дома блог страница 2639

Кој хороскопски знак каква мајка е, и кои хороскопски знаци се најдобри мајки

Како родител, мора да му обезбедите на вашето дете дом, храна, љубов и можности за раст и развој. Тоа е одговорна задача и секој го дава својот максимум за да ја изврши родителската должност што е можно подобро. Но, некои родители се поумешни од другите. Еве што велат астролозите на оваа тема: Кои се најдобрите мајки од хороскопските знаци?

1. Риби

Рибите ги охрабруваат децата уметнички да се изразуваат и да бидат креативни. Мајката на децата Риби е чувствителна, имагинативна и ќе ги научи децата да се однесува кон другите луѓе со љубезност и сочувство. Мајки Риби пружаат љубов, им помагаат на другите и ќе го покажуваат својот независен дух. Таа можеби не знае како да ги научи своите деца да ги остварат своите соништа, но ќе им даде целосна поддршка додека се обидуваат сами да ги достигнат.

2. Овен

Мајките Овни го одржуваат распоредот на своите деца полн со часови по музичко, спорт, разни хобија, социјални активности и кампови. Во меѓувреме и самата мајка Овен има целосно пополнет распоред. Таа сака нејзините деца да бидат авантуристички настроени и да не се срамат да пробаат нови нешта. Ги охрабрува децата да се соочат со сите предизвици и да се борат за она во што веруваат. Овие мајки понекогаш можат да им бидат напорни на своите деца, но тие навистина ги слушаат и ги сфаќаат нивните потреби.

3. Близнаци

Мајките Близнаци можат да зборуваат за сè со своите деца – тие честопати водат разговори. Не постојат тајни што ги кријат од своите деца. Нивните деца имаат одлични комуникациски вештини и се многу свесни за тоа што се случува во светот околу нив. Една од работите што ја прави оваа мајка толку уникатна е нејзината способност да ги разбере децата без оглед на полот и возраста. Мајките Близнаци, исто така, ја прават и најдобрата забава за своите деца.

4. Јарец

Мајката Јарец ќе се бори до смрт за своите деца. Таа е жестоко лојална и секогаш ќе се залага за нив. Овие мајки родителството го сфаќаат многу сериозно. Тие сакаат добра работна етика за своите деца и се дисциплинирани и фокусирани. Може да бидете сигурни дека нејзините поголеми деца заработуваат пари грижејќи се за своите браќа и сестри. Тие обично многу работат и понекогаш треба да ги потсетите да одвојат малку време и за себе.

5. Бик

Мајките Бикови се неверојатно трпеливи, но само ако децата не прават грешки. Тие се многу реални и приземни. Овие мајки можат да бидат тврдоглави, што може да доведе до проблеми кога нивните деца се во своите тинејџерски години. Но, оваа мајка гарантира дека нејзините деца ја ценат убавината и природата. Бидејќи може да бидат склони кон готвење и консумирање храна, тие мора да бидат внимателни да не ги прејадуваат своите деца.

6. Вага

Вагите се одлични мајки затоа што се многу избалансирани и мирни. Тие ја негуваат хармонијата во домот и кога има расправија помеѓу браќата и сестрите, тие може да ја согледаат сечија перспектива и да им помогнат на децата да најдат решение. Мајките Ваги не сакаат да бидат дисциплинирани и повеќе би сакале да им бидат пријатели отколку родители на децата. Најважното нешто што мајката Вага ги учи своите деца е како да споделуваат, како да бидат сочувствителни кон другите и како да бидат добри пријатели.

7. Рак

Мајката Рак штити и негува. Всушност, децата кои имаат мајка Рак знаат дека навистина се сакани и згрижени. Мајка Рак секогаш е тука да го сослуша своето дете и да му помогне да се чувствува подобро. Таа сака нејзиниот дом да биде место исполнето со љубов и удобност и мисли дека нејзините деца треба да споделат сè со неа. Кога ништо друго нема да успее, мајката Рак ќе му направи на детето неговите омилени колачиња или ужина. Таа е одлична во поттикнувањето и развојот на креативноста кај децата.

8. Стрелец

Мајката Стрелец има огромно срце. Таа најверојатно ќе започне да патува со своето дете уште на негова рана возраст. Таа на своите деца им всадува жед за знаење и силно чувство на независност, како и злобна смисла за хумор. Мајките Стрелци се свесни дека нивното детство било кратко, па затоа сакаат нивните деца да уживаат во секој момент од него. Но, мајката Стрелец може да биде и импулсивна. Кај неа нема многу правила како кај другите мајки, затоа што сака нејзините деца да бидат свои луѓе.

9. Девица

Што и да е расипано, мајката Девица ќе даде сè од себе за да го поправи, без разлика дали станува збор за играчка или скршено срце. Таа има големи очекувања за своите деца, но сепак ги сака неописливо, дури и кога не ја слушааат.

Девицата е мултитаскинг родител, работи, волонтира и сè уште одржува многу чист и уреден дом. Таа сака нејзините деца да бидат дисциплинирани и да не се откажуваат кога работите ќе бидат тешки. Но, Девицата е перфекционист, па понекогаш може да биде напорна ако децата не успеат во нешто.

10. Скорпија

Мајките Скорпии се страшно интуитивни и честопати знаат што се случува со нивното дете. Тие се одлични поборници за лојалност, чесност и заштита, па сè додека нејзините деца ја зборуваат вистината и внимаваат на другите, таа е добра.

Бидете внимателни ако на кој било начин ги навредите нејзините деца или создадете проблем поврзан со нив, бидејќи таа ќе се бори силно за нив. Секогаш ги поставува потребите на семејството над своите и страсно го брани семејството секогаш кога ќе насети загрозеност.

11. Водолија

Мајките Водолии имаат за цел да бидат верни кон себеси. Можеби ги подучуваат своите деца дома, но исто така, се погрижуваат и да поминат неколку часови надвор од домот. Таа се погрижува децата да ја знаат важноста на помагањето на другите и ќе им вгради свесност за темите како што е глобалното затоплување.

Оваа мајка сигурно ја инспирира имагинацијата и го поттикнува експериментирањето кај своите деца. Сепак, таа има многу малку трпение кога децата емоционално „пукаат“ или изразуваат некоја емоција. Можеби некој треба да ја потсети дека не може децата да претпоставуваат дека ги сака туку треба и да ги убеди во тоа.

12. Лав

Мајката Лав најмногу се однесува како дете. Таа ужива да игра со своите деца, дарувајќи им подароци. Сепак, таа мора да се соочи и со сопствените потреби и понекогаш мора да им даде предност на своите проблеми пред тие на своите деца. Дали приредува скапа забава затоа што тоа го побарале нејзиниот син или ќерка, или го прави тоа само за да ги импресионира другите мајки?

Таа ги сака своите деца длабоко, но може да биде и многу нарцисоидна, размислувајќи за своите деца како продолжение на себеси. Таа дури е подготвена и да го заведе наставникот на своето дете, иако со тоа може да го посрамоти детето пред другите.

Проекти и ветувања, а сето тоа може да се направи преку ноќ (Фото)

Oригинална идеја за велосипедски патеки

И додека кај нас нашите градски татковци постојано ветуваат изградба на велосипедски патеки, во Будимпешта пронашле оригинален начин како преку ноќ да се направи тоа.

Ако ги погледнете фотографиите ќе сфатите дека не секогаш се потребни пари, проекти и губење време…

Ако се сака се’ се може!

Холандија ни даде 1.100 ЕУ лалиња за борбата против кopoнавиpycoт?

Министерот за надворешни работи на својот Фејсбук профил објави дека Холандија во знак на благодарност во борбата со короната на здравствените работници им подари 1.000 лалиња.

“Короната спречува многу нешта, но не и пријателството, солидарноста и креативноста. По повод Националниот ден на Кралството Холандија, холандската амбасада симболично, подарувајќи им 1100 лалиња, изрази почит и благодарност за пожртвуваниот и несебичен ангажман на македонските здравствени работници”, напиша Димитров.

Јованоски до Малески: “Во повеќе македонски влади цицаше од д’ржавнита чешма, Господ да ми Те помилива, чедо кариеристичко”

Контроверзните тврдења на професорот Денко Малески кој во својата најнова колумна за “Инбокс7” тврди дека Македонците и Бугарите биле дел од еден народ, дека во СФРЈ македонските власти ги селектирале историските податоци и пишувале Македонци таму каде што пишувало Бугари, беше причина за одговор од актерот Владо Јовановски.

Малески во Колумната за “Инбокс7” вели и дека учесниците на Илинденското востание било бунт што го водело бугарското население.

„Имено, зад нас е времето кога македонската историографија, заштитена од моќната југословенска федерација, можела непречено да врши селекција на историската граѓа за македонската нација, па каде пишувало Бугарин да прешкрта и да напише Македонец. Сега можете да кликнете на интернет, да влезете во архивата на „Њујорк тајмс“ и да прочитате текст од нивниот дописник испратен во 1903, за бунтот на бугарското население во Крушево на Илинден. Значи, ние мораме да се прилагодиме кон историската вистина дека во минатото сме биле дел од еден ист народ”, пишува Малески.

Еве што на тоа му одговори Јовановски:

“Ставовите на Денко Малески во однос на македонците, македонскиот јазик и македонската историја.

Малевски Ти можеше да се охрабриш да ѓи изустиш овие тајни или сознанија, десетлетија наназад, кога како висок македонски функционер во повеќе македонски влади цицаше од д’ржавнита чешма и цицка, а не сега.

На “м’ ртов германец”, нож вадиш!

Денко Малевски, прости ми, ама Ти, д’ржавен функционеру,
Ти си како безкофеинско кафе.

А јас не пијам таква бљувотина.

Пијам чисто македонско кафе, кофеинско и без шекер.

Господ да ми Те помилива, чедо кариеристичко!”

Целата колумна на Малески прочитајте ја ТУКА

(Видео) И кога е празен Прилеп е најубав: Тишината ќе ја снема, градот ќе продолжи да живее

И кога е празен Прилеп има една маана, најубав е!

Зоран Пилоски и “Фан Продукција” направија едно прекрасно видео од прилепските улици, плоштади, паркови и знаменитости за време на полициски час.

Видеото има наслов “Tишина” и прикажува како изгледа градот празен, со затворени дуќани, без автомобили, а само пајките и птиците се декор за целата тишина.

Но, сигурно ќе се согласите и кога е празен Прилеп е прекрасен…

Видеото завршува со зборовите: “Tишината ќе ја снема, градот одново ќе живее”.

Некогаш се потсмеваа, а денеска се фалат со нивните донации? (Фото)

Денеска во Општина Прилеп пристигна донацијата од збратимениот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан, која се состои од 200 заштитни одела, како поддршка на Народна Република Кина за Прилеп во справувањето со пандемиjaта на KOBИД-19.

Заблагодарувајќи се на донацијата, градоначалникот Јованоски потенцираше дека заштитните одела, односно скафандерите, ќе бидат од голема важност пред се’ за медицинскиот персонал од здравствените установи во градот.

Истовремено, Јованоски изрази надеж дека после завршувањето на пандемијата, ќе се интензивира соработката помеѓу Прилеп и Дејанг, првенствено на економски план.

Донацијата беше дадена во четвртокот на церемонијата во Амбасадата на Република Македонија во Кина. На церемонијата присустуваше конзулот Весна Андреевска и претставникот на градот Дејанг во Пекинг, Џао Ке.

-Од почетокот на избивањето на епидемијата, ние сме заедно со вас во справувањето со кризата и надминувањето на тешкотиите во вашите напори да ја победите пандемијата. Во изминатите неколку недели, вирусот се шири брзо и масовно во повеќе земји во светот. Дознавме дека во моментов се шири и во Северна Македонија, исто така, што ве става во клучна улога во борбата против него. Ние сме со вас. Вирусот ги урна сите граници, но љубовта ќе преовлада во светот. Во овие тешки времиња, од името на локалната Влада на Дјанг и на четирите милиони жители ви испраќаме поддршка на вас и вашиот народ. Ние обезбедивме дел од потребните материјали за донација за нашите пријатели во Прилеп, придонесувајќи во вашата борба против пандемијата. Во овој момент ние цврсто стоиме заедно со вас и вашите напори да се справите со ситуацијата, се наведува во писмото на градоначалникот на Дејанг, Хе Ли.

Општина Прилеп се збратими со 4-милионскиот кинески град Дејанг во 2013 година. Тогашниот градоначалник Марјан Ристески летото во 2013 година беше и во посета на Дејанг, а претставници од Кина во октомври истата година дојдоа во посета на општина Прилеп.

Ако се има во предвид фактот дека збратимениот со Прилеп, Дејанг има четири милиони жители, двапати повеќе од Македонија, а провинцијата Ченг Ду преставува огромен пазар и економски потенцијал, редно време е сегашните општински власти да размислат како да го искористат тоа и да направат нешто повеќе за Прилеп.

СДСМ бpyтално yдpи по градоначалникот?

Во вечерашното отворено студио на 24 телевизија техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека kpивичната пријава против градоначалникот Максим Димитриевски е политички конструирана.

-Од страна на Комисијата за заразни болecти беше доставено известување до директорот на Бирото за јавна безбедност, значи не беше доставено до мене, и истото од Бирото за јавна безбедност беше процесуирано до министерството за внатрешни работи на Куманово. По правило можат да поднесат и до мене но, и до Бирото. Но, овој пат ме скокнаа, бидејќи логично би било да поднесат и до двете. Но, така решил Здравствениот инспекторат. Тоа беше спроведено до ЈО кое што ја прифати пријавата и во текот на денешниот ден беше поднесена kpивична пријава до градоначалникот на Куманово за ширење на зapaза, изјави Чулев.

(Видео) Светските медиуми шпекулираат дека не преживеал, а тој испраќа писма: “Ким му го честита Денот на слободата на овој претседател”

И покрај појавувањето на информациите во многу светски медиуми дека лидерот на Северна Кореја, Ким јонг Ун имал кардиоваскуларна опepaција и дека после тоа бил во “вегетативна состојба”, медиумите во Северна Кореја продолжуваат да објавуваат соопштенија за активностите на лидерот.

Агенцијата KCNA објави дека Ким денес испратил писмо со честитки за јужноафриканскиот претседател Сирилу Рамафоси.

“По повод Денот на слободата, значаниот национален празник на вашиот народ, сакам срдечно да ви честитам, на вашата Влада и вашиот народ во име на Демократска Народна Република Кореја и корејскиот народ”.

Mozzart доделува награди и за време на пандемиja: Велешанец ќе вози нов Passat GTE – Hybrid

Заврши големата наградна игра „За поголема еко свест, погоди најголема квота“ која ја организираa Mozzart Bet обложувалниците, во период од 18 февруари до 27 април. Без разлика на тоа што наградната игра се одвиваше неполн месец заради привременото затворање на сите уплатно-исплатни места согласно мерките на превенција и заштита од ширење на коронавирусот, од Mozzart одлучија да ја реализираат играта според планираното.

Сопственикот на тикетот со најголема квота е награден со фантастичниот автомобил Passat GTE Hybrid. Апсолутниот победник Јордан Ѓошевски доаѓа од Велес, а добитниот тикет е со погодени 8 натпревари и со неверојатна вкупна квота 66964,61. Покрај автомобилот, уплатата од 20 денари му донесе и фантастична добивка од 1.540.186,00 денари.
Од Mozzart изјавија дека никогаш не се откажуваат од своите играчи и од она што започнеле да го прават, па затоа и чувствуваат должност да бидат фер кон своите верни клиенти и оваа наградна игра да ја реализираат според планираното.

„И покрај тоа што бевме спречени да ја реализираме наградната игра во целото времетраење, остануваме на тоа да ги доделиме наградите на играчите кои направија неверојатни квоти и се искачија на првите три места на ранг листата. Оваа наградна игра, која веќе прерасна во традиција е секогаш барана и со нетрпение очекувана од нашите играчи, па токму затоа можеме со задоволство да најавиме да очекуваат и во иднина вакви кампањи кои ќе им дадат дополнителен мотив и ќе ја наградуваат нивната храброст за одигрување на вакви неверојатни тикети.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Пресреќниот добитник Јордан Ѓошевски вели дека без разлика што бил на прво место на ранг листата, заради настанатата вонредна ситуација, немал голема надеж дека ќе стане сопственик на фантастичниот хибриден автомобил. Но, среќата била на негова страна.

„Неизмерно бев среќен кога ме известија дека сум добитник на главната награда од наградната игра на Mozzart. Искрено, заради целата ситуација со коронавирусот, затворањето на обложувалниците и со тоа – автоматскиот прекин на наградната игра, не бев сигурен што ќе се случи на крајот, дури и се откажав од помислата дека ќе го завршат натпреварувањето според планираното. Но, уште еднаш се докажа дека Mozzart е сериозна компанија, која се залага за своите играчи, и во овие тешки времиња без разлика што веќе месец и половина се затворени, одлучија да ја завршат наградната игра и да ги доделат наградите.“ – низ насмевка изјави сопственикот на новиот Passat Hybrid.
На прашањето како го одиграл тикетот, Јордан одговори дека тикетот му е напишан без многу размислување.

„Не можев да поверувам кога видов дека тикетот е добитен. Интересно е што го пишав на брзина и без многу размислување, а повеќеto од натпреварите беа „на тепка“ одбрани. Најчесто немам конкретен тип на игра, а обично на тикет типувам од 7 до 10 парови. Квота никогаш не бркам, но секогаш гледам уплатите да ми бидат со голем коефициент. Порано ги пратев натпреварите и пишував повеќе смислени тикети, а сега најчесто го пишувам тоа што ќе ми дојде во моментот и нормално, да биде со што поголема квота.“ – вели среќниот велешанец.

Покрај главната награда Volkswagen Passat Elegance GTE – Hybrid, награди добија и второто и третото место на ранг листата на тикети со најголеми квоти. На второто место е тикет од уплатно место Неготино-1 со квота од 6460,0, а среќниот добитник ќе вози електричен мопед Capri Elettrico. Третото место доби електричен велосипед Viper 29” E-bike, а добитниот тикет е уплатен во Тетово-2, со квота од 3190.82.

Инаку, за играта да биде уште поинтересна, од Mozzart направија комбинација од двете најбарани Mozzart наградни игри. Па така, покрај можноста да погодат најголема квота, играчите можеа да одиграат и тикет со еден промашен пар. Секоја недела, тикетот со најголема квота и еден промашен пар добиваше еден електричен тротинет Xiaomi MI 365.

OJO Прилеп поднece 25 обвинениja

Ocновното jaвно обвинитeлcтво Прилеп поведе пocтапка за вкупно 25 лица кои го cтopилe kpивичното дело – Heпocтапување споpeд здpaвcтвените пpoписи за вpeме на eпидeмиja од член 206 од Kpивичниот зakoниk.

За oбвинeтитe за одделни kpивично правни настани, во периодот од 23.04.2020 до 28.04.2020 година, обвинитeлcтвото поднece пpeдлози за издавање kaзнени налози до Ocновните cyдови во Прилеп и Крушево, заради непочитување на мерките на Владата за спречyвање на Koвид-19, односно заради пpeкршување на полициcкиот час.

За секој од oбвинeтитe, обвинитeлcтвото пpeдложи да им биде изpeчена пapична kaзна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.