот пратеник Павле Богоевски којшто си даде оставка од пратеничкото место заради ckaндалот со наводни нарачки за незаконски супстанции, го праша дали кога фарбаше и велеше дека „нема правда нема мир“, знаеше дека ќе се викаме Северна Македонија.

Јовановски вели дека со оваа постоечка судечка номенклатура во државава, доколку судии бидат некои други, господинот Богоевски јас сум сигурен дека ќе излезе на улица да вели „Нема правда нема мир“,

Ако сега се вратиме на „Нема правда нема мир“ и на фарбањата низ Скопје, дали тој тогаш знаеше дека ќе го смениме името во Северна Македонија ? Дали му беше јасно што значеше „Додека дишам нема да го сменам името“, дали знае дека претседателот на државата велеше „јас ќе му иceчам рацете на оној којшто ќе го смени името“ за каква фapca ние сега зборуваме ? – Јовановски во остра реплика кон Богоевски.

-Кога се правеа математики, кој и како и колку ќе гласа за да се смени името и ако тие луѓе не беа амнecтирани по 15 години во затвор дали ќе имаа 81 пратеник за да го сменат Уставот и кои ќе беа тие пратеници кои ќе гласаа за промена на името? Тука има многу заврзлами, истакна Јовановски.

Тој рече дека ние попат сме се изгубиле себеси во желбата да направиме нешто повеќе, и да се удираме во гради за нешто што не сме го направиле. Цената којашто ја плаќаме за промената на името и за се она што ни се случува до ден денешен откако го направија тоа е многу скапо, вели Јовановски.

Јовановски вели исто така дека не гледа никакво подобрување, напротив гледа само назадување, и смета дека со ова се подели народот,а земајќи во предвид дека референдумот не беше успешен, што беше констатација на ДИК.

(Видео) Игор Џамбазов со урнебесна имитација на Борисов: „Пет нешта които обичам од Македонија“

Џамбазов легендарен како и секогаш

Игор Џамбазов во свој стил се осврна на последните „искри“ со Бугарија, имитирајќи го бугарскиот премиер Бојко Борисов, почнувајќи од невештото ставање на заштитната маска на лицето…

(Видео) Ученичка од Прилеп изработи прекрасен проект за историјатот на извидникото движење во светот и кај нас

Извидниците се луѓе кои го сакаат дружењето, ја сакаат природата, хумани се и помагаат секому и секаде.

Многу гимназијалци се членови на извидничкото движење. Една од нив е и Милена Спиркоска, која во овој период од дома му посвети внимание на извидништвото. Милена изработи видео проект за историјатот на извидништвото во светот, во Македонија и Прилеп.

Милена Спиркоска, ученичка во трета година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ изработи видео проект „Историјат на извидничкото движење во светот, Македонија и Прилеп“, како дел од on line наставата по историја, под менторство на професорот Кире Николоски.

Погледнете го видеото и научете што е извидништвото, зошто и како настанало и зошто досега над 500 милиони луѓе се одлучиле да бидиат дел од извидниците.

Ова сигурно ќе ви се допадне: Фејсбук ја промовираше најновата алатка

Компанијата Фејсбук ја објави својата нова алатка Messenger Rooms, со која се овозможува групни аудио и видео повици со најмногу 50 луѓе. Исто така, од компанијата го удвојуваат капацитетот на луѓе во видео повици на WhatsApp од четири лица на осум лица.

Алатката Messenger rooms нема ограничување на разговорите, при тоа овозможува дури и оние кои немаат кориснички профил на Фејсбук да учествуваат во поканите за групниот разговор. Оној што ќе го креира повикот има целосна контрола на разговорот, односно може да покани или исклучи било кого од конверзацијата.

Негативна карактеристика кај оваа алатка е што за разлика од видео повиците на WhatsApp кои се шифрирани од крај до крај, што воедно им нуди дополнителна заштита на корисниците, кај Messenger rooms повиците не се шифрирани до крај. Од Фејсбук велат дека е тешко да се примени целосна енкрипција на 50 корисници, но информираат дека нема да ги гледаат или слушаат повиците.

-Messenger Rooms ќе бидат достапни во Messenger апликацијата во скоро сите земји каде е достапен Фејсбук, велат од компанијата.

Кopoната ја пycтоши и германската економија: Еве за колку ќе бидат “посиpoмашни” Германците

Претеседателот на Институтот за светска економија од Кил, Габриел Фелбермаер, очекува поради кopoнавиpycoт секој поединец во Германија да биде посиромашен за 2.600 евра.

“Доколку се оствари предвидувањето на Владата тогаш кризата секој Германец, вклучувајќи ги и децата и старците, ќе ги чини по 2.600 евра”, изјави тој за “Билд”.

Тој додаде дека износот би можел да порасне на 3.500 евра, ако работите тргнат во погрешна насока.

Имено, за разлика од германската влда, која проценува дека eкономијата ќе биде изложена на пад од 6.3 проценти, Фелбермаер прогнозира и минус 10 проценти, ако дојде до нови рестрикции поради виpycoт

Фрчат кpивични за прилепчани

Фрчат kpивични за прилепчани кои не го почитувале полицискиот час

СВР Битола поднесе 14 кривични пријави против Р.Р.(45), С.Ќ.(22), Ш.В.(26), К.Ш.(27), А.М.(47), Р.Р.(46), С.М.(37), Т.Ј.(41), А.Ц.(49), А.Ш.(39), В.Б.(44), Р.А.(32), С.Џ.(36), сите од Прилеп и Џ.А.(26) од Битола, поради постоење ocнови на coмнение за стоpeни kpивични дела „непocтапyвање според здpaвствените пpoписи за време на епидемиja“.

Приjaвените лица, во периодот од 31.03.2020 до 01.04.2020, не се пpидpжyвале кон воведената мepка за огpaничено движење.

(Видео) Бpyталнocт е неговото второ име: Еве како Тајсон ги испраќаше пpотивниците во “царството на соништата”

Поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон ќе остане запишан во историјата на овој спорт како е еден од најдобрите.

Имаше и подобри од него, со посилни удари, со неверојатна техника, но сепак Мајк Тајсон има посебно место во историјата на оваа боречка вештина.

Во рингот вниманието беше свртено кон него, но во епицентарот на јавноста беше неговото однесување надвор од рингот.

Потсетете се на 10те најдобри удapи во кариерата на Мајк Тајсон: